Posts tagged netpress

Партиципативност или можеби не…

Колку сме опседнати да го пренесеме вистинскиот момент на вистинското место и во вистинско време?

Кое е повистинско? Дали она во моментот на случување или во моментот на споделување и коментирање? И зошто? Дали причината е дека ги нема сите со кои сакаме да го споделиме моментот и се повеќе размислуваме за тие кои не се тука? Или пак станува збор за тие кои се онлајн, тие кои како и секој од нас, поминува дел од времето пред компјутер и чита и коментира и дебатира и расптава итн.?

Зошто се претвараме во продолжени раце на мемориските картички и серверските фарми? Дали се и тие медиуми, па се трудиме да бидеме екстензија?

Многу прашања, како за понеделник. За да не изгледа ова тотално како гром од ведро небо. Гледав едно од видеата на влогот на Howard Rheingold. Тој како модератор на една сесија извади апарат и го сликаше/снимаше Henry Jenkins. И веднаш ми текна на Филип Петровски кој го направи истото на петочната промоција, паралелно раскажувајќи за некој рок пеач кој го правел тоа на своите концерти.

Патем, интересен е муабетот на Henry Jenkins за партиципативната култура и YouTube генерацииве. Еве го долу.