Posts tagged kajmakot

Граѓанско новинарство според Вест

Извонредна сторија и еклатантен пример како светските трендови се приопштуваат кај нас. Дневниот весник „Вест“ со раритетен citizen journalism рапорт, и тоа директно од Широк сокак (запази акцентска целост):

Млада битолчанка, на возраст од околу 25 години, пред неколку дена во една битолска кафеана го претепала својот двојно постар швалер од Прилеп. Настанот се случил само пред двајца очевидци, а инцидентот не е регистриран во полицискиот билтен оти случајот никој од присутните не го пријавил…Според кажување на очевидец, кој сака да остане анонимен, настанот се случил молскавично, филмски, во не толку позната битолска кафеана, како што вели самиот: “Шути се сите, од газдата и персоналот, па се до муштериите, а таму отидов оти и јас не сум подобар од нив.Во кафеаната бев сам, заедно со келнерот, кој нешто си работеше на шанкот. Дури си го пиев кафето кое никогаш не го плаќам, бидејќи секогаш сам си го варам, влезе едно младо чупе, полуразголено, лично, во чаша да го пијаш..

Остатокот во изворниот текст, „Го претепала љубовникот оти не и купил мобилен“, Вест, 09.08.2008.

logopoz.jpg

Добра ВЕСТ

Денов само што ми почна, а веднаш се гледа дека ќе биде добар. Ај што е сончево една работа. Дека е 1 Април, денот на шегата, уште една работа. Ама ме освежи добрата вест за добриот Вест.

Денес дневникот Вест излезе со нова глава и со позитивна содржина:

Vest naslovna 1 april1 април е ден на шегата, кога вообичаено е дозволено и лажењето. Место шеги или лаги, „Вест” реши денеска да пренесе само добри вести. Или барем да ја види нивната добра страна.

Чашата може да биде или полупразна или полуполна.

Се обидовме денеска да му дадеме шанса на позитивното гледање на стварноста. Ние избравме да ве известиме дека чашата е до половина полна.

Посакувам секој ден да е 1 април. А потајно се надевам дека Вест и останатите дневни весници и телевизии и магазини ќе видат дека сепак може да се објавуваат и позтивини вести и дека тоа е убава работа која не заслужува да биде само исклучок.

Партиципативност или можеби не…

Колку сме опседнати да го пренесеме вистинскиот момент на вистинското место и во вистинско време?

Кое е повистинско? Дали она во моментот на случување или во моментот на споделување и коментирање? И зошто? Дали причината е дека ги нема сите со кои сакаме да го споделиме моментот и се повеќе размислуваме за тие кои не се тука? Или пак станува збор за тие кои се онлајн, тие кои како и секој од нас, поминува дел од времето пред компјутер и чита и коментира и дебатира и расптава итн.?

Зошто се претвараме во продолжени раце на мемориските картички и серверските фарми? Дали се и тие медиуми, па се трудиме да бидеме екстензија?

Многу прашања, како за понеделник. За да не изгледа ова тотално како гром од ведро небо. Гледав едно од видеата на влогот на Howard Rheingold. Тој како модератор на една сесија извади апарат и го сликаше/снимаше Henry Jenkins. И веднаш ми текна на Филип Петровски кој го направи истото на петочната промоција, паралелно раскажувајќи за некој рок пеач кој го правел тоа на своите концерти.

Патем, интересен е муабетот на Henry Jenkins за партиципативната култура и YouTube генерацииве. Еве го долу.