Posts tagged ??????? ?????? 2009

Кога ќе почнат да заживуваат локалните весници?

не се македонските весници на исто ниво со оние од западниот свет и со оние американските. Па затоа мора и да се соочиме дека локалните битки за враќање на нивниот сјај не се секогаш идентични со тие што ги читаме на Интернет. Треба да се изнаоѓаат локални решенија, да се погледне подлабоко дома, да видиме зошто весниците паѓаат и како може да се подмлади публиката.

Continue reading

Медиумски огледала и прозорци

Заокружувајќи ги истражувачко-мониторските активности околу работата на медиумите во изборниот циклус 2009, „Македонскиот институт за медиуми“ излезе со резултатите од својот мониторинг минатата недела (Дарко беше на промоцијата, јас не 🙁 Во него се наведуваат разни недостатоци во работењето на медиумите, што по својата конструктивна аргументираност секако е нешто што може да придонесе кон подобар увид како медиумско-комуникацискиот систем функционира кај нас. Ќе наведам само некои поистакнати сентенци од овој извештај:

Истражувањето покажа дека националните радиодифузери понудиле релативно задоволителен прос­тор во информативните емисии за прет­се­да­тел­с­ки­те избори, но повеќето од мо­ни­то­ри­раните медиуми, со исклучок на Алсат М и Македонската те­ле­ви­зија, по­т­фр­лиле кога станува збор за специјализираните емисии, како што се дебатите, интервјуата итн. Скромен простор, според резултатите, бил отс­та­пен на изборите за гра­­до­на­чал­ник на Град Скопје, а информации за локалните из­бори во другите гра­дови во Македонија речиси и да немало.

Што се однесува до печатот, истражувањето покажа „скромна” изборна понуда, жан­ров­с­ки доминантно информативна, наспроти слабата застапеност на ин­тер­п­ре­та­тив­но-аналитичкиот пристап. Исклучок од овој тренд е забележан кај весникот Дневник.
Првичните сознанија покажуваат дека во известувањето преовладувале извештаи од изборните активности на пар­тии­те и кандидатите, но тоа претежно биле штури информации од ка­те­го­ри­ја­та “промоција на кандидатите”, т.е информациите фактографски ја следеле дневната агенда на кампањата на кандидатите, набројувајќи кои места кан­ди­датите ги посетиле и со кого се сретнале.

Она што може да се додаде, во некоја комплементарна смисла на овие недвосмислени заклучоци, е дека локалните креатори на медиумските содржини како воопшто и да не размислуваат на вакво (системско/општествено) ниво, а своето функционирање го редуцираат на тесна пазарна основа, која ги деградира другите функции на медиумите.

Мој личен впечаток е дека кај нас е доминантен таков тип на медиумска перцепција во која ниту медиумите се обидуваат, ниту гледачите бараат нешто во оваа смисла (квалитетно покривање на општествено релевантни теми). Таа локал-логика некако се сведува на оној модел „медиумот како огледало“, но не на стварноста и реалноста, туку на нашите личниставови за општеството и средината.  Задоволството го наоѓаме, а така и бираме медиумски содржини, во потврдувањето на своите гледишта преку другите и ментална блокада за различното. Од ова секако прозилегуваат и дефектните  појави од типот немање дијалог и толеранција помеѓу различни општествени слоеви и групи од интерес.

Гледачите и читателите во услови на неквалитетно и неаналитичко новинарство, се практично наведени во таквото „сивило“ да одат по инерцијата преку конзумирањето медиусмки содржини од информативен тип, да си ги потврдуваат своите ставови (да се огледаат себе си во другите), отколку да побараат информации и анализи. Ова второво би било по принципот на „прозорец“ (кон стварноста), за која како да забораваме дека е возможно, иако ни е достапно преку регионалните и светските медиуми, подеднакво лесно како и шкарт-содржините (чест и почитание на исклучоци) од домашните медиуми.

Редефинирање на дневните весници

Немам а и не горам од желба да имам информации како се движат тиражите на нашите дневни весници, а и да имам кој знае колку се точни. Но во моментов би сакал да знам дали за локалните тиражи важи новиот светски тенд кој предизвикува сериозни промени во издаваштвото.

Веќе некое време дневните весници по светов бележат падови на тиражите и брoјот на реклами во текот на работните денови, а на сметка на тоа викенд изданијата скоро па да цветаат.Може ова и да не е глобалниот тренд но останува фактот дека некои денови од неделата оди подобро од други, и тоа континуирано.

И нормално кога во некои денови не иде, а нема пари, рецесија, едно друго, мора да се преземе нешто.

Фино си смислиле некои весници, ќе излегуваат само оние денови кога им се исплати:

This week, three Ohio newspapers—The Troy Daily News, Piqua Daily Call and Sidney Daily News—have announced that effective Feb. 10, they will eliminate their Tuesday editions.

The 100-year-old Troy Daily News will now publish six days a week, including the Miami Valley Sunday News on Sundays. The Piqua and Sidney newspapers, which do not have Sunday editions, will print five days each week.Monday’s news will be published in expanded Wednesday editions and will be available online Tuesday on the newspapers’ Web sites: troydailynews.com, dailycall.com and sidneydailynews.com

In the UK, the Liverpool Daily Post, has cancelled its weekend edition, now publishing only Monday through Friday. This is a part of a structural reorganization of the newsroom.

Малку повеќе детали за одлуките има кај Dr. Mario R. Garcia: Never on Monday—-or Tuesday, or Wednesday: how newspapers redefine “daily”

За воља на вистината и јас кога купувам весник најчесто купувам за викенд, ама ич не сум подразмислил како би функционирало тоа да се скокаат денови?

Веројатно еден од основните предуслови за да се донесе некоја ваква одлука, локално, ќе мора да биде малку поголема инвестиција и посериозен третман на интернет изданијата. Факт е, од сегашна гледан точка тие чинат помалку отколку пешатење и дистрибуција на стандардно издание.