Posts tagged ??????

Два нови ПР блогови

Се крчкаа подолго време, се мислеа, туфкаа пробуваа и на крај ете конечно се решија. Баш ми е ќеф што можам да пишам дека во последниов месец се појавија два нови локални блога пишувани од луѓе кои печалат леб работејќи на тема Односи со јавност.

Едниот блог е дел од новата блог мрежа ЦрнаОвца.мк и е во сопственост на БранкаВоглавно јавно.

Вториот е блогот Life is PR и повеќе фокус мава (барем на почеток) на корпоративните комуникации и одностите со јавноста од аспект на голема фирма. Авторот (немам официјална дозвола да го откријам идентитетот) веќе некое време работи како лице за контакт со надворешниот свет во неколку различни големи фирми кои и те како мораат да внимаваат и да планираат во какво светло ќе се покажат надвор од дома.

Теми и дискусии има отворено на двата, топла препорака за оние кои ги интересираат реклами, техники, и најважно од сѐ локални лични искуства.

Значи еве уште едаш ако стигна до тука а не кликна на ниту еден: Life is PR и Воглавно јавно

Излезе новата Нова Македонија

Не знам дали има потрба да се преповторува што Нова Македонија значи за нашава држава и сл. Ќе треба да утупам со комунистичка пропаганда де :), затоа без помпезна најава еве колку да не остане неодбележано.

Денес, со цена од 10 денеари на македонските трафики се појави најновата реинкарнација на Нова Македонија. Со колор страни, со променет формат и со нова постава. Нека им е со среќа на креаторите.

Мала дискусија има на блогот Бележник, а би додал дека не e баш благодарно да се мрчи одма на првиот број, нели уште не е легнат, иако по правило него го читаат/купуваат/разгелдуваат/коментираат најмногу луѓе па токму затоа треба убаво да се подготви.

Од утре натаму ќе видиме што и како ќе се менува, ако воопшто нешто има тенденција да се менува на македонскиот медиумски пазар.

Во весникот внатре пишува и вакво нешто:

Деновиве ќе профункционира и порталот www.novamakedonija.com.mk, на кој, покрај текстовите од редовното издание на весникот, ќе има и постојан прилив на најнови вести, информации, фотографии и други содржини од светот на забавата, културата, политиката и економијата.

Епа ај ќе видиме 🙂

Реклама на цела насловна

Јули 2006 во еден пост пишав:

Мене едноставно ми се допаѓа идеата за реклама на цела насловна страна 🙂 баш би сакал да видам како тоа би изгледало кај нас 🙂 …70,000 $ казна за насловна страница

И ете, се случило и тоа, а јас не сум го ни забелеежал. Ама затоа има тука и други блогери кои не пропуштаат:

Ги видовте ли денешните насловни страници на Шпиц, Време и Коха? Видовте ли кој е газда на насловните страници денеска, особено ако се земе предвид дека денеска излегоа само весниците на Велија Рамковски?

Колку и да му изгледа некому контраверзна, ми се допаѓа идејата насловните страници да се нудат на продажба во целост, па кој сака – бујрум, нека си ја купи и нека си објави реклама. …Бележник