Posts tagged kurir

Авторот е уредник на блогот…

Пред некој ден, листајќи, да не речам читајќи Нова Македонија налетав на еден текст во секцијата со ставови, колумни, писма и сл. потпишан име и презиме горе лево, а на дното пишуваше Авторот е уредник на блогот…

Не можев да сфатам. Што уредува тој автор? Блогот е http://capitalism.blog.com.mk/ и колку што можам да видам има еден автор, не дека ако има повеќе би можел да видам бидејќи blog.com.mk не овозможува повеќе автори на еден блог. Значи може да претпоставам дека се уредува сам себе т.е. своите постови, а во сајдбарот видов дека има вкупно 17 написи од кои 15 се колумните објавени во дневнит весник Нова Македонија каде и јас го најдов.

Може кревам прашина без потреба ама мислам дека не е многу да се очекува ако некој се наканил да користи блог како форма за објавување на содржина на интернет претходно да се запознае со природата на медиумот. Не верувам дека иститот тој уредник би испратил видео за да му го испечатат во весник.

Линкот до Нова Македонија не е од најновата колумна, бидејќи не можев да ја најдам архивата на сајтот па го ставив првиот кој ми се појави на пребарување на Google. Дополнително на сајтот не го видов ни името на авторот, па затоа и не го наведов, (го најдов на блогот го пишувало: Виктор Трифуновски) жалам весникот не ми е при рака.

Реклама на цела насловна

Јули 2006 во еден пост пишав:

Мене едноставно ми се допаѓа идеата за реклама на цела насловна страна 🙂 баш би сакал да видам како тоа би изгледало кај нас 🙂 …70,000 $ казна за насловна страница

И ете, се случило и тоа, а јас не сум го ни забелеежал. Ама затоа има тука и други блогери кои не пропуштаат:

Ги видовте ли денешните насловни страници на Шпиц, Време и Коха? Видовте ли кој е газда на насловните страници денеска, особено ако се земе предвид дека денеска излегоа само весниците на Велија Рамковски?

Колку и да му изгледа некому контраверзна, ми се допаѓа идејата насловните страници да се нудат на продажба во целост, па кој сака – бујрум, нека си ја купи и нека си објави реклама. …Бележник