Постов е надополнување на постот на Сеад (Засвири уште еднаш Сем, жити мајка) каде тој се обиде да даде некои одговори на скетпичните прогнози/анализи на Сем Вакнин. Случајно, веднаш по читањето на тој пост го гледав последното видео на влогот на Howard Rheingold кое не кажува некои ексклузивно нови работи, ама сепак кратко и јасно ја појаснува сегашната и идната состојба на релација медиуми, социјални медиуми и општество обајснувајќи зошто тој решил да држи курс за social emdia користејќи social emdia. Еве го видеото:
Posts tagged odgovor
Beyond Blogging: Macedonia: Exploring new media
Под овој наслов деновиве локалниот тинк-танк Аналитика го објави својот последен од серијата информатори кој излегуваат редовно повеќе од една година.
Истиот е целосно на англиски, не е многу голем и е наменет за поширока публика, па току затоа и не навлегува многу во детали. Пдф верзија може да се преземе од сајтот на Аналитика или директно: Beyond Blogging:Macedonia: Exploring new media (pdf).
Изминaтиов период забележувам мал подем на тинк танк oрганизациите во МК, а осoбенo ме радува што дел од нив почнуваат по малку да се занимаваат и со медиумите, поточно новите медиуми и технологии и нивната општествена поврзаност.