Линкот до овој документарец на „Discovery“ го собрав некаде по социјалниве сервиси, ама сега да пукнам не можам да се сетам каде точно. Затоа нека ми прости оригиналниот откровител на истиот затоа што не можам му припишам кредити и да се заблагодарам, но кога е за општо добро, не е страшно.
Се работи за документарецот „The True Story of the Internet – People of Power“, топла препорака (освен за водителот кој тотално ми оди на нерви со својата хипер-гестикулација, но сепак вредеше да се додржи до крај на филмов).