Во оваа епизода на комуникации.нет подкаст ја споделувам мојата приказна за користењето на интернет додека сум на патување надвор од Македонија. Има неколку совети, препораки, анегдоти и приказни кои мене ми се случиле на патувања а се поврзани со користењето на интернет и социјални мрежи.
Линкови: Сервис за автоматско објавување на статуси на вашите сметки на социјалните мрежи за тоа каде летате https://www.myskystatus.com/
Нашата цивилизација ја задржува особеноста да се обидува старите работи да ги објаснува со своите претходници, односно новото да го гледа низ призма на старото. Сепак, едно од поголемите искушенија во ваквиот процес на смена на генерации на медиумите, или медиумски револуции, е во тоа што новите медиуми носат сосем нови правила, не само на употреба и користење, туку и на степенот и квалитетот на кој тие влијаат врз нас како поединци, но и како општество.
Доколку ве заинтригира оваа тема, многу повеќе детали за овој сооднос можете да најдете во предлетното истражување на „PEW Research Center“ насловено како „Разлики помеѓу новите медиуми и традиционалниот печат“. Како тизер за самото истражување приказ на тоа како се разликува фокусирањето на темите во новите и старите медиуми:
Демотикс е фотографска агенција и Интернет страница за граѓанско фото-новинарство. Фото-приказните создадени од корисниците, од фотографи до аматери, Демотикс ги пласира до мејнстрим медиумите.
Често се слуша во политичкиот жаргон дека избраните функционери ќе се погрижат администрацијата и институциите да станат „сервис на граѓаните“. Е па дојде време и тоа прашање да се ажурира малку.
Сѐ што треба политичарите да сторат е да ги имплементираат можностите на новите технологии и медиуми, и практично да го овозможат толку глорифицираниот институциски сервис за граѓаните. Новите медиуми и дигитални технологии го имаат сиот капацитет речиси инстантно да станат вистински сервис каков што им треба на граѓаните.
Показна вежба на оваа тема од „Citizens Service“веб-страницата. Што е најдобро, за вакви онлајн проекти кои навистина можат да ни го поедностават животот не требаат огромни инвестиции, доволно е мала промена на свеста и планска примена на новите медиуми во нашите инситуции, vis-a-vis граѓаните.
Разните генерации на медиуми, во сите фази на својот развој, имаат црни петна кои некако ја затемнуваат нивната позитивна улога во општеството. Согледувањето на овие недостатоци е важно за да во следните чекори на развој тие евентуално се надминат.
Како едно од поважните нивоа за вакви согледби, може да се спомене економското рамниште. Низ таа призма, секоја претходна генерација имала недостатоци, што е во ред, и треба да се има разбирање, но проблемот е што маркетиншкиот развој не ја вклучувал димензијата на отстранување на недостатоците на претходните генерации. Иако самите форми на рекламирање се мултиплицирале, сепак клучните недостатоци некако се провлекуваат. За што станува збор?
Во претходните генерации на медиумите кога доминирале печатените форми, весници, списанија, билборди, паноа, вградената аномалија на маркетиншкиот модел е логиката на рекламното презентирање која охрабрува НАПАДНОСТ иагресивност врз сетилата на целните групи и потенцијалните потрошувачи. Што повеќе има места и форми каде можат да ве „нападнат“ со своите рекламни пораки, тоа подобро, а и поскапо за оној кој се рекламира. Моделов е доминантно КВАНТИТАТИВЕН и некако мене ми наликува на моделот на „прскање бубачки“: што повеќе напрскаш, и на слепо ако треба, поголеми се шансите дека ќе засегнеш поголем број од нив. Делење летоци, брошури, предизборни летоци по поштенски сандачиња и слично, се дел од оваа квантитативна пракса која својата нападност не успеаа да ја артикулира на некој поефикасен начин.
Следната генерација електронски медиуми, водена по логиката на квантитативното рекламирање, повторно претежно се базира на бихејвиористичко-павловистички принципи и стратегии, комбинирано со психо-анализа, a самата нападност како стратегија ја заменува или надградува со методот на ПРИНУДУВАЊЕ. Значи, те подбуцнува (преку тизери) да следиш тв или радио програми, и откако ќе ја развиеш навиката кон тие содржини, те принудува да ги следиш маркетиншките содржини додека не продолжи она за што всушнсот и си седнал пред телевизорот. Во основа се работи за принудување, па иако има и други кои мислат поинаку, сепак разголените цицкасти тела и вицкасти реклами се средство кое треба таа принуда да ја затскрие и маскира.
photo by Hubspot.com
На рамниште на новите медиуми, работите се менуваат, но ни приближно во „револуционерна“ мера во која ние тоа би го очекувале. Револуцијата се случува на други нивоа, додека на ниво на маркетингот сѐ уште сме сведоци на еден вид социјални експерименти, а успешната формула ниту од далеку не е пронајдена. Во најновата генерација маркетиншки стратегии се соочуваме со друга системска фалинка, која обидувајќи се да ја намали квантитативната компонента, да ја одбегне слепата нападност и принудување, завршува со кoмбинирање на суптилни форми на нападност, принудување и онака форте удира со ИНТРУЗИВНОСТ како модел кој само ја продолжува низата на маркетиншки аномалии.
За да биде оваа тековна пракса појасна, обид за сликовит пример: замисли седиш со своите другари по партија „баскет“ пред својата зграда и си правите неврзан муабет, прилично непретенциозен, и одеднаш на вашата клупа, тотално непоканет приоѓа агент кој продава правосмукалки, па ти разврзува муабет, не те ни прашува дали може да ви се обрати, ти му викаш оди, он се опира, и мораш да бараш кај е копчето „close“ или пак истото кога ќе го најдеш ќе треба 3-4 пати да го кликнеш, а можеш да добиеш и бонус, т.е. да ти се појави ново прозорче.
Преминот од квантитативни кон квалитативни маркетинг модели се развива, но мошне бавно (на пример еден прилог за тоа е „behavioral marketing“-от за кој Дарко пишуваше во постот „Defend the Integrity of the Internet“ и кој не е баш репрезентативен за позитивен развој, во таа смисла), што за мене лично е прилично под нивото на развојот на другите нивоа каде сѐ задираат новите медиуми. Логиката на потпирање на претходни или традиционални методи, со сменета форма, се покажува како неуспешна, или недоволно успешна, па во дискусиите и дебатите на овие теми ќе сретнете сѐ повеќе скептични текстови и аналогии со „Internet Bubble“ периодот.
Брзиот развој на медиумите и комуникациските технологии, често нè наведува на помислата како ќе изгледаат тие по 10, 15, 20 години? Најчесто развивањето на технологиите подлежи (или барем така беше до сега) на исклучиво влијание на креативниот ум на поединци од компаниите кои инвестираат во развојот на медиумиите и комуникациските средства.
Во нешто поскорешниов период, а ќе биде сè поочигледно во иднина, креативните поединци ќе бидат во втор план за сметка на барањата на самите корисници (кои повеќе не се ни публика, ни јавност, ни механички потрошувачи на производите и услугите). Она што новите медиуми и доцно-капиталистичката реалност нè научи е дека корисникот е тој кој диктира во кој правец ќе се одвива самиот развој на медиумите и технологиите. Ако е оваа претпоставка точна (делумно или целосно), тогаш полесно е да се предвиди стратешкиот правец на споменатиот развој и иднина. Тоа ќе биде правец на интеграција на различните технологии и услуги кои ќе бидат на дофат на рака на корисникот кој (ќе) сака да има целосна контрола над пласираните содржини и услуги. Новиот корисник ќе може да гледа/чита/слуша што сака во време кое нему му одговара, во период кој нему му е погоден и ќе може да ги контролира самите содржини во смисла на препраќање, едитирање, споделување, препорачување, коментирање и сл.
Времето во кое медиумите ќе се тепаат за некој термин ќе замине во историјата, затоа што корисникот кога и да седне истiте содржини ќе му бидат достапни во менито на медиумите како менито на рестораните, па по желба ќе конзумира и менаџира што сака. Ваквата иднина подразбира целосна дигитализација на содржините и интеграција на аудио-визуелните технологии (ТВ пред сè) со онлајн содржините. Како би изгледало тоа?
Нешто налик на ова веќе присутно во случајот на „Нова ТВ“: сите содржини онлајн кои по желба и по свој избор може да си ги гледате кога сакате. Следниот чекор би била интеграција на ТВ со компјутерот во еден домашен уред кој ќе биде поврзан онлајн и на кој ќе бидат достапни сите содржини овозможени преку широкопојасен интернет.
Многу се „нервирам“ кога ќе видам вакви информации на нашите медиуми (Нетпрес: Бламер: За десет години повеќе нема да постојат весници), онака шлапната полуинформација, со низа пропусти (чо’екот се викет Стив Болмер, не е интервју, некоја тркалезна маса е, без линкови и прецизни информации, ама ајд, ќе ја занемарам формата, заради содржината 🙂
Шефот на водечкиот светски производител на софтвер Мајкрософт, Стив Бламер, си дозволил храбра претпоставка дека за десет години сите медиуми ќе бидат во електронска форма и ќе бидат дистрибуирани преку интернет, пренесува порталот 24 часа (?)…Крајот на печатените медиуми е предвиден повеќе пати – со појавата на радиото, потоа телевизијата, па и интернетот. Сепак, печатените медиуми опстанале и по сите тие новини. Вистина, морале да се менуваат, но секогаш ги имале своите корисници – читателите.
In the next 10 years, the whole world of media, communications and advertising are going to be turned upside down — my opinion. Here are the premises I have. Number one, there will be no media consumption left in 10 years that is not delivered over an IP network. There will be no newspapers, no magazines that are delivered in paper form. Everything gets delivered in an electronic form.
ПС: Ако некој очекуваше дека вакви елитни примо- фацки чесно си плаќаат за сите услуги на интернетов, еве разубедение:
My favorite TV program, “Lost,” I watch on the Internet now. I don’t DVR it (снимање со ТиВо 🙂, I just watch it on the Internet.
You don’t buy it from iTunes to avoid the ads that come when you get it for free over the Internet?
Why? Because it’s free. . . . I have to admit that I’m annoyed by the four 20 seconds [of ads], but not annoyed enough to pay a buck . . . I think at the end of the day most people say, “Heck, if I can get something that’s pretty good that’s ad-funded and the ads don’t kill me, I’ll take that over the thing I gotta pay for.”
Е, да. Останаа само уште два дена пред настанот на кој бев посветен изминативе неколку месеци, интернационалната конференција Глокал, овојпат со тренди наставка 2.0, не само заради тоа дека е втора туку дека темите се такви.
Во четврток сабајле започнува воведната сесија на која освен најавената програма веројатно ќе има уште едно пријатно изненадување со цел пренесување на актуелната дискусија на тема блогови, новинарство, медиуми, веб 2.0 итн. и тука, во Скопје во Македонија. Но да не пишувам пред рака, чекам финална потврда, ако бидне, ќе пишам нов пост 🙂
Сега за сега останува да се најави она што е сигурно.
А сигурно е дека неофицијално конференцијта односно дружењето по повод неа ќе започне ден порано и тоа на Сподели Кино во Точка, во 20.00 каде ќе направиме мал вовед со неколку (можеби веќе видени) клипчиња за потоа во неформална атмосфера да се размуабетиме на темите кои ќе се верглаат следните три дена во Сарај (за тие што не знаат Универзитетот Њујорк е таму). Нели јасно е, како и на целата конференција, присуството е отворено, без најави или резервации.
Е, исто така, сигурно е и дека, според планот, во сабота околу ручек (14:00 – 17:00) ќе има две работилници (основно и напредно блогирање). Ова ќе биде единствениот дел од конференцијата каде официјален јазик ќе биде македонски. За реализација на двете паралелни работилници се погрижија Анастас и Милош. Анастас веќе пиша што ќе содржи неговата, и слободно доколку сте заинтересирани можете да резервирате место таму, а Милош ми го испрати следниов опис за содржината на неговата сесија за основи на блогирањето:
Вовед
* Што се блогови * Кратка историја * Често користени термини * Анатомијата на еден блог * Регистрација и креирање на блог
Основни техники на блогирање
* Подесување на изгледот на блогот * Пишување вести * Постови, коментари, категории и семантички врски * Додавање мултимедијална содржина * Управување со блог – пријатели
Доколку сакате да присуствувате на некоја од работилнициве пишете коментар или меил за да можеме да го испланираме приближно бројот на учесници. доколку сакате да присуствувате на некоја од сесиите, убаво разгледајте ја програмата уште еднаш и појавете се на време.
Веројатно до самиот поцеток ќе пишам уште еден пост повторно на истава тема, ама ај еве уште сеа да посочам. Официјален таг на конференцијта ќе биде glocal20 :), што зачи се што ќе објавувате а е поврзано со неа, било пожелно да го содржи овој таг за да може да ги собереме сите реакции и пишувања.