Оние кои навистина си ја знаат работата и кои навистина се грижат за своите корисници ќе знаат да ги ценат критиките и да ги искористат на прав начин. Поука од оваа ситуација е дека треба да се осмелиме да комуницираме со луѓето од големите брендови и да ги кажеме нашите интереси, мислења и критики.
Continue readingPosts tagged Google
MULTIVAC во ликот и делото на Google и Facebook?
Приказнава е малку комплексна, па затоа најдобро по ред.
Првин од Дарко (10х) бев запознаен со ова интересно видео чија тема, како и на цел бран критики кон Гугл, Фејсбук Мајспејс, и сл, е загрозувањето на приватноста на корисниците, и како тоа може понатаму да биде злоупотребено:
Потоа листајќи некои записи за Исак Асимов се потсетив на неговиот концепт за „MULTIVAC“, кој се пројавува во неколку негови приказни. Се работи за супер моќен компјутер кој собира податоци за сите можни нешта на планетава, вклучително и луѓето, со цел да ги решава проблемите со кои се соочуваме. Сепак, колку и да е моќен, и интелигентен MULTIVAC е сепак машина која повеќе создава отколку што решава проблеми, и околу тоа и се врти и приказната „Сите проблеми на светов“, на која е и базиран тазе филмот „Eagle eye“ (2008).
Човек не може а да не повлече паралели помеѓу онлајн феномените, во прв ред Google и Facebook и MULTIVAC. Можно ли е тие да прераснат во закана од типот на MULTIVAC? Ако еден ден Гугл и Фејсбук се спојат, или ако веќе некој добие можност да ги користи складираните бази и на двете, тогаш MULTIVAC-от ќе биде повеќе од реална закана.
Компјутерите во училиштата служат за……
Умножување на изворите и нивно воопштување и генерализирање. Не е нова практика во локалните медиуми, константно се повторува но мене сега ми дојде налета пример.
Continue readingGoogle Chrome – промоција во 2 чекори
Новиот интернет прелистувач, од фабриката на Google: Chrome
Continue readingСервиси за веб статистика – споредба
Во многу различни погледи сопствениците на блогови и сајтови се чувствуваат среќни дека користат некој сервис за шпиунирање т.е. за броење на посетите де.
Кога еднаш ќе се искусат благодетите на некој ваков сервис, незамисливо е да се продолжи без него. Како на нитуеден друг медиум, на интернет најефтино, најдиректно и релативно прецизно може да си ја запознае човек своајта публика.
GoogleAnalytics го раздрма пазарот пред некое време, и сеуште трча напред пред конкуренцијата, но тој не е единствениот кој собира голем број на податоци кои ги оставаат посетителите на еден сајт. Јас лично од порано го користам StatCounter и сум сосема задоволен, иако знам дека GoogleAnalytics има некои подобро спакувани опции.
Откривањето на бројот на редовни посетители, времето на задржување, земјата или сајтот од каде доаѓаат посетителите на еден сајт како и ред други податоци може да помогнат многу во оптимизацијата, избор на содржината, уредувачката политика и сл. на еден сајт.
Пред некој ден налетав на една табела во која рамо до рамо се поставени неколку од најпопуларните вакви сервиси. Табелава ја најдов како промоција на сервисот PerformancingMetrics кој го нуди компанијата Performancing. Баш затоа мора да се разгледува со претпазливост бидејќи таа вели дека нивниот производ е најдобар, но не гарантира дека се скриени некои од можностите на другите сервиси.
Во секој случај, добар преглед кој може да помогне во избор на сервис кој ќе ги шпиунира посетителите на твојот блог или веб сајт 🙂
Кликни на табелата за поголема
Кој сервис го користиш ти и зошто баш него?