Posts tagged kajmak

Online Media 101

Релативно е тешко на човек кој не е добро упатен во новите интернет канали на комуникација да му објасниш брзо и едноставно како функционира овој свет. Затоа постојат убаво смислени видео клипови кои се создадени да ја олеснат оваа работа

Continue reading

Излезе новата Нова Македонија

Не знам дали има потрба да се преповторува што Нова Македонија значи за нашава држава и сл. Ќе треба да утупам со комунистичка пропаганда де :), затоа без помпезна најава еве колку да не остане неодбележано.

Денес, со цена од 10 денеари на македонските трафики се појави најновата реинкарнација на Нова Македонија. Со колор страни, со променет формат и со нова постава. Нека им е со среќа на креаторите.

Мала дискусија има на блогот Бележник, а би додал дека не e баш благодарно да се мрчи одма на првиот број, нели уште не е легнат, иако по правило него го читаат/купуваат/разгелдуваат/коментираат најмногу луѓе па токму затоа треба убаво да се подготви.

Од утре натаму ќе видиме што и како ќе се менува, ако воопшто нешто има тенденција да се менува на македонскиот медиумски пазар.

Во весникот внатре пишува и вакво нешто:

Деновиве ќе профункционира и порталот www.novamakedonija.com.mk, на кој, покрај текстовите од редовното издание на весникот, ќе има и постојан прилив на најнови вести, информации, фотографии и други содржини од светот на забавата, културата, политиката и економијата.

Епа ај ќе видиме 🙂

Добра ВЕСТ

Денов само што ми почна, а веднаш се гледа дека ќе биде добар. Ај што е сончево една работа. Дека е 1 Април, денот на шегата, уште една работа. Ама ме освежи добрата вест за добриот Вест.

Денес дневникот Вест излезе со нова глава и со позитивна содржина:

Vest naslovna 1 april1 април е ден на шегата, кога вообичаено е дозволено и лажењето. Место шеги или лаги, „Вест” реши денеска да пренесе само добри вести. Или барем да ја види нивната добра страна.

Чашата може да биде или полупразна или полуполна.

Се обидовме денеска да му дадеме шанса на позитивното гледање на стварноста. Ние избравме да ве известиме дека чашата е до половина полна.

Посакувам секој ден да е 1 април. А потајно се надевам дека Вест и останатите дневни весници и телевизии и магазини ќе видат дека сепак може да се објавуваат и позтивини вести и дека тоа е убава работа која не заслужува да биде само исклучок.

Реклами кои комуницираат меѓу себе

Добро ја знаеме сите онаа практика на ТВ или на принт рекламите кога една најавува друга, која доаѓа на следната страна или на веднаш по некоја друга реклама. Тоа не е новитет. Можеби и ова што го видов јас не е новитет, ама ми се виде интересно и убаво.

Mac vs. PC. Истот така добро позната кампања, се разбира за Mac (OS X). Последново продолжение го начекав на насловната страна на NYT, за разлика од претходните кои, најчесто, ги гледав директно на apple.com.

Значи има две реклами, еден топ банер и плус една голема од десната страна. Финтата е што тие меѓу себе комуницираат. Не само механички, туку и соджински. Интересно ми се виде.

Еве два скриншота, ако појдете на NYT.com може и ќе ја начекате.

Apple vs PC ad

Apple vs PC ad 1