Малку копавме по Twitter.com, собравме и анализиравме твитови кои се однесуваат на настаните врзани со протестите против полициската бруталност во Македонија
Continue readingPosts tagged #protestiram
Facebook vs TV
Според истражувањето на Expansys британците во просек поминуваат два и пол часа дневно користејќи го Facebook во споредба со ТВ кој го користат со 2 часа
Continue readingКако телевизијата ви ги уништи животите
На Чарли Брукер (Charlie Brooker) не му треба некоја особена најава, човекот веќе е своевиден бренд-за-себе, го сакале лично или не. Провокативноста, остриот јазик, проникнувачките аналогии и директниот пристап кон темите кои ги обработува, се негови препознатливи методи за „свестување“, но и едукација, на публиката. Во оваа 2011 започна неговиот нов проект под наслов „How TV Ruined Your Life“, сатирично-комична образовна серија, која употребува комбинација од скечеви и архивски снимки со цел, како вели авторот, „да се истражи јазот помеѓу телевизијата и реалноста“.
Бидејќи на темава ептен се чувствуваме погодени, грев би било да не ја споделиме на овој блог кој горе-долу има слични доблезни цели, т.е. подобро разбирање на денешните медиуми. Подолу, мојата омилена 3-та епизода од серијалот „Аспирација“:
Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет
Јакоб Нилсен во својата колумна Alertbox, ги споредува телевизијата и Интернет. Тој анализира десетина параметри кои се различни меѓу овие две медиумски сфери.
Continue readingТВ рекламите носат најмногу пребарувања на Интернет
Истражување покажува дека две третини од корисниците на пребарувачи доаѓаат таму преку офлајн канали
Continue readingSocial TV?
Читајќи го постот TV becomes social again некаде при крајот ми текна да се запрашам, да прашам: кога twitter ќе почне да се користи во контактни емисии на ТВ?
Знам, сервисот не е подржан од нашиве мобилни оператори, сеуште, ама популарноста на контактните емисии на ТВ и на радио е на завидно ниво, па оттаму може би дошло како згоден експеримент да се испроба можноста за употреба на овој канал како уште едно дополнително поле каде би се пренела дискусијата.
Убеден сум дека ќе биде подобро место за отворена дискусија од долниот дел од екранот на јади бурек, нели ако нив тоа воопшто им е цел, отворена дискусија.
Како и да е. Авторот на постот спомнат горе го заклучил следново:
Twitter plus TV = informed viewing.
А јас, иако без лично искуство, се сложувам со тоа 😉
Дополнување: Ја отворив темава на OnlineJournalismBlog групата. И од таму дознав дека во Холандија има некои примери на коритење на twitter за време на тв емисии, но од истиот човек, Wilbert, дојде уште една одлична забелешка/идеа.
Twitter како канал за дискусија и коментирање во живо на фудбалски натпревар, а нели за една недела почнува Европско. Може да се испроба ова. Ќе подразмислам малку за имплементација, ако има некој заинтересиран да помогне, бујрум.
Alive
На забавните сајтчиња многу се популарни слики и други записи со јазични утки, смешки, досетки, грешки, преводи, пораки, огласи, мешање латиници и кирилици, и слично 🙂 Кога сме така доследни кон исмевањето на грешките на другите мислам дека е „општествено оправдано“ 🙂 да упатиме една добронамерна и ултра-конструктивна критика до домашните медиуми, поточно телевизии.
Се работи за клавањето на зборот „живо“ под логото на телевизијата за настани, натпревари (и сличито) кои се пренесуваат директно. Некако бев толерантен кон таа очигледна љуфка и смешка, да речеме од технички причини, оти, нели, кириличниот фонт е крупен, па не го збира, и слично, но кога ќе видам дека на странскиве медиуми ич не им пречи да рокнат под логото збор од типот на „rediffusion“, тогаш би можеле и ние некако да се снајдеме на таа тема.
За што станвуа збор и што е поентата на муабетов, од јазична гледна точка?
Да се стави „живо“ под лого во опишаната ситуација, е грешно, првин, нема традиција ниту поткрепа во јазикот, па ако се преведува, пренесува англиското „live“ (кое е скратена форма на синтагмите „live coverage“, „live broadcast-ing“), треба да стои „во живо“ (правописно е дозволено и „в живо“. Како што вели и насловот, живо би било превод на англиското „alive“, што е малку различно од идејата на зборот 🙂
Во јазикот има поткрепа следниот израз, „директен пренос“, па под логото може да стои и „директно“. Веројатно ова може да прозвучи малку минуциозно и цепидлакаво, но колку да се нотира нешто што е погрешно, кога веќе за покрупните работи велиме дека треба време.
Или пак можеби јас во својата човечка ограниченост не можам да разберам дека можеби тв-техничарите со тоа на гледачите им држат ритам (како во она српското коло, „живо-живо, опа опа“), па така си тропам глупости .