Posts tagged ???????????.??? ???????

Facebook vs TV

Според истражувањето на Expansys британците во просек поминуваат два и пол часа дневно користејќи го Facebook во споредба со ТВ кој го користат со 2 часа

Continue reading

Младите ги преферираат социјалните мрежи наспроти блогирањето

Веќе некое време е излезен извештајот „Социјалните медиуми и младите“ на Pew Internet. Една од главните точки во извештајот е опаѓањето на интересот кај младите за блогирање и за коментирање на блогови без притоа да имаат сопствен блог. Ова како податок ми падна во очи и размислував која е причината/те во период од 3 години младите да го имаат изгубено интересот за блоговите. Прво ќе одиме со главните заклучици од истражувањето, а после ќе ги дадам причините за опѓањето на интересот кај младите за блоговите кои успеав да ги рафинирам со помош на дискусијата која ја имав со Дарко.

Резултати од истrажувањето на Pew Internet

  • 14% од тинејџерите кои користат интернет блогираат за разлика од 2006 година кога оваа бројка била 28%
  • Исто така има пад и во коментирањето на блогови од страна на тинејџерите од 76% во 2006 година на 52% денес
  • За споредба, блогирањето кај возрасната популација останала горе-доле стабилна во последниве години. Според истражувањето на Pew Internet од 2005 па до денес, грубо земено секој 10-ти возрасен кој користи интернет има свој блог.

Додека блогирањето помеѓу возрасните останува речиси исто кај одредени старосни групи во последните години драматично се променува.

  • Во декември 2007, 24% интернет корисниците на 18-29 години изјавиле дека имаат сопствен блог за разлика од 7% блогери од оние на 30 години и повеќе
  • Во 2009, само 15% интернет корисниците на 18-29 години имаат блог, што претставува пад од 9 процентни поени за само 2 години. Додека 11% од интернет корисниците на 30 и повеќе години сега имаат сопствен блог.

Причини за опаѓање на интересот кај младите за блогирање

  • Прва и наједноставна причина: Facebook. Со можноста да се остави статус на интернет страните за социјално вмрежување, потребата да се комуницира во подолга форма како реченици или параграф повеќе не е потребна. Наместо да се сумира целиот ден во блог пост на пример, младите можат едноставно да го ажурираат својот статус на Facebook повеќе пати во денот. Овие кратки содржини, кои наликуваат на секогаш популарните СМС пораки помеѓу младите, се полесни за примање затоа што содржат мало количество на информација. Одземаат неколку секунди да се прочитаат, а не минути. Коментирањето исто така одзема кратко време. Со оглед на тоа дека скоро секој има повеќе стотини пријатели на интернет страниците за социјално вмрежување ова инстант комуникација и тоа како има вредност. На ова како поткрепа може да се додаде и податокот од истражувањето кое вели дека дури 72% од интернет корисниците на 18-29 години ги преферираат интернет страниците за социјално вмрежување како примарен канал за комуникација.
  • Втора причина е информациска презаситеност. Судрувајќи се секој ден со СМС пораки, телофонски разговори, ажурирање на статуси на Facebook и на други социјални мрежи младите едноставно се дават во комуникација. И кога има толку многу информации едноставно најлесно е да се изостават оние канали на комуникација каде се бара повеќе време, повеќе внимание и концентрација.
  • Трета причина се мобилните телефони. Се повеќе младите читаат и создаваат содржина преку нивните мобилни телефони. Добрата страна е што нудат голема мобилност и следење на комуникацијата во реално време, но самата технологија налага и предодредува примање и праќање на мали количества на информација
  • Четвртата причина која е најверојатно само последица на претходните (или обратно) е промената на комуникацискиот систем. Како последица на заситеност од информации веќе станува тешко да се одвои релевантното од неважното и наместо повеќе информација најчесто се завршува со губење на значењето. Младите имаат претстава дека се информирани додека имаме исценирана информираност, исценирана комуникација. Оваа ги одвлекува младите да „губат“ време со „предолги“ тесктови кои можат да се најдат на блоговите.

А1 максимум 2

Центар за нови медиуми во акција

По повод 10 годишнината од постоењето на Младински образовен форум (МОФ), двајца членови од Центарот за нови медиуми, Дарко Булдиоски и Анастас Вангели учествуваа на дебата на тема: Новите медиуми ќе ги победат традиционалните. Дарко и Анастас беа афирмативниот тим додека Борјан Јовановски од А1/А2 и Владимир Галевски од Форум беа тимот кој ја негираше тезата.

Уште на самиот почеток Анастас дефинираше што за нив значи победат: „Победата на новите на традиционалните медиуми не значи дека телевизијата, радиото и весниците ќе исчезнат како форми, туку дека ќе мора да се прилагодат на новите услови во медиумската екосфера наметната токму од новите медиуми.“

Аргументите со кои настапија Дарко и Анастас беа следниве:

  1. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се похумани по својата форма. Новите медиуми се управувани од сите нас и се на сите нас, додека традиционалните медиуми се во рацете на избрана елита и за влез во нивниот свет постојат многу повисоки бариери. Затоа традиционалните медиуми се приморани да се отвораат или во македонски услови допрва да се отворат.
  2. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се попродуктивни. Кај традиционалните медиуми содржината ја создаваат ограничена бројка на луѓе, додека кај новите медиуми големиот број на корисници се оние кои создаваат содржини. Пример: На YouTube за неколку месеци се качува содржина која е повеќе од тоа што било прикажано на ABC, CBC и NBC заедни во последниве 60 години.
  3. Новите медиуми ги победуваат традиционалните медиуми затоа што се целосно прилагодливи на потребите на публиката. Кај традиционалните публиката е оставена со ограничен избор, а воедно и пасивизирана. Кај новите медуми пасивноста е сведена на минимум, секој сам ги бира содржините кои го интересираат со што се минимизира можноста за досада, на пример интервјуто на премиерот од 3 саати може да го прегледате за 5 минути, а доколку ништо не ви се допаѓа имате можност самите да ги креирате содржините.

Заклучок кој го даде Анастас на крајот од својот говор предизвика и најголема реакција кај публиката изнудувајќи аплаузи: „Ние веќе може да говориме дека новите медиуми им ја имаат свиткано раката на традиционаланите медиуми туркајќи ги кон забрзано трансформирање.  На крајот на краиштата Форум ќе мора (м.з. Владимир Галевски е од Форум) многу повеќе да се потруди за да си го оправда името во дигиталниот свет, а Борјан ќе си остане на фреквенциите на А1 максимум 2. Од друга страна пак додека трае дебатава само Мите, сподели неколку фотографии, видеа и твитови.“

На ова следуваа аргументите (м.з. повеќе нафрлени мислења отколку структурирани аргументи) на негативниот тим изнесени преку Борјан. Тој призна дека новите медиуми чепкаат теми кои што традиционалните медиуми не ги разработуваат, но дека никаде не биле цитарани што значи дека содржината на новите медиуми не е доволна квалитетна. Вториот аргумент на Борјан всушност беше само една бројка која укажуваше на тоа дека луѓето се уште најмногу се информираат од телевизијата, околу 70% додека YouTube се уште било играчка.

На ова Дарко одговори дека е вистина дека содржините од новите медиуми малку се цитираат но тоа не е поради тоа што не се квалитетни туку затоа што традиционалните медиуми одлучуваат да си ги преземат во целост без при тоа да наведат извор. Наведи неколку примери од домашната блогосфера и некои регионални и меѓународни примери.

После ова следуваше говорот на Галевски кој повеќе беше предупредувачки да не се заборавиме и оттуѓиме едни од други поради новите технологии.

Поради тоа што на твитер ме запрашаа да објаснам зошто сум рекол дека Дарко и Анастас победија еве го моето образложение:

  1. Структуирани аргументи кои се движеа во рамките на дефиницијата кој ја дадоа на самиот почеток.
  2. Недоволно организирани напади на негативниот тим врз аргументите на афирмативниот тим без притоа да дадат свои сопствени аргументи кои подоцна ќе требаше да ги побиваат афирмативците.
  3. Афирмативците работеа како тим, додека негатвиците имаа индивидуални настапи и нафрлања на мисли.

Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд

Далеку поголем дел од корисниците поблиско им е искуството во одржување на личен профил. Оттаму тие прават профил наместо страница. Па, еве само неколку точки зошто присуството на еден бренд е посоодветно ако е реализирано преку т.н. Facebook Page наместо со класичен профил.

Continue reading

Facebook бонтон

Веројатно Facebook би бил далеку понеинтересен доколку се почитуваат следниве правила, но секако ова важи се додека не ви се случи лично. Потоа приказната се менува, па затоа еве имај ги на ум препоракиве.

#  Don’t change your relationship status without consulting the other person
1. Не го менувај статусот на врската без консултација со другата личност

#  Don’t post embarrassing photographs of other people
2. Не објавувај фотографии кои може да ги засрамат другите

#  Be discreet when posting massages on another person’s wall
3. Биди дискретен кога пишувате на туѓи (фејсбук) ѕидови

#  Don’t steal other people’s friends
4. Не кради туѓи пријатели

#  Don’t start hate groups
5. Не креирај (фејсбук) групи на омраза

Ако не на тебе, пренеси му ги на некој помлад во твојата околина на нив сигурно ќе им бидат од корист.

Извор на препоракиве е следново видео а јас го најдов на Facebook преку Јован.

Газда Facebook

Се рашири брзо веста дека Facebook направи мали, но значителни, помени во лиценцата. Дамјан на IT.com.mk убаво појаснува за што станува збор:

Досега, правилата и условите гласеа дека откако ќе го откажете својот профил, сите стекнати права над содржините кои ги имате објавено истекуваат. Но последната промена на 4 Февруари над овие правила носи големи промени, а остранети се и неколку клучни делови.

Нити да ми пишат на wall нити да ме известа во Inbox, ништо. Ако не си прочита човек наоколу нема ни да дознае, верувам дека од 150 милиони најмалку 140 се дел од оваа група. Дамјан и појаснил што значи оваа промена:

Со овие нови права Facebook можат да ги користат, копираат, објавуваат, стримуваат, снимаат, јавно објавуваат, пренесуваат, скенираат, форматираат, модифицираат, изместуваат, преведуваат и адаптираат вашите содржини кога ќе им се посака, независно од тоа дали вие сте и понатаму член на сајтот.

А јас го напишав овој пост за да дополнам уште попластично: Тоа значи дека ако некој ден си ја видите фотографијата, уметничкото дело, видеото или личната исповед во некој медиум на некој ѕид или на МТV џабе ќе везете, се е тоа на Facebook и џабе воопшто се замарате да ограничите кој ќе ви го гледа акаунтот. Газда

Фејсбук како вест

Во денешниот свој број, дневниот весник „Вест“ на насловна страница оди со сторија за тоа како домашните политичари го користат убер-популарниот Фејсбук, „Заразени од Фејсбук“:

Continue reading

T-Home MK сo реклама на Facebook

Ми требаат 20 клика за да ја добијам книгата :) Јован одлично забележал и изанализирал за рекламирањето на Т-Home на Facebook.

Но денес бев изненаден не само од огласот на македонскиот Телеком на Фејсбук туку и од констатацијата дека и покрај генералните трендови кои се против рекламирање на овакви сајтови, Т-Хоме всушност може да има поголем бенефит отколку просекот, па и да добиеме успешен случај / приказна. Еве на кратко зошто го мислам тоа:

  • Рекламирањето на социјалните мрежи се прави најмногу за брендинг. Телеком континуирано има буџет за овој вид на кампањи.
  • Телеком најверојатно има доставено опсези на ИП адреси (како на нивните така и на конкурентите) и претпоставувам дека кампањата е таргетирана на национално ниво. Со тоа не се губат пари вон границите на пазарот.
  • Посетителите на фејсбук се млади, претежно учени луѓе кои интензивно користат интернет и останати комуникациски услуги.

Пред извесно време читав за порастот на рекалми на Facebook и во Cрбија. Драган имаше наведено неколку едноставни причини (делумно важат и за МК) за зголемениот број реклами:

Razlozi za to su jednostavni:

  • Facebook.com je jedan od najposećenijih sajtova u Srbiji.
  • Kada korisnik koji ima šta da oglašava vidi na Facebook neku domaću reklamu, proverava na koji način da to i sam uradi.
  • Oglašavati se preko ovog servisa je veoma jednostavno, i nije skupo, ako se oglašava po principu plaćanja po kliku. Ovaj sistem oglašavanja je poznat onima koji se oglašavaju preko Google-a, E-target-a i ostalih sistema kontekstualnog oglašavanja.

Рекламирањето на Facbook засега е најефтино по клик, но таргетот тешко се гаѓа. Од скромнотo искуство кое го имам во моментов за во Македонија би препорачал Adwords. Убаво е што и таму може да се одбере локален таргет и да се одберат добри клучни зборови кои кога ќе се ограничат само на посетители од МК, воопшто не чинат многу.

Е сега, тука се јавуава и друг проблем. Каде има вакви реками? Зборувам за сајтови со локална содржина. Колку и да се појавува вашата реклама на сајтови од ахглиско или друго говорно подрачје, сепак голема е веројатноста дека ќе огласувачот ќе посака да се појавуа, по истиот систем на клучни зборови, и на релевантни локални сајтови.

Убаво е што работите се движат напред, и што адвертазинг колачот добива дел за онлајн рекалми, бидејќи токмо тоа беше посочено вчера како важен фактор во развојот на локалните информативни сајтови.

п.с. Ми требаат 20 клика на линкот зад сликат со книгата, за да ја добијам. Ќе ја споделам. Кликај.