Само 25% од се изјасниле дека се заинтересирани да видат што нивните пријатели гледаат. Уште помалку (10%) се заинтересирани да го споделат она што го гледаат.
Continue readingPosts tagged Journalism
TIME.mk надграден и проширен
Онлајн сервисот за вести „TIME.mk“ беше спомнат во неколку поста на овој блог (еве еден од нив, „Кога алгоритмот е уредник“, 28.10.2008), но заради динамиката на развојот на овој сервис, се чини дека секогаш има нешто ново и дополнително да се каже за него. Особено во последниов период, детали подолу.
Оние што беа присутни на декемвриската дискусија во Точка за интернет апликациите, низ презентацијата на проф. Игор Трајковски можеа директно да се запознаат со работата и приказната за и околу TIME.mk. За остатокот од светот што не беше таму, останува да се утеши со презентацијата „TIME.mk – a new approach to news“ која беше прикажана во текот на средбата.
За ТIME.mk некоку генералии:
TIME.MK е компјутерски генериран сајт за вести кој агрегира наслови (и линкува до содржини) до 26 македонски извори на вести, ги групира по сличност на содржини, и ги рангира според нивното значење. Изворите се следни: А1, Сител, Канал 5, Телма, Алсат-М, МТВ, Алфа ТВ, Макфакс, Нетпрес, Брокер, Кирилица, ИдиВиди, ЗаЗабава, Нова Македонија, Дневник, Утрински Весник, Вечер, Вест, Време, Форум, BBC, SETimes, Радио Слободна Европа, Курир, Он.нет and Кајгана. Селекцијата и рангирањето на вестите се врши преку алгоритми и е целосно компјутерски регулирано. Се рангираат соодветни карактеристики на вестите и нивните содржини, како што се: новоста, изворот, релевантноста и разноликоста. Како резултат на ваквата методологија вестите не се обременети од политичка селекција, пристрасен поглед или каква било идеолологија, која збирно му остава на читателот да ја избере перспективата или изворот за кој е заинтерсиран (TIME.mk about).
Упте неколку специфики на овој сервис:
- TIME.mk секој ден анализира околу 3500 вести кои се наоѓаат на веб страниците на 33 извори
(тука не се вклучени нивните архиви). - Од вкупно 3500 вести, нови (објавени во тековниот ден) се околу 1200 (освен во недела),
а останатите се од претходните денови. - Од 1200 дневни вести, околу 150 се дупликати, т.е. за секоја од тие 150 вести
постои вест во останатите 1050 која е скоро идентична. Тоа значи дека повеќе од 10%
од дневните вести се преземаат од некој извор и непроменети се проследуваат. - TIME.mk не користи никаков комерцијален или бесплатен софтвер.
Сервисот е прилично динамичен и благодарение на посветеноста на својот автор постојано се развива, а последните 2 додатоци на овој онлајн сервис се проширената листа на домашни извори на вести, како и додавањето на изборот на најважните светски вести според Google News сервисот. Непосрeдно пред тоа беше надграден и самиот пребарувач на вести.
Во доменот на моите кориснички побарувања, сервисот е извонредно развиен и организиран, но ако се земат предвид различните онлајн навики и методики, постои уште простор за подобрување (РСС, некаков вид прегледна архива, и сл). Не се сомневам дека така и ќе биде.
Овластени дистрибутери на правдата?
Два индикативни настани за состојбите во медиумите и новинарството беа забележани оваа недела: случајот со кичевскиот новинар осомничен убиец и интервјуто на мандатарот за МИА. Во нив сиот сјај и беда на новинарските состојби. Од една страна новинарите се жалат дека се жртви на политички притисоци, шпекулации и инсинуации, а од друга страна самите постапија токму така, шпекулативно, инсинуирачки, неаргументирано. Во медиумскиот дел, работата ми ја олесни овој пост од МК блогосферата:
Веднаш по(сле) настанот во сите релевантни печатени и електронски медиуми осамнаа сензационалистички наслови од типот:
- Новинарот сериски убиец си пресуди сам (Макфакс)
- Серискиот убиец си пресудил во затворот во Тетово (Дневник)
- Кичевскиот убиец се самоуби (А1 ТВ)
- МВР го потврди самоубиството на Кичевскиот сериски убиец (Сител ТВ)
Чекајте малку, па дали е ред новинари да бидат и судија и порота и егзекутор (у) исто време?? Каде е професионалноста, неутралноста и етиката во известувањето?! Па тој воопшто не дочека никакво судење. Кога ваков начин на известување би имало на нечиј приватен блог- ајде ОК некако, ама тука зборуваме за сериозни етаблирани медиуми и opinion maker-и. (ВББ блог).
Во меѓувреме и Новица пиша на оваа тема: „Тешката задача на медиумите“
Значи џабе, обуки, совети, добронамерни критики, апели, и сите останати слични салтанати. Така како што политичарите си дозволуваат од позиции на нивната општествена моќ да ја сервираат „правдата“ и „вистината“, така и новинарите упорно и сурово ја применуваат својата „стратегија“ на нарушување на презумпцијата на невиност, и приватноста на луѓето.
Постои тесна корелација на политичките субјекти и новинарите во ваков тип обраќања до јавноста и нивното „киднапирано“ право да ја соопштуваат вистината (речиси како орвеловското Министерство за вистина). Ако фино се анализира, се почестите случаи на сервирање на вистината и правдата во инстантна форма, без разлика дали доаѓаат од некој портпарол или новинар немаат некоја битна разлика, се работи за иста грешка, пречекорување на својата улога и право, форсирање на своите „аргументи“ и нарушување на процесот на докажување на вина или невиност.
Конкретниот случај и самиот хорор кој стои зад неа е сосема друго ниво, но ордата на новинарската легија на правдата, како копирана слика на обраќањето на центрите на државна моќ, да не му посакаш на најцрниот непријател да ја почувствува на своја кожа.