Posts tagged mobile phones

Google против Facebook, повторно

Да, вечната борба помеѓу Google и Facebook продолжува. Овој пат Bradley Horowitz, Google VP, јавно се потсмева на невкусниот приод кон можностите за огласување на оваа социјална мрежа на Business Insider’s Ignition Conference.

Continue reading

Анкета: Употреби на вашиот мобилен телефон

Блогот „Комуникации“ Ве замолува, ако сте при доволно време (а знаеме дека сте корисник на мобилна  телефонија) и добра волја да одговорите на прашањата на анкетата „Лична перцепција на употребата на вапиот мобилен телефон

Податоците од оваа анкета ќе бидат употребени како надополнување на истражување на тема перцепција на мобилните телефони и нивната употреба. За пополнувањето на анкетата се потребни не повеќе од 5 минути. Анкетата не бара ваши лични податоци и вашите приложени податоци не можат да бидат злоупотребени на каков било начин.

Методолошки земено, соодветните броеви од скалата за оценување се однесуваат на: 1 – воопшто не се согласувам; 2 – не се согласувам; 3 – немам одреден став ( неутрален); 4 – се согласувам; 5 – потполно се согласувам.
Ви благодариме.

Мобилна експанзија

Од поодамна мобилните телефони станаа најпроширена технологија во историјата на човештвото. Ова се само нови ажурирања на таа вест. Сумарно, 2.7 милијарди денес се корисници на мобилни телефони, или напишано вака за да делува поимпреисвно 2, 700 000 000 корисници :)

According to a recent Experian study, currently there are 2.7 billion mobile phones globally in use. By comparison, there are 850 million personal computers, 1.3 billion fixed landline phones, and 1.5 billion TV sets.nuz.jpg

In January 2001, only 13 percent of the global population carried a mobile phone. However, by December 2010, the figure will reach 70 percent, Media Post reported (SFN).

Што се однесува до бројките од Македонија ја задржувам својата резервираност за веродостојноста на податоците :) оти, на пример, јас и брат ми имаме досега купено едно 15 сим картички, и ако не бројат како 15 корисници, за да се достигнело некоја бројка, тогаш не знам колку се самите официјални бројки реални.

пс: Фала до Дарко за линкот :)