Posts tagged Google Social Network

Google против Facebook, повторно

Да, вечната борба помеѓу Google и Facebook продолжува. Овој пат Bradley Horowitz, Google VP, јавно се потсмева на невкусниот приод кон можностите за огласување на оваа социјална мрежа на Business Insider’s Ignition Conference.

Continue reading

LinkedIn не е загрижен за Facebook

По воведувањето на виралното “endorse” кое се чини дека навистина зема замав и им е интересно на корисниците (во просек има 50 милиони неделно), амбициите и апетитот на LinkedIn за развој стануваат многу големи.

Continue reading

36 “фаци” на Фејсбук

Одамна ја имаме презентацијава на ум, и никако да седне некој од нас да ја пише и сподели. Важно е дека ние се изнасмеавме и одма си ги пронајдовме нашите „фаци“ :).

Има еден куп типови на Фејсбук фанови. Сме се обиделе неколку пати да си направиме категории од фановите со кои сме во секојдневна комуникација, ама си се губиме со под-категории. Секој е различен на свој начин, со различни потреби, но сепак може да се окарактеризираат со по некоја од типовите наведени во презентацијава. Обидете се вие да ги категоризирате вашите фанови, или пак пронајдете го типот кој најмногу одговора на вашите каракетирстики како фан.

И нормално, ве предизвикуваме да ни кажете во коментар во која категорија спаѓате вие :).

На другата страна од интернетот

Во комуниколоагијата обично се вели дека старите медиуми не изумираат, туку остануваат да опстојуваат на различен начин. Овој пост разгледува неколку импресии од секојдневието на оние кои денес не сурфаат на интернет.

Continue reading

#комкаст 20 – Комуникации.нет подкаст

Со огромно задоцнување, пред се затоа што и не бев свесен дека не сме ја објавиле еве ја третата епизода од втората сезоана на конуникации.нет подкастот.

А во неа јас и Мите зборуваме најмногу за новитетите кои ги воведе Facebook, за новиот тајмлајн, за можностите за споделување и ред други ситни детали кои нас ни се допаѓаат или не ни се допаѓаат, вака на прв поглед. Малку зборувавме за WebFest.me и ја спомнавме иницијативата за организрање нов настан за отклучување на нов 4sq беџ.

#комкаст 19 – Комуникации.нет подкаст

Втора епизода од втората сезона и за прв пат оваа сезона сите заедно, јас, Дарко и Сеад. Тоа беше ден за паметење но поради тоа што ние се собравме да за ја снимаме втората епизода од комуникации.нет подкастот туку затоа што Македонија играше против Литванија во четвртфиналето на Европбаскетот и не само што играше туку и победи. Во оваа епизода покрај неизбежната тема за кошарката зборуваме и за дали е дојден крајот на ерата на персоналните компјутери, за извештајот на Nielsen за социјални медиуми, истражувањето кое покажува дека споделувањето автоматски на Facebook или преку клиенти како Hootsuite, TweetDeck и други ја намалува интеракцијата дури за 70% како и за други теми.

Линкови:

Facebook vs TV

Според истражувањето на Expansys британците во просек поминуваат два и пол часа дневно користејќи го Facebook во споредба со ТВ кој го користат со 2 часа

Continue reading

Интегрирана онлајн комуникација за непрофитни организации

Повеќе години сум вклучен во работата на непрофитните организации или кај нас попознати како невладини организации. Од досегашното искуство можам да кажам дека или воопшто или малку ги користат предностите на онлајн медиумите и онлајн комуникацијата (без разлика дали е еднонасочна или двонасочна). Со овој запис сакам да најавам серија од записи кои ќе се однесуваат на тоа како непрофитните организации полесно да ја сфатат предноста на новите и социјалните медиуми и како ефикасно да ги користат. Ќе посветам посебно внимание на употребата на мобилната технологија и кампањи преку споделување на искуството кое го стекнав преку креирање и спроведување на првата глобална СМС кампања во светот за потребите на 350.org. Следниов запис не се однесува на оние кои ги следат овие теми подолги време и се запознати со нив.

Кај нас има организации или поединци од тие организации кои разбираат што значи „статичен веб“, „динамична содржина“, „содржина креирана од корисници“ и „семантички веб“, но многу од непрофитните организации и нивните членови не го зборуваат или разбираат овој јазик. Затоа, ќе се обидам со едноставни дефиниции и интерпретации да кажам што е Web 1.0, Web 2.0 и Web 3.0.

Continue reading

Отворено за приватноста

Како што вели народниот мудрец, „секое лошо за добро е“, па така и немилиот случај со „докторките“ придвижи значајна дебата во Македонија за приватноста и етиката на медиумите, новите медиуми и на општеството во целина. Можеби резултатите за некого сега-засега се скромни, но „црвеното сијаличе“ е вклучено, па третирањето на оваа тема во македонското општество сега е секако на едно повисоко скалило.

Едно од местата, покрај неколкуте други, каде оваа тема беше дискутирана беше и неделникот „Теа модерна“, на кои сме им благодарни за покривањето темата и нејзино приопштување кон нивните читатели.

Теа модерна – Приватноста и медиумите

Како еден вид надополнување на сите овие дискусии, по препорака на Дарко линк до два интересни и содржајни текста токму на овие теми:

– „The Facebook Privacy Debate: What You Need to Know“, (ReadWriteWeb)

-“Facebook’s move ain’t about changes in privacy norms” (Дана Бојд)

Само еден кус пасус, извадок, од првиот посочен текст, како важна порака:

Приватноста секако не се однесува само на чување на нештата во тајновитост, туку и на почитување на контекстот на комуницирањето, и на тоа да не се вади од комуникацискиот контекст она што луѓето го разменуваат и споделуваат. Токму затоа фактот дека „ништо не е тајна на интернет“ е надвор од секаква дискусија“. Кога приватноста е првично зададена (default) мора да се замислите ако сакате тоа да го направите јавно…Во секој случај, денес луѓето се многу посвесни за приватноста од кога и да е.

Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд

Далеку поголем дел од корисниците поблиско им е искуството во одржување на личен профил. Оттаму тие прават профил наместо страница. Па, еве само неколку точки зошто присуството на еден бренд е посоодветно ако е реализирано преку т.н. Facebook Page наместо со класичен профил.

Continue reading

Мала семиотика на Facebook профили

Според класичната поделба на знаците на Чарлс Сандерс Перс (Charles Sanders Peirce) на икони, индекси и симболи, може да се разгледаат и неколку потековни појави, како на пример ставањето на слики/фотографии на профилите на друштвените медиуми, од типот на Facebook и My Space.

Вака гледајќи со „семиотички очила“ сликите кои на пример Facebook корисниците ги ставаат на своите профили можат да се групираат токму според оваа типологија на знаци:

  1. ИКОНИЧКИ ТИП: Слика од себе си во најпортретска смисла:

  2. ИНДЕКСИЈАЛЕН ТИП: По логика на метонимиска блискост или поврзаност, корисниците можат да стават слика од свое дете, внуче, галениче, својата куќа, автомобил, дворот, градот, и слично.
  3. СИМБОЛИЧКИ ТИП:

Третиот тип е оној на арбитрарна поврзаност на сликата и корисникот:

Сега дали има некое подлабоко значење за овој тип корисници преку нивните профил-слики/фотки останува да се истражи.

Facebook бонтон

Веројатно Facebook би бил далеку понеинтересен доколку се почитуваат следниве правила, но секако ова важи се додека не ви се случи лично. Потоа приказната се менува, па затоа еве имај ги на ум препоракиве.

#  Don’t change your relationship status without consulting the other person
1. Не го менувај статусот на врската без консултација со другата личност

#  Don’t post embarrassing photographs of other people
2. Не објавувај фотографии кои може да ги засрамат другите

#  Be discreet when posting massages on another person’s wall
3. Биди дискретен кога пишувате на туѓи (фејсбук) ѕидови

#  Don’t steal other people’s friends
4. Не кради туѓи пријатели

#  Don’t start hate groups
5. Не креирај (фејсбук) групи на омраза

Ако не на тебе, пренеси му ги на некој помлад во твојата околина на нив сигурно ќе им бидат од корист.

Извор на препоракиве е следново видео а јас го најдов на Facebook преку Јован.

Газда Facebook

Се рашири брзо веста дека Facebook направи мали, но значителни, помени во лиценцата. Дамјан на IT.com.mk убаво појаснува за што станува збор:

Досега, правилата и условите гласеа дека откако ќе го откажете својот профил, сите стекнати права над содржините кои ги имате објавено истекуваат. Но последната промена на 4 Февруари над овие правила носи големи промени, а остранети се и неколку клучни делови.

Нити да ми пишат на wall нити да ме известа во Inbox, ништо. Ако не си прочита човек наоколу нема ни да дознае, верувам дека од 150 милиони најмалку 140 се дел од оваа група. Дамјан и појаснил што значи оваа промена:

Со овие нови права Facebook можат да ги користат, копираат, објавуваат, стримуваат, снимаат, јавно објавуваат, пренесуваат, скенираат, форматираат, модифицираат, изместуваат, преведуваат и адаптираат вашите содржини кога ќе им се посака, независно од тоа дали вие сте и понатаму член на сајтот.

А јас го напишав овој пост за да дополнам уште попластично: Тоа значи дека ако некој ден си ја видите фотографијата, уметничкото дело, видеото или личната исповед во некој медиум на некој ѕид или на МТV џабе ќе везете, се е тоа на Facebook и џабе воопшто се замарате да ограничите кој ќе ви го гледа акаунтот. Газда

Фејсбук како вест

Во денешниот свој број, дневниот весник „Вест“ на насловна страница оди со сторија за тоа како домашните политичари го користат убер-популарниот Фејсбук, „Заразени од Фејсбук“:

Continue reading

Facebook баче, попопуларно и од Џастин

„Facebook“ иако не е тотално нов вид на социјално вмрежување (постои од 2004 г.), во неколкуте месеци наназад доживува голем подем во својата популарност, се разбира отсликана преку бројот на корисници и нивната интензивна активност на платформата (повеќе од половина корисници ја посетуваат платформата на дневна основа). Друго мерило за растечката популарност на „Facebook“ е огромниот број на апликации (кои од 24 мај 2007 може да ги креира секој корисник) кои корисниците можат да ги користат преку Facebook. Нивниот број исто така рапидно расте.

Бројот на корисници на Facebook грубо е одреден на цирка 50 милиони (второ место кај платформите за социјално вмрежување, зад MySpace).

Што се можеш да правиш на Facebook? Слајд 6 од оваа презентација, во која се наоѓаат и други корисни информации за овој веб-феномен:

ПС-лични импресии: сложено мени за навигирање низ содржините. Дури пред некој ден го сменија интерфејсот, се уште го проучувам, па за попоткрепен став нешто подоцна. Сега гиковската нација ќе извика дека нема врска, но за еден просечен корисник, менито е троа компликувано. Убаво е што можат многу работи да се споделуваат (слики, видеа, песни, коментари, акции, петиции и сл.), ама има една фина реска граница на приватност која се губи неповратно (преку можноста твоите пријателчиња да ти ја следат активноста на профилот). Вистина, има можности да контролирате кој што гледа, но ако имате 200 контакти, тогаш сето ова малку оди потешко во пракса. Како и да е на Facebook се изнагледав работи што не ми се нешто важни за луѓето што ги знам, но тоа е 🙂
Една пријателка на зезање ставила верена (engaged) и си го загорчила животот: едно 115 пријатели и се налутиле што дознале дека е верена преку Facebook, па дур се објаснила, што е вистина, што не е, уф-уф. Друга работа апликации кои просто ви го преплиснуваат профилот: на пр. „Gorgeous Lovers“ 🙂 како и 99% од апликациите те тера да ја форвардираш, па кога на некој пријател или пријателка ќе им стигне порака од типот „X revealed that you are on of his/hers Gorgeous Lovers“ паѓа или тешка смеа или караница 🙂
Од презентацијата може да се види дека Facebook е финансиски испреплетен со Microsoft, што е еден фин минус. Но сето останато, им е оставено на уживање, и на прилагодување, како и останатите Веб 2 феномени, на самите корисници.
Уште ена по мене важна работа, иако Google предничи според нови модели на рекламно работење, Facebook исто така дава иновативни начини на рекламирање и маркетинг можности…доста е, за сега.

T-Home MK сo реклама на Facebook

Ми требаат 20 клика за да ја добијам книгата :) Јован одлично забележал и изанализирал за рекламирањето на Т-Home на Facebook.

Но денес бев изненаден не само од огласот на македонскиот Телеком на Фејсбук туку и од констатацијата дека и покрај генералните трендови кои се против рекламирање на овакви сајтови, Т-Хоме всушност може да има поголем бенефит отколку просекот, па и да добиеме успешен случај / приказна. Еве на кратко зошто го мислам тоа:

  • Рекламирањето на социјалните мрежи се прави најмногу за брендинг. Телеком континуирано има буџет за овој вид на кампањи.
  • Телеком најверојатно има доставено опсези на ИП адреси (како на нивните така и на конкурентите) и претпоставувам дека кампањата е таргетирана на национално ниво. Со тоа не се губат пари вон границите на пазарот.
  • Посетителите на фејсбук се млади, претежно учени луѓе кои интензивно користат интернет и останати комуникациски услуги.

Пред извесно време читав за порастот на рекалми на Facebook и во Cрбија. Драган имаше наведено неколку едноставни причини (делумно важат и за МК) за зголемениот број реклами:

Razlozi za to su jednostavni:

  • Facebook.com je jedan od najposećenijih sajtova u Srbiji.
  • Kada korisnik koji ima šta da oglašava vidi na Facebook neku domaću reklamu, proverava na koji način da to i sam uradi.
  • Oglašavati se preko ovog servisa je veoma jednostavno, i nije skupo, ako se oglašava po principu plaćanja po kliku. Ovaj sistem oglašavanja je poznat onima koji se oglašavaju preko Google-a, E-target-a i ostalih sistema kontekstualnog oglašavanja.

Рекламирањето на Facbook засега е најефтино по клик, но таргетот тешко се гаѓа. Од скромнотo искуство кое го имам во моментов за во Македонија би препорачал Adwords. Убаво е што и таму може да се одбере локален таргет и да се одберат добри клучни зборови кои кога ќе се ограничат само на посетители од МК, воопшто не чинат многу.

Е сега, тука се јавуава и друг проблем. Каде има вакви реками? Зборувам за сајтови со локална содржина. Колку и да се појавува вашата реклама на сајтови од ахглиско или друго говорно подрачје, сепак голема е веројатноста дека ќе огласувачот ќе посака да се појавуа, по истиот систем на клучни зборови, и на релевантни локални сајтови.

Убаво е што работите се движат напред, и што адвертазинг колачот добива дел за онлајн рекалми, бидејќи токмо тоа беше посочено вчера како важен фактор во развојот на локалните информативни сајтови.

п.с. Ми требаат 20 клика на линкот зад сликат со книгата, за да ја добијам. Ќе ја споделам. Кликај.