Posts tagged #pmot

Невидливи коментари на Дневник влијаат врз одлуките на Кире

Пред некој ден се појави информација по медумиве дека нашиот (веќе херој) Кире Лазаров ќе влегува во политички води во својот роден град. Информацијата на нет прoјде со доста негативни критики

И ти ли сине Кире? Твит 1, Твит2

Update: Сум ја пропуштил FB групава: Poddrska za Kire Lazarov da ne vleze vo politika!

Но, за среќа денес нова вест: Лазаров не сака да игра за Даневски а во неа на крај вика вака:

Веста дека Лазаров планира да влезе во политиката на локалните избори предизвика и многу реакции. Читателите на „Дневник“ во своите коментари на објавената вест му порачуваа на најдобриот македонски ракометар да се откаже бидејќи „на таков добар спортист не му треба политиката“.

Јас никаде не видов коментари на Дневник? Ај што новинариве се повикуваат на фантомски експерти, ама сега почнаа и на фантомски коментари да се повикуваат.

* пред некој да ме исправи, да кажам дека знам дека на Дневник може да се внесе коемнтар ама нема да се појави, си ги читаат само од внатре луѓето.