Posts tagged ??????? ????????

MobileMonday доаѓа во Македонија

Веќе неколку месеци откако ја добивме лиценцата за ораганизација на MobileMonday заедно со WebFactory пробувавме да го организираме првиот настан. Што поради презафатеност, отсуство од Македонија и друго објективни и субјективни причини се одлужуваше првата MobileMonday средба, но конечно на 9-ти мај во Клуб на новинари со почеток во 18:30 часот успеавме да го договориме првиот MobileMonday настан во Македонија. Се надеваме дека ќе бидат што е можно почести. Во продолжение детали за првиот настан преземени од вебсајтот на MobileMonday Македонија.

Првиот MobileMonday настан во Македонија ќе се одржи на 9-ти мај (понеделник) во 18:30 часот во Клуб на новинари (види на мапа). Темата на настанот ќе биде: „Развој на мобилни апликации во Македонија: Искуства и можности“. Своите искуства во развојот на мобилни апликации на настанот ќе ги споделат Владимир Радевски, вонреден професор на Факултетот за Современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ко-основач е на конзорциумот ВАПА и ко-автор на првата iPhone апликација за комуникација на Балканот – iBalkans и Глигор Дачевски, извршен директор на CreationPal и автор на мулти платформската апликација SportyPal.

На настанот може да присуствува секој заинтересиран кој што сака да сподели нешто во областа на мобилната технологија или пак сака да научи нешто ново. Насмевнете се, се гледаме во понеделник!