Posts tagged Jon Stewart

Црна овца

Како дел од „интегративните процеси“ 🙂 по подготовка од неколку недели, од денес официјално стартуваше новата колаборативна блог мрежа, или „платформа“, на локалнава блог-сцена под наслов „Црна овца“. Здруженово „блог-претпријатие“ е замислено како алтернативен конструктивен глас на група онлајн ентузијасти, а здружувањето е од флексибилен карактер кој ќе им овозможи на сите кои учествуваат во него, да останат свои и посебни.

Засега во овој проект (да се изразиме со речник на припадниците на нашата естрада) се вклучени следните блогови и блогери:

Конструктивните ставови и критики се добродојдени, некои веќе и беа искажани, па дијалогот секако ќе продолжи. За мотивите и за другите аспекти за ваквите активности повеќе кај секој од блогерите индивидуално. Едно можам да кажам, со извонредна извесност, е дека не се промовира никаков, би рекол „псевдо-елитизам“, скраја да е, а за сите други теми тука сме за отворена комуникација со останатите блогери за се што ќе води кон збогатување на содржајноста на македонската блог и онлајн сфера.