Некаде на почетокот на оваа година се појави првата фракција на блогов, ја нарековме ADLog и и поставивме цел да собира локална и регионална креатива, рекламна се разбира, со цел промоција и подигнување на нивото.
Некаде кон крајот на август, некој куршлуш од непознати видови го умртви блгот, т.е. го направи недостапен. Вчера успеав да го лоцирам и елиминирам, и сега блогот е назад во живот.
Но, ADLog од вчера има уште една новина. Има уште еден автор. Марјан Забрчанец. Тој е автор на блогот Големата Слика и дел од креативната индустрија. На мој предлог, вчера, за неколку секунди реши да стане дел од овој блог.
Епа доста е читање, ајде трк да на блогот и не заборавај да го ставиш и него во твојот омилен фид ридер. Ние ветуваме нема да го полниме вашето сандаче многу често 🙂
Кога зборуваме за реклами, често забораваме колку е самата рекламна индустрија базирана на сериозни студии на нашите навики и сознанијата на социјалната психологија. Така најчесто ја потценуваме нејзината длабочина, а со тоа и подлегнуваме полесно.
Мотивите и целите на рекламите се едноставни (кажи ДА), а пораките кодирани неколкукратно, со цел да се сокрие едноставноста на мотивите на самата реклама.
Во прилог на медиумското едуцирање на тема реклами и како критички да ги третираме, неколку линкови и примери на оваа тема.
Секс: Сексуалната природа на човекот е алфа и омега на рекламите. Колку да ни се чини дека е масовно користена, би не изненадило тоа колку се рекламите прикриено сексуални. Згора на тоа, на пример весникот кој на насловна става сексуално ориентирани сликици на индиректен начинви подметнува реклама за самиот весник. Купувајќи го весникот сте ја „попиле“ рекламата без да „ви текне“ како сте биле изиграни.
Џинглови: По манипулацијата со нашите визуелни сетила, под реден број два, следува манипулација со слухот и комплементарните ритам и мелодија, т.е преку ритмичната и повторлива музика. Кога некој џингл, слоган ќе ви се приврти в глава, тоа не излегува лесно. Како на пример можеш да одолееш на заразен џингл од типот на „Епинал, Епинал, Епииинааал…“. Тешко. Се прашувам само колку тоа што не учат на песнички во градинка нè прави поподложни на вакви реклами.. Ех, да знаев да и кажам на мојата воспитувачка кога ми бараше да ја испеам „Дувна ветре развигорче..“ дека одбивам да се подложам на тренинг за адвертајзинг индустријата.
Апсурдното: Да ги фасцинираш луѓето, импресионираш и приклониш кон некаква економски базирана одлука е најлесно преку сервирање на апсурдни ситуации и конструкции. Па имаш рекламни ликови кои летаат, скокаат од зграда, прават „најлуди“ (апсурдни) нешта, а токму таквите полесно се врежуваат во нашата свест.
Фантазирање: Апсурдното и фантазирањето често се испреплетуваат, и се хранат едно од друго. Како и да е, поттикнување на фантазирањето и на ситуации во кои можете да се проектирате себе си, се тешки за одолевање. Еден модел на потикнување на фантазијата (во основа метонимиски) е да изфантазираш да изгледаш како некоја манекенка или да си фаца ала Мајкл Џордан со тоа што ќе земеш нешто што тие земаат, другиот е метафоричен, па понудените рекламни слики и звуци да те наведат на „рајски“ асоцијации, и сл.
Сведоштво: Ако сте ја гледала Калиопи од пред некој ден како дава подршка на владините активности, во суштина тоа е тоа. Луѓето се прилично подложни на влијание на муабетотите кои с евртат околу нив. Препораката влијае во висок степен за тоа какви ставови донесуваме за нештата.
Она што не влезе во овие први 5 секако е: повикување на авторитет (Каролина за Комерцијална банка, на пр.), наметнување на консензус (ние сме најслушаното радио), навлекување на „солидарност“ (ти дава бесплатен период или гратис, очекувајќи дека ќе возвратиш со купување) и сл.“.
Координирање на една заедница може да се сведе само на модерација на коментари, што не е наивана работа. Но денес, се почесто со прилепивањето на цели социјални мрежи за одредени брендови оваа работа станува многу покомплексна, поосетлива и бара многу однапред донесени одлуки и стратегии како и добро обучени луѓе.
Во Романија, од неодамна праламентот усвоил закон кој ги обврзува сите телевизиски и радио куќи да објавуават еднаков процент на позитивни и негативни вести
Јован одлично забележал и изанализирал за рекламирањето на Т-Home на Facebook.
Но денес бев изненаден не само од огласот на македонскиот Телеком на Фејсбук туку и од констатацијата дека и покрај генералните трендови кои се против рекламирање на овакви сајтови, Т-Хоме всушност може да има поголем бенефит отколку просекот, па и да добиеме успешен случај / приказна. Еве на кратко зошто го мислам тоа:
Рекламирањето на социјалните мрежи се прави најмногу за брендинг. Телеком континуирано има буџет за овој вид на кампањи.
Телеком најверојатно има доставено опсези на ИП адреси (како на нивните така и на конкурентите) и претпоставувам дека кампањата е таргетирана на национално ниво. Со тоа не се губат пари вон границите на пазарот.
Посетителите на фејсбук се млади, претежно учени луѓе кои интензивно користат интернет и останати комуникациски услуги.
Пред извесно време читав за порастот на рекалми на Facebook и во Cрбија. Драган имаше наведено неколку едноставни причини (делумно важат и за МК) за зголемениот број реклами:
Kada korisnik koji ima šta da oglašava vidi na Facebook neku domaću reklamu, proverava na koji način da to i sam uradi.
Oglašavati se preko ovog servisa je veoma jednostavno, i nije skupo, ako se oglašava po principu plaćanja po kliku. Ovaj sistem oglašavanja je poznat onima koji se oglašavaju preko Google-a, E-target-a i ostalih sistema kontekstualnog oglašavanja.
Рекламирањето на Facbook засега е најефтино по клик, но таргетот тешко се гаѓа. Од скромнотo искуство кое го имам во моментов за во Македонија би препорачал Adwords. Убаво е што и таму може да се одбере локален таргет и да се одберат добри клучни зборови кои кога ќе се ограничат само на посетители од МК, воопшто не чинат многу.
Е сега, тука се јавуава и друг проблем. Каде има вакви реками? Зборувам за сајтови со локална содржина. Колку и да се појавува вашата реклама на сајтови од ахглиско или друго говорно подрачје, сепак голема е веројатноста дека ќе огласувачот ќе посака да се појавуа, по истиот систем на клучни зборови, и на релевантни локални сајтови.
Убаво е што работите се движат напред, и што адвертазинг колачот добива дел за онлајн рекалми, бидејќи токмо тоа беше посочено вчера како важен фактор во развојот на локалните информативни сајтови.
п.с. Ми требаат 20 клика на линкот зад сликат со книгата, за да ја добијам. Ќе ја споделам. Кликај.