Posts tagged ????????????

Младите ги преферираат социјалните мрежи наспроти блогирањето

Веќе некое време е излезен извештајот „Социјалните медиуми и младите“ на Pew Internet. Една од главните точки во извештајот е опаѓањето на интересот кај младите за блогирање и за коментирање на блогови без притоа да имаат сопствен блог. Ова како податок ми падна во очи и размислував која е причината/те во период од 3 години младите да го имаат изгубено интересот за блоговите. Прво ќе одиме со главните заклучици од истражувањето, а после ќе ги дадам причините за опѓањето на интересот кај младите за блоговите кои успеав да ги рафинирам со помош на дискусијата која ја имав со Дарко.

Резултати од истrажувањето на Pew Internet

  • 14% од тинејџерите кои користат интернет блогираат за разлика од 2006 година кога оваа бројка била 28%
  • Исто така има пад и во коментирањето на блогови од страна на тинејџерите од 76% во 2006 година на 52% денес
  • За споредба, блогирањето кај возрасната популација останала горе-доле стабилна во последниве години. Според истражувањето на Pew Internet од 2005 па до денес, грубо земено секој 10-ти возрасен кој користи интернет има свој блог.

Додека блогирањето помеѓу возрасните останува речиси исто кај одредени старосни групи во последните години драматично се променува.

  • Во декември 2007, 24% интернет корисниците на 18-29 години изјавиле дека имаат сопствен блог за разлика од 7% блогери од оние на 30 години и повеќе
  • Во 2009, само 15% интернет корисниците на 18-29 години имаат блог, што претставува пад од 9 процентни поени за само 2 години. Додека 11% од интернет корисниците на 30 и повеќе години сега имаат сопствен блог.

Причини за опаѓање на интересот кај младите за блогирање

  • Прва и наједноставна причина: Facebook. Со можноста да се остави статус на интернет страните за социјално вмрежување, потребата да се комуницира во подолга форма како реченици или параграф повеќе не е потребна. Наместо да се сумира целиот ден во блог пост на пример, младите можат едноставно да го ажурираат својот статус на Facebook повеќе пати во денот. Овие кратки содржини, кои наликуваат на секогаш популарните СМС пораки помеѓу младите, се полесни за примање затоа што содржат мало количество на информација. Одземаат неколку секунди да се прочитаат, а не минути. Коментирањето исто така одзема кратко време. Со оглед на тоа дека скоро секој има повеќе стотини пријатели на интернет страниците за социјално вмрежување ова инстант комуникација и тоа како има вредност. На ова како поткрепа може да се додаде и податокот од истражувањето кое вели дека дури 72% од интернет корисниците на 18-29 години ги преферираат интернет страниците за социјално вмрежување како примарен канал за комуникација.
  • Втора причина е информациска презаситеност. Судрувајќи се секој ден со СМС пораки, телофонски разговори, ажурирање на статуси на Facebook и на други социјални мрежи младите едноставно се дават во комуникација. И кога има толку многу информации едноставно најлесно е да се изостават оние канали на комуникација каде се бара повеќе време, повеќе внимание и концентрација.
  • Трета причина се мобилните телефони. Се повеќе младите читаат и создаваат содржина преку нивните мобилни телефони. Добрата страна е што нудат голема мобилност и следење на комуникацијата во реално време, но самата технологија налага и предодредува примање и праќање на мали количества на информација
  • Четвртата причина која е најверојатно само последица на претходните (или обратно) е промената на комуникацискиот систем. Како последица на заситеност од информации веќе станува тешко да се одвои релевантното од неважното и наместо повеќе информација најчесто се завршува со губење на значењето. Младите имаат претстава дека се информирани додека имаме исценирана информираност, исценирана комуникација. Оваа ги одвлекува младите да „губат“ време со „предолги“ тесктови кои можат да се најдат на блоговите.

Таг револуција

Веќе е извесно, западниот свет ја даде својата поддршка и ја именуваше револуцијата во Молдавија како Twitter Револуција.

Младите таму, како скоро сите малди ширум светот, ги користат новите комуникациски канали за да се органзираат т.е. да пренесат пораки на што е можно повеќе луѓе за пократко време. Секако тука е Facebook, но до израз доаѓа најмногу Twitter.

Зошто?

Па иако Молдавија не технолошки толку развиена овој сервис за микроблогирање не бара многу. Прво, овозможува да се движите и да го користите, т.е. не мора да се врзете за компјутер туку доволно ви е мобилен телефон, второ не треба којзнае колку напор за да се користи. Има тука и три и четири итн ама не мора сега….

Тагот кој ја означува револуциајта е: #pmot

#pmot = Piata Marii Adunari Nationale
#pmot = Piata Marii Adunari Nationale

Револуционерни тагови имаше и во Македонија. Добро, не успеаа да излезат во локалните мејснтрим медиуми, како што беше ова со МВР, нити пак надвор од локалниве, но сепак чинам поставија некоја подлога за нешто понатаму. Да наведам некој таков таг: #плоштад09, #саат итн.

Што е пак сега тагот важен?

Тагот овозможува централизирање на дискусијата. Тагот овозможува соеднување на сите пораки на едно место. Тагот за засилува пораката. Тагот овозможува поголема достапност на содржината. Тагот овозможува лесна ре-дистибуција и пребарување на содржината.

Кога содржината која претходи на тагот е проактивна и повикува, јасно е дека со сета оваа моќ, тагот не е за потценување. Ако на ова се додаде и моќта на мобилната комуникација, резултатите се видливи низ улиците на Кишинау и доправа ќе бидат видливи низ светот.

Секако, обиди за спречување на ваков развој на настаните се можни. Веќе се користат техники за блокирање на сигналот на мобилните телефони, се дискутира за укинување на интернет конекции, но дали е ова демократски?

Дали новите медиуми и новите екстремно динамични и моќни канали на комуникација ја прошируваат или ќе предизвикаат стеснување на дефиницијата на слобода и демократија? Дали воопшто се подобни за ширење на револиции? Или поточно за кој дел од револуциите и општествените активности се подобни?

Локално, пред нас е уште еден настан за кој добив покана на Facebook. И? Се променува нешто? На подобро иде или на полошо?

Одговори на дел од прашањата има на следниве линкови, задолжително за читање (да не линкам на поише места низ постов еве ги на крај)

Moldova’s Twitter Revolution, More analysis of Twitter’s role in Moldova, Inside Moldova’s Twitter Revolution

Photo by Aurelian Săndulescu