Posts tagged pay wall

#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат

Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.

Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.

Интегрирана онлајн комуникација за непрофитни организации

Повеќе години сум вклучен во работата на непрофитните организации или кај нас попознати како невладини организации. Од досегашното искуство можам да кажам дека или воопшто или малку ги користат предностите на онлајн медиумите и онлајн комуникацијата (без разлика дали е еднонасочна или двонасочна). Со овој запис сакам да најавам серија од записи кои ќе се однесуваат на тоа како непрофитните организации полесно да ја сфатат предноста на новите и социјалните медиуми и како ефикасно да ги користат. Ќе посветам посебно внимание на употребата на мобилната технологија и кампањи преку споделување на искуството кое го стекнав преку креирање и спроведување на првата глобална СМС кампања во светот за потребите на 350.org. Следниов запис не се однесува на оние кои ги следат овие теми подолги време и се запознати со нив.

Кај нас има организации или поединци од тие организации кои разбираат што значи „статичен веб“, „динамична содржина“, „содржина креирана од корисници“ и „семантички веб“, но многу од непрофитните организации и нивните членови не го зборуваат или разбираат овој јазик. Затоа, ќе се обидам со едноставни дефиниции и интерпретации да кажам што е Web 1.0, Web 2.0 и Web 3.0.

Continue reading