Постов сумира и поткрепепува некои од главите причини кои ние мислиме дека ја направија оваа турска серија најпопуларна во моментов во Македонија
Continue readingPosts tagged ??????????????
Хипократ или Хипокрит?
Денес во македонскиот телевизиски „prime time“, македонската телевизиска публика беше сведок на (барем) два контроверзни настани:
(а) известувањето за објавувањето на фотографиите на две медицински лица од Ургентниот центар во Скопје, со слика покрај девојка во бессознание (А1, Канал 5).
(б) интервјуто на Гоце Гиновски (alias Карло Бос) актер во филмови за возрасни, со потекло од Куманово во емисијата „Backstage“ (моментно недостапно онлајн), на Сител 3.
-Во првиот случај се работи за „...скандал на хируршките клиники…фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание покажувајќи на пациентката“ (А1), „скандал на хируршките клиники. Оваа фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание покажувајќи на пациентката.“ (Канал 5).
Според медиумите и коментарите за ова,скандалозно е: (а) егзибиционизмот на вработените медицински лица (објавување на слики на Фејсбук каде се гледа девојка во бесознание), (б) прекршување на лекарската етика (vis-a-vis Хипократовата заклетва, хумано однесување кон пациентите, одржување на честа и благородните традиции на лекарската професија, и.т.н., (в) повреда на приватноста на пациентката (јавно прикажана во состојба на несвесност).
Во што е проблемот?
Вака, народски кажано, тоа ти е како на улица да сретнеш како некој силеџија мава некое немоќно дете, и ти почнеш да го маваш со сета сила и него и детето. Дали е тоа начинот да решите ваква сцена?
Медиумите во овој случај се јавуваат како еден вид „етички агенс“, односно субјект кој претполага на правото да ја алармира јавноста за „неморални дејанија“ што се случуваат околу нас, особено во т.н. јавна сфера (здравство, јавни институции, и сл.), за да истите бидат изложени на увид на јавноста и осудени, а одговорните да преземат мер(к)и кои ќе ги казнат неодговорните, и со тоа ја заштитат јавноста. Во оваа смисла детектирањето и известувањето за овој настан секако е легитимно, потребно и резонира и со наведените ставки во „Кодексот на новинарите на Македонија“ (Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија).
Проблемот е како е тоа направено, и кој се станува жртва на таквиот начин на покривање на вакви настани.
-Веста се пласира како ударна и под термин „скандал“ (А1, К5), со што се потпаѓа кон истата грешка на кои се осудуваат медицинските лица (егзибиционизам е заменет со медиумски егзибиционизам). Во исто време се активира т.н. сензационалистички медиумски механизам (морална паника), која во стилот „Кај отиде светов!!!“ треба сите да не растревожи и да ја драматизира самата реалност.
-Се прекршува сопствената професионална етика (чл.7, Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, чл.8 Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми, итн.), а телото на пациентката е прикажано и зумирано (А1), додека лицата на докторките се засенчени на К5, а целосно прикажани на А1. Јавниот интерес е (=) да се санкционираат медицинските лица со што ќе се заштитат граѓаните од слични идни егзибиционизми, но не и тоа некој на пазар да ги натепа овие две докторки, во некаков револт или освета.
Првото е сосема остварливо ако: (1) се извести за случајот со заштита на идентитетот и на медицинските лица и на пациентката, (2) се пријави случајот до надлежните (Директори, Министерство за здравство, Лекарска комора, и сл.) со целосни материјали кои ќе помогнат да се идентификуваат и санкционираат одговорните, (3) се извести јавноста за (не)преземените мерки.
Јасно ни е, секако, дека се работи за искусни новинари, кои секако ги знаат овие работи, но не ги почитуваат затоа што тоа едноставно не им одговара. Она што им одговара е да се прикажат, покажат и докажат како „агенс на моќ“ (под закрила на „етички агенси“, во овој случај) кој има влијание во општеството, заради кој се менуваат директори, луѓе губат работа, паѓаат министри, паѓаат влади, и сл. Нивниот примарен интерес, затскриен преку дефокусирачки обланди на т.н. „активни идеали“ (етика, јавен интерес, традиција, патриотизам, и сл.) е да ја реафирмираат силата во „седмата сила“.
Останува Клаузевиц-истичкиот заклучок дека, на некој начин, новинарстовото е само политика со други средства.
Во вториот случај се работи (повторно) за таблоидизација и скандализација на тв-публиката. Во ударен термин (19:00ч) при висока веројатност за изложеност на помлада публика, главниот актер на прилогот ги изрекува скандалозните изјави, очигледно прифатливи за уредниците, дека:„неговата цена за една ноќ е 2.000 евра“, „дека спие со 100 жени годишно“, и дека „тие жени се како да спиеш со Елена Ристеска и Каролина наутро, а навечер со посериозна госпоѓа како Калиопи“.
Во секој случај се покажува дека новинарството не случајно се нарекува „седма сила“, која во најголем број случаи е заинтересирана само да ја генерира и репродуцира својата сила и да ја трансформира во материјални средства преку (из)форсираната гледаност, за која секако на олтарот на прокламираниот јавен интерес и етика, мораат да паднат жртви, но некогаш и токму самиот јавен интерес и етика.
Не знам дали ќе ни биде среќна новава година со нашите медиуми, но секако ќе биде весела.
А1 максимум 2

По повод 10 годишнината од постоењето на Младински образовен форум (МОФ), двајца членови од Центарот за нови медиуми, Дарко Булдиоски и Анастас Вангели учествуваа на дебата на тема: Новите медиуми ќе ги победат традиционалните. Дарко и Анастас беа афирмативниот тим додека Борјан Јовановски од А1/А2 и Владимир Галевски од Форум беа тимот кој ја негираше тезата.
Уште на самиот почеток Анастас дефинираше што за нив значи победат: „Победата на новите на традиционалните медиуми не значи дека телевизијата, радиото и весниците ќе исчезнат како форми, туку дека ќе мора да се прилагодат на новите услови во медиумската екосфера наметната токму од новите медиуми.“
Аргументите со кои настапија Дарко и Анастас беа следниве:
- Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се похумани по својата форма. Новите медиуми се управувани од сите нас и се на сите нас, додека традиционалните медиуми се во рацете на избрана елита и за влез во нивниот свет постојат многу повисоки бариери. Затоа традиционалните медиуми се приморани да се отвораат или во македонски услови допрва да се отворат.
- Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се попродуктивни. Кај традиционалните медиуми содржината ја создаваат ограничена бројка на луѓе, додека кај новите медиуми големиот број на корисници се оние кои создаваат содржини. Пример: На YouTube за неколку месеци се качува содржина која е повеќе од тоа што било прикажано на ABC, CBC и NBC заедни во последниве 60 години.
- Новите медиуми ги победуваат традиционалните медиуми затоа што се целосно прилагодливи на потребите на публиката. Кај традиционалните публиката е оставена со ограничен избор, а воедно и пасивизирана. Кај новите медуми пасивноста е сведена на минимум, секој сам ги бира содржините кои го интересираат со што се минимизира можноста за досада, на пример интервјуто на премиерот од 3 саати може да го прегледате за 5 минути, а доколку ништо не ви се допаѓа имате можност самите да ги креирате содржините.
Заклучок кој го даде Анастас на крајот од својот говор предизвика и најголема реакција кај публиката изнудувајќи аплаузи: „Ние веќе може да говориме дека новите медиуми им ја имаат свиткано раката на традиционаланите медиуми туркајќи ги кон забрзано трансформирање. На крајот на краиштата Форум ќе мора (м.з. Владимир Галевски е од Форум) многу повеќе да се потруди за да си го оправда името во дигиталниот свет, а Борјан ќе си остане на фреквенциите на А1 максимум 2. Од друга страна пак додека трае дебатава само Мите, сподели неколку фотографии, видеа и твитови.“
На ова следуваа аргументите (м.з. повеќе нафрлени мислења отколку структурирани аргументи) на негативниот тим изнесени преку Борјан. Тој призна дека новите медиуми чепкаат теми кои што традиционалните медиуми не ги разработуваат, но дека никаде не биле цитарани што значи дека содржината на новите медиуми не е доволна квалитетна. Вториот аргумент на Борјан всушност беше само една бројка која укажуваше на тоа дека луѓето се уште најмногу се информираат од телевизијата, околу 70% додека YouTube се уште било играчка.
На ова Дарко одговори дека е вистина дека содржините од новите медиуми малку се цитираат но тоа не е поради тоа што не се квалитетни туку затоа што традиционалните медиуми одлучуваат да си ги преземат во целост без при тоа да наведат извор. Наведи неколку примери од домашната блогосфера и некои регионални и меѓународни примери.
После ова следуваше говорот на Галевски кој повеќе беше предупредувачки да не се заборавиме и оттуѓиме едни од други поради новите технологии.
Поради тоа што на твитер ме запрашаа да објаснам зошто сум рекол дека Дарко и Анастас победија еве го моето образложение:
- Структуирани аргументи кои се движеа во рамките на дефиницијата кој ја дадоа на самиот почеток.
- Недоволно организирани напади на негативниот тим врз аргументите на афирмативниот тим без притоа да дадат свои сопствени аргументи кои подоцна ќе требаше да ги побиваат афирмативците.
- Афирмативците работеа како тим, додека негатвиците имаа индивидуални настапи и нафрлања на мисли.
Агенда сетинг-МК
Многу се „радувам“ кога на македонските медиуми информативните емисии ќе започнат со некоја важна вест од светот. Се разбира причините се што се тоа најчесто примери за кои како „граѓани на светот“ требаме или мораме да бидеме свесни, а згора на тоа мене лично ми индицира една попрофесионална состојба на дел од новинарството и едноставно надминиување на малоѓраѓанскиот журнализам во кој нѐ интересира само сопствениот двор (види Ѕинго-Величе Star Wars серијалот).
Токму на таа тема, „се израдував“ кога видов дека вечерните вести на А1 (12.12.2008) започнаа со информација за „излевањето на реката Тибар кон брегот на градот Рим“. Добра информација си викам и бидејќи живееме во хипер-поврзан свет веднаш што чат, што маил, праашуваш луѓето што ги знаеш поврзани со Рим, во Рим или просто од Италија, што е работава. И на крајот на краиштата криза да, но во реалноста далеку од драматично за да биде топ вест од таков вид.
Башка на ниту еден поважен сервис за вести немаше во поважните вести за ова, дури на „вторите страници“ на сајтовите барем.
И што е сега причината за вакво редење на вести? Дали снемало скандали, дали соодветната редакција сака наменски да го поткрене нивото на својот информациски дијапазон (и да се воздгине над конкуренцијата од Сител со која се „закрвени“) или не знам што и да е, но не е баш „кул“ морам да признам.
Во генерална смисла, по мене, се работи за еден посистемски проблем, кога се обидува кај нас да се спроведе некоја замисла или општо правило заради подобрување на квалитетот на програмата се промашува во делот на реализацијата, и тоа прилично. Советов би бил дека во секоја фаза од некоја замисла мора многу да се внимава, а во овoј случај се рбаоти за агенда сетинг или редење на вестите според важноста.
Исчекори…
Да не испадне дека на блогов само се мрчело и критикувало, но и со вистински искрен повод, три работи за пофалба кај домашните електронски и онлајн медиуми од минативе неколку дена/недели:
- Вестите на ТВ Алфа: фини, уредни, професионални, средени прилози, најчесто со разработена
ударна вест, со елементи на истражувачко новинарство, што за брз медиум како што е телевизијата е навистина достигнување. Без ефтин скандализам и мелодраматика, јас како гледач навистина не мора да знам за секое педофилство и самоубиство во државата, така што овие работикои директно не не засегаат најчесто не се во нивната ТВ агенда, па вестите се долги 20-тина минути.
- Вестите на А2 ТВ: Кога ги видов новинарите кои се префрлија во А2 погрешно претпоставив дека тоа ќе
бидат истите тв ѕвезди на различна ТВ. Но, да не ти било така, на општо добро. Се гледа дека екипата игра поинаку, и ги реализира вестите на поинаков начин, кој е освежување на нашиов домашен „пазар“. Со слични моменти како и погоре, посредени прилози, добро елаборирани ударни теми, гости без политичка агенда, понепосредни прилози, и помалку „конвенционално политичко дрвење“. Се надевам дека уредниците ќе разберат дека што помалку има политички фаци по вестите, а повеќе вистински живот, прилозите ќе им бидат погледани.
- ОН нет: Мала иновација, но за мене така битна: линк до оригиналната вест. Супер. Мала забелешка е дека малку линковите рандоматично ги фрлаат на секакви зборчиња (сврзници, партикули, заменки 🙂 но ова е формална забелешка, не е нешто што го менува позитивниот впечаток.
Се надевам дека овој позитивен впечаток ќе го задржат, но и надградат.
Што може да се очекува од А1.com.mk
Листа на предлог идеи, не забелешки со кои може дас е дополни во иднина содржината и структурата на, веројатно, најнапредниот македонски сајт за вести. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат.
Continue reading