Пристигна и програмата за конференцијата „Information Society and it’s Impact on Youth Media“, подготвена од „Форумот на студенти по новинарство-Македонија“, а која ќе се одржи во Скопје на 12 и 13-ти септември во Скопје, во соработка со „Метаморфозис“ и „Центарот за нови медиуми“.
Posts tagged New Media Center
Информатичкото општество и неговото влијание
Благодарејќи на благородната работливост на Мите само ја пренесувам следната информација: „Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија организира Источноевропска конференција “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади” во Скопје на 12-ти и 13-ти септември, 2008 г“.
На конференцијата ќе има четири работни сесии:
- Прва сесија: Глобално медиумско село,
- Втора сесија: Онлајн медиуми за млади и младински портали,
- Трета сесија: Блогови, форуми, групи на јаху, фејсбук, мајспејс, хај-фајв, и
- Четврта сесија: Заедници на интернет: животот на интернет и виртуелната реалност
Конференцијата ќе овозможи:
- Размена на контакти и искуството од онлајн медиумите за млади во Европа меѓу студентите и младите новинари.
- Дискутирање за улогата на Информатичката технологија во создавањето на релевантни медиуми за млади и портали и нивната важна улога за младата генерација.
- Размена на мислења за влијанието на овие медиуми за млади врз глобалната мрежа и за денешното новинарство на интернет.
- Дебатирање за нови теми во врска со развојот на Информатичкото општество вклучувајќи го неговото позитивно и негативно влијание врз глобализацијата и „виртуелниот“ живот на младите луѓе во Централна и Источна Европа и Кавказ.
- Преглед на релевантните онлајн медиуми за млади преку проучување на случаи и процена на нивната улога во демократскиот развој и промоција на јавното мислење на младите во овие региони.
За другите поединости, вклучително и нашите активности на самиот собир, на сајтот на Центарот за нови медиуми.
Рекла кажала
„Мие“ сме малку досадни, но ова е навистина еден од оние ретки моменти „из ит ми ор…“ 🙂
Антонио му кажал на Дневник, Дневник и кажал на МИА, МИА и кажала на Канал 5, а Канал 5 и кажа на Macedonia Search, кој ми кажа на мене дека…
МИА го пренесува појаснувањето на Редакцијата на весникот „Дневник“ во врска со интервјуто на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски објавено во денешното издание на „Дневник“ (1.08.2008 година) со наслов „Ја браниме нацијата од грчката агресија“.
– Сакаме да појасниме дека зборот „агресија“ несоодветно ја изразува основната мисла на соговорникот. Точната мисла на министерот Милошоски искажана во интервјуто е дека „За македонскиот јазик и за националноста не се преговара, туку Македонија во тие разговори го брани своето право на национално и јазично самоопределување од агресивниот настап на Атина“.
Зошто „Дневник “не си го објави ова на својот сајт ќе остане мистерија за некого, но не и за упатените 🙂