Posts tagged participatory

Kirilica.com.mk епизода 2

Неверојатно, изминатава недела и кусур Кирлица.ком.мк, новиот македонски news сајт се рекалмира на тв и на билборди (може има уште некаде а да не сум видел) а како резултат на тие реклами бројот на посети на овој блог се зголемува. Навидум нелогично, но и не е баш така сложено.

Пред да се појави официјално овој сајт јас пишав еден краток пост, своевидна најва и критика за нивното лого. Е, сега тој пост на пребарувачите се јавува секогаш некаде при врвот и луѓето често го кликаат. Нема тука ништо лошо, но во резултатите самиот сајт на Кирлица се појавува доста подолу.Еве нека биде тоа забелешка број 1. Сајтот се рекламира на тв и на билборди а онаму каде се добива војната не вложиле ништо: пребарувачите т.е. SEO – search engine optimization

Чекав да застане солидно на нозе па да се одврзам да пишам уште некој коментар за сајтот. Па еве ова нека е забелешка бр. 2: Типографијата на сајтот е благо речена лоша. Нема соодветна пропорција и дистинкција меѓу наслови, теми, наднаслови и сл.

Забелешка бр. 3: Многу празен простор, белина (добро некаде белината е црвена, жолта или плава 🙂 Едноставно не може да се дозволи да има толку мал наслов а онаму каде често се движи окото при читање да стои толкав празен простор.

Забелешка бр.4: Има рубрики кои (би требало да) комуницираат со публиката, а притоа никаде нама упатство, совет или директен контакт, што се очекува од нив. Мислам на одделот видео одговор и ти репортер.

Забелешка бр. 5: А може и да е најголема, нема RSS. News сајт без RSS – тешка работа во денешно време.

Има уште ситни, но не и неважни работи на кои им треба промена. Но основната причината за да ги пишам постов беше за да овозможам на оние кои пребаруваат „kirilica” „kirilica.com.mk” и сл. а слетуваат тука да прочитаат нешто што е во тек со настаните, бидејќи претходниот пост не нуди многу информации, а и башка стар е.

Кирилица.ком.мк

Update: Кирилица.ком.мк 2

Се шушка веќе некое време на темата Кирилица.ком.мк Се очекува наскоро да биде и официјално објавен а дотогаш дизајнерите на нивното лого имаат едена поучна лекција за вас и нашата кирилица

kirilica logo

Вака се пушува Ц

Знам дека цепидлачам, ама сами си го бараат :)башка ова може да се протолкува како чиста рекалама, т.е. подгревање 🙂