Posts tagged LeWeb

[подкаст с2-е13] Super Swarm Фестивал, LeWeb и други теми

Foursquare Super Swarm ФестивалВо овој подкаст немавме некоја централна тема туку зборувавме за неколку настани што се случија и што треба да се случат. Емисијата ја започнавме со дебатата за граѓански активизам организирана од граѓанското движење против полициска бруталност на која покрај мене учествуваа Мирка Велиновска, Никола Наумовски и Оливера Трајковска. Модератор беше Љубиша Арсиќ од Алфа ТВ. Дарко сподели повеќе информации за LeWeb а неможевме а да не го споменеме Super Swarm Фестивалот кој ќе се одржи утре во Рамстор. Симнете ја 13-тата епизода од втората сезона и преслушајте :).

LeWeb’11 прва најава и стартап натпревар

И оваа година од права рака ќе пишувам за најголемиот интернет настан во Европа LeWeb’11. Како лани и сега ќе бидам единствен официјален блогер од Македонија.

Continue reading

LeWeb10 – за содржината

Само нешто повеќе од два дена траеше овој настан а навистина ми претставувуа предизвик да пишам сумарен пост со моите лични впечатоци. Предизвикот е голем заради опасноста да не се испушти нешто важно или да не се нападане нешто што не сум ни дораснат да го коментирам. Па некаде помеѓу овие два краја еве обид да си ги средам во еден (а може и повеќе) блог постови моите впечатоци.

Во првиов фокусот ќе биде на содржината на конференцијата.

Вториот ден на хартија изгледаше послабо од првиот. Барем според звучноста на поголем дел од имињата односно компаниите кои доаѓаат, но како што и секогаш бива, вториот ден имаше подобра содржина. Мала напомена, настанов имаше во секој момент најмалку 3 различни паралелни сцени на кои се одвиваа различни презентации и работилници. Во таква ситуација мојот поглед секако е ограничен од она што јас успеав и одлучив да го видам.

Првиот ден на главната сцена имаше позвучни имиња и компании, што пак значеше дека ќе има помалку новитети и возбудливи презентации. Всушност презентации имаше многу малку. Паметни и искусни се организаторите па поголем дел од програмата беа интервјуа односно прашања и одговори на сцена. Дефинитиовно формат кој ќе се обидам да го имплементиран на некој следен настан кој ќе го организираме. Ова секако, не значеше дека содржината на истите беше поинтересна, затоа што освен пропустот на претставникот на PayPal (му се испушти дека владата им наложила да ја затворат сметката на Wikileaks) други значајно нови инормации немаше. Овде не ги бројам бројот на симнувања на Angry Birds, бројот на корисници на FourSquere и сл.

Од првиот ден со задволство ќе го издвојам интервјуто на Michael Arrington (TechCrunch) со Marissa Mayer (Google). Michael се обидуваше да ја испровоцира, да нападне, да биде арогантен и зајадлив, но секако сето тоа не е доволно за професионалец од рангот на Marissa да падне. Па така и покрај интересните прашања се се` заврши со прилично стандардни ПР одговори па дури и промоција на новиот Nexux S и мапите на Google. За тоа како моја фотографија од Marissa Mayer се најде во германското издание на Financial Times ќе напишам посебен пост :). Е да, не смее да се изостави и одличната дебата на тема медиуми, која не можеше да ја заобиколи најжешката тема деновиве: WikiLeaks

Детален извештај случувањта на главната сцена во текот на првиот конференциски ден има во постот на Небојша. Тој даде жртва и во име на балканската дружина единствен блогираше двата дена во живо.

Вториот ден отоври дискусија од различен тип. Парите беа во фокус сега. Имаше инвеститори, ангели, претприемачи и слично. Денот го отвори Yossi Vardi со оваа извонредно интересна (забавна) презентација на тема Wisdom of Crowd. Понатаму имаше интересни дискусии на тема како да те купи Google или Microsoft, како да се спреми стартап за продажба, како се носи таква одлука и сл. За некаде после ручекот овие дискусии кои во фокус ги имаа стартап комапниите да заврши со доделување на награди на најдобрите стартап компании кои оваа година улествуаа во предизвикот. За оваа тема и за форматот на овој предизвик планирам да напипам посебен пост.

Ќе ја прескокнам работилницата на Facebook, затоа што дел од неа ја снимив и објавив како видео, а и башка предавањата таму беа доста базични и дечките не беа баш многу расположени да ги одговорат прашањата на мојот цимер.

Пред самиот крај на овој дводневен настан следуваше јаготката. Како и на добар концерт, секогаш хитовите се оставаат за крај за да си оди дома публика со позитивни импресии. Така беше и на овој LeWeb. Некаде пред самиот крај настапи Jeremiah Owyang. Крајно професионално, одмерено, тој претстави предвидувања за развојот на компаниите кога станува збор за употреба на социјалните медиуми. Се разбира ова предвидување се темелеше на добро истражување и негова анализа. Целата презентација еве ја подолу.

И за крај, ама скроз на крај, Gary Vaynerchuk. Имам гледано на нет настапи од човеков, и му го знам стилот. Ми се допаѓа, не дека не, ама се некако ми се чинеше дека има дел од настапот кој е глума, кој е само за на сцена, дека човекот кажува работи кои ги кажуваат и другите ама само изгледа малку поинаку. Сум се излажал. GaryVee ме воодушеви комплетно. Тој го правеше токму она што другите најчесто само го зборуваат. Отврено, транспарентно, искрено. Полно со емоции и импровизација ама од блиску се гледа дека не е глума и дека има многу енергија :).

Без сценарио, без подготвен текст. Човекот минатта година на истиот настап му се скрал на сцена на организаторот (Angy Loic 😉 затоа што немало прашања од публика предвидено во форматот. Па затоа оваа година тој немаше говор. Целата сесија беше комплетно само прашања и одговори. Нема да прераскажувам. Еве го видеото. Само кога ќе го гледате обидете се да не го помислите она што го помислував јас пред да го гледам во живо.

И што може да се сумира на тема содржина на LeWeb? За мене ова беше прв настан од овој размер. Не знаев баш точно што да очекувам. Се на се, немаше промашени теми, немаше повеќе од 2 промашени говорници. Имаше мнооогу различни луѓе кои се прошетаа на сцената. Имаше доста нови информации, некои помаку некои повеќе вредни, и на крај го имаше Gary. Настан од овој размер има далеку повеќе од самата содржина на сцените. Во следните пост или два ќе се обидат да споделам по некој збор и за тие работи, како јас ги видов. Сега за сега толку. Јас, дефинитивно би одел пак на LeWeb :).

Le Web 10 – Backstage session

Според најавата вчера имав можност да ѕирнам зад сцента и организацијат ана овој голем настан. Низ турата не водеа главните „виновници” за овој настан Loic Le Meur и неговара сопруга Geraldine. Еве неколку видо клипови баш од тој дел каде беа најавени доста работи за овие два дена но и ни беа откриени некои полутајни, како на пример единственото место каде овие два дена блогерите немаат пристап – делот каде ќе се одмараат големите фаци 🙂

Одлични се видета, задолжително е да ги погледнеш пред самиот настан кој започнува денес (08.12) во 9.00

Брза проценка на веродостојноста на интернет страница (1)

Интернетот и неговата содржина си имаат свои обележја преку кои често може да се дознаат многу повеќе работи. За тоа е потребна едукација, време и искуство. Серијал со интересни совети кои се базираат на техниката на поставување на брзи прашања со кои може квалитативно да се филтрира интернет содржина

Continue reading

Што може да се очекува од А1.com.mk

Листа на предлог идеи, не забелешки со кои може дас е дополни во иднина содржината и структурата на, веројатно, најнапредниот македонски сајт за вести. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат.

Continue reading

Kirilica.com.mk епизода 2

Неверојатно, изминатава недела и кусур Кирлица.ком.мк, новиот македонски news сајт се рекалмира на тв и на билборди (може има уште некаде а да не сум видел) а како резултат на тие реклами бројот на посети на овој блог се зголемува. Навидум нелогично, но и не е баш така сложено.

Пред да се појави официјално овој сајт јас пишав еден краток пост, своевидна најва и критика за нивното лого. Е, сега тој пост на пребарувачите се јавува секогаш некаде при врвот и луѓето често го кликаат. Нема тука ништо лошо, но во резултатите самиот сајт на Кирлица се појавува доста подолу.Еве нека биде тоа забелешка број 1. Сајтот се рекламира на тв и на билборди а онаму каде се добива војната не вложиле ништо: пребарувачите т.е. SEO – search engine optimization

Чекав да застане солидно на нозе па да се одврзам да пишам уште некој коментар за сајтот. Па еве ова нека е забелешка бр. 2: Типографијата на сајтот е благо речена лоша. Нема соодветна пропорција и дистинкција меѓу наслови, теми, наднаслови и сл.

Забелешка бр. 3: Многу празен простор, белина (добро некаде белината е црвена, жолта или плава 🙂 Едноставно не може да се дозволи да има толку мал наслов а онаму каде често се движи окото при читање да стои толкав празен простор.

Забелешка бр.4: Има рубрики кои (би требало да) комуницираат со публиката, а притоа никаде нама упатство, совет или директен контакт, што се очекува од нив. Мислам на одделот видео одговор и ти репортер.

Забелешка бр. 5: А може и да е најголема, нема RSS. News сајт без RSS – тешка работа во денешно време.

Има уште ситни, но не и неважни работи на кои им треба промена. Но основната причината за да ги пишам постов беше за да овозможам на оние кои пребаруваат „kirilica” „kirilica.com.mk” и сл. а слетуваат тука да прочитаат нешто што е во тек со настаните, бидејќи претходниот пост не нуди многу информации, а и башка стар е.

Le Web 3

На 11 и 12 декември во Париз се одржа 3-тата „интернационала“ на блогерите, а бидејќи беше во Париз мораше да има француски белег и беше насловена „Le Web 3“.

techcrunch-image.jpg Програмата на собирот беше интересна а за тоа како се одвиваше самата конференција прегледен запис на сајтот на BBC.

With 1,000 people attending from 37 countries, Le Web 3 is almost certainly the biggest conference of its type anywhere in Europe. Like many of the technologies that are being discussed here, and the markets for them, the two-day conference itself is in transition.

In his opening address, the organiser, Loïc Le Meur from Six Apart, admitted that the conference had drifted from its roots as a conference for and about blogging. Now it’s all a bit flash for mere bloggers with corporate sponsors in abundance, a slickly prepared venue with theatre-size screens projecting multi-camera video and presentations, croissants and latte served on metal trays and an exhibition area set aside for more than 50 start-ups…

The big names are here this year too. Not just from the worlds of blogging and technology like Technorati, TechCrunch, Mozilla, and Skype, but also representatives from companies that have already become household names such as Yahoo, Nokia, Google, Orange, Lastminute.com.