Благодарение на проектот за медиумска писменост координиран од МИМ и IDSCS, минатата недела имав шанса да бидам дел од тимот кој беше на студиска посета во Холандија.
Continue readingPosts tagged kennisnet
Предлог решение за регистрација на .mk домени
Да не беа кампањиве на МТВ на телевизоров лево од мене ќе помислев дека сме 1996 или 1997 година. Сеад е крив, ми прати линк, продолжение од анализата во Дневник на тема: домени, интернет, google, чаир и сл.
Скапи измами со евтини интернет-адреси (Дневник 20.07.2009)
Во „МАРНет“ не вршиме проверка при регистрацијата на домените дали со тоа се врши прекршување на некакво заштитено име или трговска марка. Ова е од причини што регистрацијата мора да се врши релативно брзо, а Заводот за индустриска сопственост, кој, иако има релевантни информации, не може да одговори во реално време.
Имам предлог решение за надминување на оваа опасност која демнее над нашиот интернет простор.
- Да се воведе 055 или сл. линија за закажување на регистрацја на домен.
- Да се воведе плаќање на таксени марки во вредност од 110 денари за секоја регистрација или промена во регистарот
- Наместо само еднаш, да се бара уверение од Централен Регистар на секоја нова регистрација од иста фирма
- Да се бара бизнис план и среднорочна стратегија за употреба на соодветната интернет адреса која се регистира
- Да се одобрува барањето во рок од 10 работни дена
Со вакво третирање на темиве, ништо чудно и последициве да бидат токму овие.