“I wish I looked like Cindy Crawford“,
Cindy Crawford.
Влијанието на рекламите на нашите претстави за реалноста и светот кој нè опкружува е прилично голема тема која најдиректно го покажува силното влијание на медиумите во нашите животи. За разлика од политичките реклами и кампањи, се покажува дека адвертајзингот повеќе работи на принцип „тивка вода камен рони“ кој многу подлабински ги наметнува своите вредности во секојдневието и вредносниот систем, за добро или зло, сеедно.
Во склад со тоа на овој блог се обидувавме што поквалитетно да ги допреме овие теми (Рекламни трикови, Нападност, принудување и интрузивност, Итно да се прекине со загадувањето од рекламите., Експлоатирачки и неексплоатирачки реклами..).
Уште еднаш во прилог на дебатите на овие теми, малку пост осмомартовски, осврт кон тоа како медиумите влијаат врз оформувањето на претставите за жената. Ако сликата вреди 1000 зборови, тогаш видеото вреди барем десеткратно повеќе. Следува најава на четвртиот видео проект на Jean Kilbourne од серијалот „Killing us softly“ со поднаслов:
“Advertising’s Image of Women”:
На оваа тема во 2005 изработив мини-истражување за типовите на ликови кои доминираат во рекламите кои нашите гледачи ги гледаат. Лично не сакав повторно да ја линкам, но Дарко ме потсети и убеди, а гледам во право бил, па еве ја повторно, со оправдание дека некои работи не се менуваат така лесно и бргу, „Претставување на половите во телевизиските реклами“ (ако не сте по „теоријата“, детали околу самото истражување следуваа од страна 11, па понатаму во текстот):
Ако сте при одреден став на оваа тема, согласен или несогласен, слободно пишете ни во коментарите, однапред благодариме 🙂