Posts tagged ??????????? ???????

Што се вклучува управување со заедници на интернет

Читајќи го постот на Jeremiah (Trend: Some Community Management Activities to be Outsourced) наидов на одлична табела која секако во пракса, на овој или оној начин често ја комуницираме, пред се со потенцијални и постоечки клиенти.

Во постот Jeremiah зборува за она што доаѓа во сферата на управувањето со заедници, за нивното аутсорсирање (немам превод :() и слично. Секако интересна е таа тема, но далеку сме ние од тоа. Не само како пазар туку и како земја која би можела да „продава” такви услуги.

Она што мене ми се допадна во постот, веќе напоменав, е табелата во која тој ги ситематизира нивоата на различни услуги кои подразбираат управување со заедници. Фокусот секако е на тоа кој е одговорен и која е нивната задача. Еве обид за превод (и адаптација, плус додадов неколку линкови) на истата:

Активност: Стратегија
Опис: Често зад сцената, тие ја предводат целата стратегија на тоа како потрошувачите/клиентите се вклучени во различните делови од компанијата. Често оваа услуга подразбира изработка на извештаи и одговорност за повраток на инвестицијата.
Трендови: Оваа активност најверојатно ќе остане во надлежност на вработените на компаниите бидејќи тие имаат подобро разбирање на бизнис целите, и клучните односи.

Активност: Застапување на брендот
Опис: Ја претставува приказната на брендот (и таа на самите потрошувачи/клиенти) и често е главното лице на компанијата во онлајн заедниците, и нема изгледи тоа да се промени.
Трендови: Оваа услуга често останува во кругот на вработните на компаниите но понекогаш знае да биде предадена на агенциите, како на пример за “Jenny за Axe” беше редовно вработен во Edelman.

Активност: Одговарања на прашања на челнови (корисници)
Опис: Одговори на чести прашања поврзани со производи или услуги, како на пример: „Дали го имате овој или оној производ?” или „Дали некој знае како да … ”
Трендови: Често ова е одговорност на маркетинг, или менаџерот на производот или на делот за грижа на корисници. Сите тие се обучени и знаат каде да ги бараат одговорите на прашањата. Како и кај другите канали за грижа за корисници, се очекува и овој дел да биде пренасочен кон надворешни компании.

Активност: Модерација, курација, аналитика
Опис: Често зад сцената, овие луѓе ја прегледуваат содржината и го вршат нејзиното сортирање-класификување. Тие исто така може да бидат и куратори на содржината и да прават базични извештаи.
Трендови: Често овие вештини се под влијание на надворешни сораборници затоа што тие имаат минимално влијание на односот со клиентите. Овој тренд ќе продолжи и понатаму.

И сега кои прашања за локалниот пазар се отвараат? Не би се осмелил да прашам како се одлучиле нашите компании да ги распределат ресурсите за овие активности, затоа што знам дека ќе се сведе на мал број примери и недоволно разработени планови (со задоволство прифаќам деманти :).

Но, ќе се осмелам да прашам едно далеку поосновно прашање: Дали нашите компании воопшто плански комуницираат со интернет заедниците? Колку се свесни за потребата од овие активности? Имаме ли препознатливи позитивни или негативни примери?

Via Web-strategist.com

Интервју со модераторот на Утрински

Ја продолжуваме тема со коментарите со првото интервју за блогов Комуниакции.нет. На наше огромно задоволство Зоран Ричлиев, од Утрински, одговори на сите прашања кои му ги поставивме и тоа доста исцрпно.

Continue reading