Работејќи на анализа на домашните ТВ дневници еден момент ми беше прилично упадлив: колку малку вести од светот (во смисла на квантитет) ни нудат домашните тв медиуми. Во пресек земено, вестите од светот временски, во просек, опфаќаат околу 5 минути, во добрите денови, што е некои 15 проценти од термините за вести (ретко се случува веста од светот да е ударна, освен, како денес, вести за големи трагедии и инциденти). Колку и да има аргументи за ваквата состојба, од типот дека нив можеме да ги најдема на милион други места, сепак ваквиот тесен поглед на реалноста околу нас е за критика.
Кога ќе се земе дека во ваквите „вести од светот“ се една кошничка од теми како вести од регионот (кои сепласираат како вести од светот), разни бизарни вести за грозоморни случки и слично, останува голема дупка од вистински квалитетни и релевантни вести од светот, кои во овој поврзан глобален свет, секако се важни и за нас.
Забелешкиве се однесуваат само на ТВ изданијата, на сајтовите на телевизиите таквите вести се разграничени по рубрики, но и таму останува забелешката за малиот број вистински вести.