Сумарно земено, кршејќи го човечкото и професионалното достоинство на овие и бројни други актери во случувањата, медиумите, всушност, најмногу го погазија сопственото достоинство и сериозно ја загрозија довербата на јавноста во нив.
Continue readingPosts tagged loss
Новинарска драма
Еве ќе се навршат речиси две недели од пробликот на еден интересен феномен, па откако стручната, академската и пошироката интелектуална јавност не се огласија, низ разговор со Дарко одлучивме овде на овој блог да го прибележиме настанов. Навистина, штета да остане неспомнат.
На ден втори, месец јануари, лето 2009, осамна на сајтот на А1 мошне интересен прилог под наслов „Во март одговор дали Македонија заслужува безвизен режим“. Во него покрај техничките информации од седницата на македонската Влада беше прибележен и еден дел од самиот прилог кој од корен ги видоизмени нашите сфаќања за новинарските жанрови. Станува збор за вметнувањето од ТВ прилогот на дијалогот помеѓу два члена на Владата (види линк до веста).
Ако малку повнимателно се изанализира самиот текст лесно ќе се воочи дека станува збор за микс од прилог и новинарска драмска едночинка со два лика и антички хор во ликот на министрите од Владата. Многу, многу интересно, и останува само да жалиме што самиот автор на прилогот не ги употребил и останатите драмски средства и методи за постигнување на уште посилен ефект во автентичното пренесување на овој настан. Еве некои сугестии во тој правец:
Драма, едночинка, ликови Ивица Боцевски, Груевски, хор.
Боцвски: (се закашлува и погледнува самоуверено кон Груевски): „Од наша страна останува да ја завршиме работата, рековме не завршуваме со визна либерализација, одиме да се интегрираме целосно на Шенген системот. Ќе го презентираме тој план“,
Груевски: Кога ќе станеме членки на ЕУ, па одма да влеземе во Шенген, тоа ли сакаш да кажеш?
Боцевски: Апсолутно (климнува потврдно и значајно со главата).
Груевски: Ивица, многу напред си отишол. Што ќе правиме вака? (прашува со насмевка на лицето).
Е тоа ќе беше оваа новинарска иновација во своја потполна и целосно ефектна форма. Добро, сега некој скептик ќе рече дека ќе треба Deus Ex Machina ефекти за довршување на оваа ендочинка, но не ни беше тоа муабетот.
Вордлaње на нашите медиуми
Откако Баждарчијата го истестира, Дарко го пренесе пред тоа, а Јетон го приопшти во нашата Блогосфера, си реков време е и јас да се испробам на овој одличен сервис: wordle.net. Wordle e сервис за генерирање на таг-облачиња (tag clouds)
Мене ми беше интереснода го тестнам на нашите медиуми. Неколку процедурални реплики: (1) сајтовите кои имаат RSS feed, се внесуваат преку RSS, но ги дава само оние последни фидови кои се наоѓаат на РСС-листата на последни вести (во просек 15-20 кај разгледаните медиуми); (2) Кај оние што немаат RSS морав рачно да ги внесувам копипејстно текст по текст, но само ударните вести, т.е. оние кои се дадени како главни вести на почетната страница на веб изданијата на нашите медиуми.
Еве ги резултатите (напомена: податоците се илустративни, делумни т.е. се однесуваат само на ударните вести и се механички генерирани од самиот сервис):
Кај Утрински весник доминираат економски теми (дефицит, увоз, долари, и.т.н.).
Кај Макфакс провејуваат повеќеинтернационални вести.
За Вечер идеална вест би бил некаков mеnage-a-trois помеѓу БЦ, Зајче и Парис Хилтон 🙂
Кај А1 доминираат внатрешно политички лексеми/теми (Црвенковски, Зоран, градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ, и т.н.).
За некое поопсежно истражување Wordle e навистина добар инстражувачки инструмент (ако се примени како што е предвидено), иако внимателниот аналитичар секогаш ќе ги спореди истите податоци на различни инструменти, а вакви генератори има прилично.
На оние на кои не им се допаѓа нешто нека си се жалат на Вордле 🙂
Што може да се очекува од А1.com.mk
Листа на предлог идеи, не забелешки со кои може дас е дополни во иднина содржината и структурата на, веројатно, најнапредниот македонски сајт за вести. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат.
Continue reading