Posts tagged ??????????? ????

Најзастапени области во ТВ вестите

Според најавеното, во неколку „продолженија“ ќе се обидам да пренесам некои од поинтересните резултати добиени од моето истражување како дел од магистерскиот труд на тема „Разлики во телевизиските дневници на програмските сервиси во Македонија“.

Истражувањето беше изврешено во текот на септември 2009 и се однесува на оние домашни телевизиски сервиси кои емитуваат програма на национално ниво по терестријален пат, односно во неа не се вклучени ТВ-сервисите кои емитуваат програма преку сателит.

Во овој прв пост го издвоив „ѓевречето“ кое се однесува на застапеноста на различните теми во телевизиските дневници, зададени и групирани во соодветни области:

Од горе прикажаното се гледа дека најзастапени содржини во домашните вести беа (се) прилозите од областите политика (37.06%) и хрониката (црната хроника или крими-хрониката) со 24.99%.

За многумина ова секако не е изненадување, но она што се покажа како дополнителен наод од истражувањето беше тоа што темите во телевизиските вести во голем степен можат да бидат наметнати од т.н. „моќни извори“ на информации (политички субјекти, институции и сл.). Како резултат на заинтересираноста на политичките субјекти да доминираат со информативните програми тие успеваат да им наметнат на домашните медиуми речиси секојдневно серија на т.н. „политички псевдо настани“ и со тоа да им ја диктираат и агендата за која се заинтересирани. Како резултат на тоа кај домашните медиуми се уште преовладува т.н. „регистрирачко новинарство“ при кое медиумите де факто трчаат по политичарите и темите кои тие им ги сервираат.

Втор индикатор кој се покажа како важен од овој дел од истражувањето е т.н. „провинцијализација“ на вестите кај нас, односно минимална застапеност на вестите од светот, што во услови на интензивна поврзаност на земјтие во овој глобализиран свет, е навистина назадна и неразбирлива логика на нашите телевизии.

Мала семиотика на Facebook профили

Според класичната поделба на знаците на Чарлс Сандерс Перс (Charles Sanders Peirce) на икони, индекси и симболи, може да се разгледаат и неколку потековни појави, како на пример ставањето на слики/фотографии на профилите на друштвените медиуми, од типот на Facebook и My Space.

Вака гледајќи со „семиотички очила“ сликите кои на пример Facebook корисниците ги ставаат на своите профили можат да се групираат токму според оваа типологија на знаци:

  1. ИКОНИЧКИ ТИП: Слика од себе си во најпортретска смисла:

  2. ИНДЕКСИЈАЛЕН ТИП: По логика на метонимиска блискост или поврзаност, корисниците можат да стават слика од свое дете, внуче, галениче, својата куќа, автомобил, дворот, градот, и слично.
  3. СИМБОЛИЧКИ ТИП:

Третиот тип е оној на арбитрарна поврзаност на сликата и корисникот:

Сега дали има некое подлабоко значење за овој тип корисници преку нивните профил-слики/фотки останува да се истражи.