Posts tagged msnbc

Да немав интернет…

BBC започна една голема приказна по повод 20 години од постоењето на Интернет. И македонскиот BBC преведува некои од овие работи. Темата е голема, а еден дел од неа е посветен на споделување на ставови и изјави за тоа што значи интернетот за секој од нас. Мите си го кажал неговото (и на моменти лошо го скратиле) а јас еве сега ќе си го кажам своето:

значи, да немав интернет:

  1. Немаше да можам да ви пишам на мојов блог во кој имам вложено многу а тој ми има вратено со иста мера назад 🙂
  2. Немаше да можам да знам дека BBC пишува на оваа тема, зошто вести на радио скоро и да не слушам, се читам на интернет
  3. Немаше да запознаам еден куп одлични луѓе со кои денес редовно комуницирам на различни теми
  4. Немаше да можам да му нарачувам на брат ми да му купува разни глупости на интеренет за да ги донесе кога иде за Америка (таму нели поефтино е)
  5. Немаше да го работам она што го работам сега, затоа што работам БАШ ИНТЕРНЕТ.

За да го направиме ова баш како што тоа се прави на интернет (вирално), ги повикувам сега да кажат што би правеле Виктор, Марјан, Сеад, Ribaro и Владо без интернет.

*ако не ти е јасно зошто овој рутер е тука, гледај ја оваа епизода на South Park

Кога ќе почнат да заживуваат локалните весници?

не се македонските весници на исто ниво со оние од западниот свет и со оние американските. Па затоа мора и да се соочиме дека локалните битки за враќање на нивниот сјај не се секогаш идентични со тие што ги читаме на Интернет. Треба да се изнаоѓаат локални решенија, да се погледне подлабоко дома, да видиме зошто весниците паѓаат и како може да се подмлади публиката.

Continue reading

Macedonia online: По стапките на Естонија? Не баш…

Nicolas Kayser-Bril направи подолга турнеја низ поширокиов регион која ја започнал со цел да се запознае малку повеќе со локалните прилики и неприлики на тема онлајн медиуми, еве што забележа во Македонија

Continue reading

…за земјотресното мк новинарство

Ете, пак мора да се реагира.

Не дека уживам да критикувам ама ете, морам :). Во првиот обид кога коментиравме за техниките на објавување на онлине вести на сајтот на А1, Стеван реагираше позитивно. Стеван веќе не е таму, ама ајде да видиме дали сега ќе реагираат пак.

Ева што не ми чини.

А1.com.mk – Насловна вест – Земјотрес!

– Информацијата е објавена во 13:54. Фино. Брзо реагирале и објавиле. Јас преку линк на Twitter (патем и овој од таму го кликнав) видов дека и Макфакс имаат објавено ама според нивните детали некоја минута подоцна во 14:09. Одиме понатаму.

– Почнувам да читам. Изјави од скопјанка, видео прилог, изјава од Сеизмолошката опсерваторија. Слики од тие машините што мерат. Мапа. Браво. Браво. За 50 минути новинаров се си стокмил. Алал нека му е.

– Па и стендап си направил новинарот во прилог кој наликува како да е правен за некоја хипер локална телевизија (Скопје и скопјани се во центарот на сторијава) а не национална телевизија. Патем нели епицентарот бил блиску до Гостивар

– Продлжувам понатаму, 79 коментари (до сега 🙂 првиот од нив објавен во 13:29, па 13:30 и така се до 20тиот коментар, се видовити. Сите тие објавиле коментар пред и да биде објавена сторијава. Алал нека му е на народов. Брз, информиран и поише од новинариве, знае народов дека А1 ќе објави па да си стаат они кометар на време 🙂

– Налет друго, од коментарите добив чувство дека сторијава не била баш таа кога тие почнале да коментираат. Ко да собирале информаци заедно со новинарот, паралелно, ко да барале на интернет и ко да споделувале и тие.  А нив, читателите, активните читатели на А1.com.mk никаде ги нема во прилогот. Поглед во коментарите открива каде и колку се осетил земјотресов, и тоа е вредна информација а?

Да резимирам или јасни ми се поентиве?

Објавување на интернет си има свои принципи, етички и уредувачки правила. Тоа што на интернет може да се дополни/промени содржина лесно не значи дека треба да се изгуби доследност транспарентност и сл. Изгледа професорот мој по печатени медиуми имаше право кога ми викaше: „Од кај да знам јас дека не сменилe нешто. Вака на харија е можам за збор да го фатам”.

Се обидував да му објаснам дека не оди тоа баш така, ама по се изгледа тој пореално ги гледал локалниве практики. Може бидејќи ги учел нашиве новинари, затоа. А јас само се надевам дека некој медиум ќе се обиде да гради доверба. На овој начин дефинитивно не се гради тоа знам сигурно.

Патем, јас не го осетив земјотресов, ми кажаат подоцна на чет, а првите информации ги добив Twitter. Ова беа моите пораки на Twitter:

Tweet1: Првиот земјотрес во МК кој се појави на твитер 🙂 http://tinyurl.com/7plbfy детал на Макфакс http://tinyurl.com/9ganz4

Tweet2: The first earthquake in MK that hit Twitter 🙂 http://tinyurl.com/a4o4pd and in Macedonian http://tinyurl.com/7plbfy

Интервју со модераторот на Утрински

Ја продолжуваме тема со коментарите со првото интервју за блогов Комуниакции.нет. На наше огромно задоволство Зоран Ричлиев, од Утрински, одговори на сите прашања кои му ги поставивме и тоа доста исцрпно.

Continue reading

Видео на хартија – корисни совети

Весниците се префлија/префрлаат онлајн, ама пусто турско името не сакаат да си го сменат, им прилега ова изгледа. Во, новиов, онлајн свет тие станаа multi-media information engines, информациски центри, мултимедијални издавачи и уште многу други работи. Еден дел од овие приказни е и креирање на видео за на сајт

Continue reading