Posts tagged interview

Медиуми ли се медиуми?

ДЕФИНИЦИЈА:

Медиум – Средство за масовна комуникација кое служи за информирање на јавноста.

Ако ја земеме оваа дефиниција (една од многуте) како образец да видиме што тоа кај нас се нарекува медиум, испаѓа дека многу од нив и не се баш медиуми. На повеќето не им е гајле за јавноста и нејзините интереси, а уште помалку за тоа професионално да ги информираат, а овие да имаат некој аир од тоа. Некои се далеку од масовни, а некои наместо информации пласираат зафрканции или трошки од информации забиберени со еден тон бизарности или тривијалности.

Како-и-да-е, низ локални искуства може да предложиме една структурна класификација која е далеку поверодостојна во однос на она што овие јавни колективи прават кај нас, сега и овде. Кој каде спаѓа и припаѓа одредете сами (а некои и ќе се препознаат, безбели 🙂

А1 максимум 2

Центар за нови медиуми во акција

По повод 10 годишнината од постоењето на Младински образовен форум (МОФ), двајца членови од Центарот за нови медиуми, Дарко Булдиоски и Анастас Вангели учествуваа на дебата на тема: Новите медиуми ќе ги победат традиционалните. Дарко и Анастас беа афирмативниот тим додека Борјан Јовановски од А1/А2 и Владимир Галевски од Форум беа тимот кој ја негираше тезата.

Уште на самиот почеток Анастас дефинираше што за нив значи победат: „Победата на новите на традиционалните медиуми не значи дека телевизијата, радиото и весниците ќе исчезнат како форми, туку дека ќе мора да се прилагодат на новите услови во медиумската екосфера наметната токму од новите медиуми.“

Аргументите со кои настапија Дарко и Анастас беа следниве:

  1. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се похумани по својата форма. Новите медиуми се управувани од сите нас и се на сите нас, додека традиционалните медиуми се во рацете на избрана елита и за влез во нивниот свет постојат многу повисоки бариери. Затоа традиционалните медиуми се приморани да се отвораат или во македонски услови допрва да се отворат.
  2. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се попродуктивни. Кај традиционалните медиуми содржината ја создаваат ограничена бројка на луѓе, додека кај новите медиуми големиот број на корисници се оние кои создаваат содржини. Пример: На YouTube за неколку месеци се качува содржина која е повеќе од тоа што било прикажано на ABC, CBC и NBC заедни во последниве 60 години.
  3. Новите медиуми ги победуваат традиционалните медиуми затоа што се целосно прилагодливи на потребите на публиката. Кај традиционалните публиката е оставена со ограничен избор, а воедно и пасивизирана. Кај новите медуми пасивноста е сведена на минимум, секој сам ги бира содржините кои го интересираат со што се минимизира можноста за досада, на пример интервјуто на премиерот од 3 саати може да го прегледате за 5 минути, а доколку ништо не ви се допаѓа имате можност самите да ги креирате содржините.

Заклучок кој го даде Анастас на крајот од својот говор предизвика и најголема реакција кај публиката изнудувајќи аплаузи: „Ние веќе може да говориме дека новите медиуми им ја имаат свиткано раката на традиционаланите медиуми туркајќи ги кон забрзано трансформирање.  На крајот на краиштата Форум ќе мора (м.з. Владимир Галевски е од Форум) многу повеќе да се потруди за да си го оправда името во дигиталниот свет, а Борјан ќе си остане на фреквенциите на А1 максимум 2. Од друга страна пак додека трае дебатава само Мите, сподели неколку фотографии, видеа и твитови.“

На ова следуваа аргументите (м.з. повеќе нафрлени мислења отколку структурирани аргументи) на негативниот тим изнесени преку Борјан. Тој призна дека новите медиуми чепкаат теми кои што традиционалните медиуми не ги разработуваат, но дека никаде не биле цитарани што значи дека содржината на новите медиуми не е доволна квалитетна. Вториот аргумент на Борјан всушност беше само една бројка која укажуваше на тоа дека луѓето се уште најмногу се информираат од телевизијата, околу 70% додека YouTube се уште било играчка.

На ова Дарко одговори дека е вистина дека содржините од новите медиуми малку се цитираат но тоа не е поради тоа што не се квалитетни туку затоа што традиционалните медиуми одлучуваат да си ги преземат во целост без при тоа да наведат извор. Наведи неколку примери од домашната блогосфера и некои регионални и меѓународни примери.

После ова следуваше говорот на Галевски кој повеќе беше предупредувачки да не се заборавиме и оттуѓиме едни од други поради новите технологии.

Поради тоа што на твитер ме запрашаа да објаснам зошто сум рекол дека Дарко и Анастас победија еве го моето образложение:

  1. Структуирани аргументи кои се движеа во рамките на дефиницијата кој ја дадоа на самиот почеток.
  2. Недоволно организирани напади на негативниот тим врз аргументите на афирмативниот тим без притоа да дадат свои сопствени аргументи кои подоцна ќе требаше да ги побиваат афирмативците.
  3. Афирмативците работеа како тим, додека негатвиците имаа индивидуални настапи и нафрлања на мисли.

9 начини како да ја утнеш поентата на Интернет

Не дал господ нас Македонците најпаметни за сѐ, па и за дебата. Во продлжение еве 9 причини како без проблем може човек комплетно да ја промаши дебатата на Интеренет.

Continue reading

Онлајн дебатирање (дискутирање) и негово менаџирање – локални искуства

Најавуваме четврта „Face to Face“ дебата под наслов „Онлајн дебатирање и неговото менаџирање – локални искуства“.

Continue reading

Локалните кандидатите за градоначалници и употребата на Интернет комуникацијата

Метаморфозис излегоа со прелиминарни резултати од анализата на предизборните кампањи на кандидатите за градоначалници во 85 општини. Резултатите може да се гледаат и низ негативен агол, но и низ позитивен.

Continue reading

ONLINE/OFFLINE фестивал

Двата македонски портали за култура,culture.in.mk и plagij.at, со поддршка од Про Хелвеција, го создадоа фестивалот ONLINE/OFFLINE кој месецов ќе го доживее своето прво издание.

Continue reading

Нова Македонија со нов сајт

Претпоставувам дека не е уште легната топката, како што обично кај нас бива, па затоа нема да коментирам на прва. Ќе почекам некое време да се стабилзираат, да фатат ритам и што се вика малку да го осетат (новинарите) новиот концепт на интернет изданиево.

Continue reading

Брза проценка на веродостојноста на интернет страница (1)

Интернетот и неговата содржина си имаат свои обележја преку кои често може да се дознаат многу повеќе работи. За тоа е потребна едукација, време и искуство. Серијал со интересни совети кои се базираат на техниката на поставување на брзи прашања со кои може квалитативно да се филтрира интернет содржина

Continue reading

15 годишно момче поставува рекорди
во интернет заработка

Гостин блогер: Трагично е. Кога на некој човек ќе му спомнеш правење пари на интернет, сите викаат: Еј тоа ли bux.to, кликаш реклами, да бе сум го пробал тоа ништо посебно не е.
Две прашања: Има ли некој овде слушнато за INFORMATION MARKETING? Продавање дигитални продукти? Помош: Мулти билионска индустрија е.

Continue reading

Локални интернет новитети

Во последниве неколку месеци има најави за големи промени во локалниот медиумски свет. Се разбира во предн план се телевизиите, но на моја радост, има некои новини и за онлајн светот. Епа со ред, да споделам она што го знам, ако некој има дополнителни информации, коментарите се отворени 🙂

Continue reading

HRT.hr по урнек на BBC.co.uk

Нема што да се раскажува. Колку што успеав да видам, работва прв ја објавил Aljoša на својот Marketing.servis за после подлабоко да ја пренесат и останатите поголеми медиуми во Хрватска. Еве неколку линкови

Iz BBC-ja “čisto sumnjaju” da su HRT-u odobrili plagiranje – Index.hr
HRT u izradi novog portala plagirao BBC – Business.hr
HRT-ova nova web stranica besramni plagijat bbc.co.uk – Index.hr
Dizajneri složni: HRT je pokrao BBC, i to loše – Index.hr

Интервју со Robin Hamman од BBC

Интевју со Robin Hamman направено на Glocal 2.0 Blogging: Evolution treated as revolution. Направено од Дамјан од It.com.mk, треа 33 минути, што значи има многу работи внатре 🙂

Continue reading