Posts tagged ?????

Комуникации.нет со подкаст на Радио МОФ

Како што најавивме кога Радио МОФ почна со работа комуникации.нет блог мрежата ќе има своја емисија или подкаст на ова онлајн радио. Првата епизода ќе можете да ја слушнете на 16 март (среда) со почеток во 21:00 часот. Сите епизоди премиерно ќе одат на Радио МОФ, а потоа на комуникации.нет блогот ќе можете да најдете пост од каде ќе можете да ја преземете епизодата и да најдете куп линкови до сервиси и информации за кои сме зборувале во подкастот.

Komunikaci podcast

Идејата комуникации.нет да започне со креирање на подкаст е стара повеќе од две години. Често со Дарко сме разговарале на оваа тема и сме се мотивирале дека наскоро ќе почнеме да ја снимаме првата епизода но некако подкастот ни излегуваше од приоритетни работи. Подкаст китот кој го имаме веќе подолго време престана да собира прашина благодарение на Радио МОФ.

Podcast kitВо подкастот ќе се разгледуваат новите технолошки и комуникациски процеси и како тие влијаат на општеството. Ќе пробаме да ги објасниме најнови комуниколошки теории и нивната примена во секојдневниот живот. Долго размислувавме која тема да ја обработиме во првата епизода. Имавме неколку работи во глава но на крај одлучивме да зборуваме за тоа: Што е подкаст? Како се прави? Како и каде се слуша? Зошто во Македонија нема развиена подкаст култура? итн.

Во првата епизода има лапсуси, киксови, технички недостатоци но решивме дека нема да ја преснимуваме за да целосно бидеме задоволни. Со тек на време и секоја наредна епизода ќе се подобруваме и ќе отстрануваме по некој недостаток.

Новите медиуми во политичката комуникација, епизода избори 2009

Прегледот секако ќе се фокусира на оние комуникациски канали и содржини во контекст на претседателските и локалните избори во Македонија, т.е. директната комуникација на политичките партии и кандидатите со јавноста преку онлајн медиумите.

Continue reading

Расте времето а паѓаат средствата потрошени на комуницирање

Насловот се однесува на Велика Британија, која иако споредбено со нас е прилично различен случај, сепак е корисна за приопштување, за да ние, а и нашите комуникациски опслужувачи, увидат каде и како се движат трендовите. Заклучокот на оваа анализа е дека нешто околу 7 часа дневно, Британецот „троши“ на некоја комуникациска технологија (сметач, мобилен, ТВ, радио, и сл.) по цена нешто под 100 фунти, што е (1) раст за времето, (2) пад за цената:

Every day in 2007, the average consumer spent 7 hours and 9 minutes watching TV, on the phone, using the internet or using other services, it says. Since 2002, mobile use has doubled and PC and laptop use has grown fourfold, says the watchdog’s annual review.But the average UK household spend on communications in 2007 was £93.63 a month – a fall of £1.53 on 2006.

Евидентно е дека она што ја крепи експанзијата на овие услуги на западните пазари, покрај квалитетните услуги, е и тенденцијата за опаѓање на трошоците за истите (детали во линкот). Понудените услуги им се достапни, за нивниот стандард, 100 фунти по семејство не им е преголемо расфрлање, напротив (кога цените во Европа се споредуваат со нашите, компаниите овде, а и надлежните, редовно забораваат да ја споменат драстичната разлика во стандардите, па така 25 евра за интернет во Швајцарија и Македонија не е исто, кога ќе се споредат просечните приходи и колкав процент од домашниот буџет де факто е тоа).

Потем, услугите се на основа „се за пристојна цена“, нема „пакети“ од типот ваква брзина, онолку гигабајти, во тој дел од денот толку за смс и импулс и слично. Потрошувачите добиваат фер и едноставни договори, без премногу „дриблинзи“ во финесите на тарифите и пакетите. На повидок е и укинувањето на роамингот за мобилна телефонија. Замислете да плаќате за ТВ колку што гледате, и сега некој да ви мери колку ТВ гледате, тоа секако ја инхибира експанзијата на користењето на услугата, и „о-природнувањето“ на нејзиното користење (само нека не одговараат, провајдерите да речеме, дека не можат да покријат неколку десетини илјади корисници за флет интернет, тоа е смешно, па што би рекле провајдери во градови со милионски број корисници или држави со десетици милиони корисници?!?).

За жал кај нас конкуренцијата е, не секундарна, туку можеби и побутур категорија, која го турка пзарот кон прогрес, во полза на корисникот. Попримарни се ситните игри со бројки и профити, а се губи крупната слика (лесна достапност и фер услуги и цени) што редовно се покажува во компарирањето на државата со земјите од Европа и регионот. Се додека профитите на ваквите компании кај нас растат годишно за „неприродни“ десетици милиони евра секоја година редум, не можеме да говориме за развој на комуникациските технологии кај нас, туку за „чиста експлоатација на корисниците“ преку тесно-профитска употреба на модерната технологија, која би требало, на крајот на краиштата да биде општочовечко добро, а не некаква музалка.

Хрватските печатени медиуми 2 – Jutarnji

Сеад во претходниот пост го спомнал дека Јутарњи нудат онлај издание:

Jutarnji од неодамна воведе и посебна претплата за електронско прелистување на печатеното издание.. (Хрватските печатени медиуми)

Нормално, појдов да видам за што точно станува збор. Да, имаат таков дел кој го изведуваат во соработка со wmd а всушност оваа верзија е придвижувана од скриптите на RichPaper. Ова е нешто налик на Issuu сервис чија примена на онлај изданијата на локалните магазини AutoFocus, Esport и Click наиде на позитивни критики.

Jutarnji List online

Разликата меѓу овие два сервиси, освен цената, Issuu има бесплатна варијанта, е тоа што RichPaper овозможува пребарување низ содржината како и можност за користење белешки вметнување на мултимедијални фајлови и линквови сл.

Употребата на Issuu е едноставна и лесна и ја препорачувам. Сепак за повеќе можности, внатре во овој изглед ќе треба да се издвојат повеќе пари. А изборот на вакви скрипти или платформи не е мал. Некои понуди може да се најдат на: PressDisplay, Zinio, NewsStand, Olive, Qmags.

И уште нешто за Jutarnji. Вака на мала врата. Додека листав видов една одлична содржина, која со душа би сакал да видам како би функционирала кај нас, особено земајќи го предвид локалното онлај однесување. Еве слика, за што ми е муабетот.

Jutarnji List Croatia

Click Magazine .mk

Пред повеќе од една година, пишав за ребрендирањето на ClubFootball во eSport и бев возбуден бидејќи бев дел од тимот кој ја правеше промената.

Овој пат, повторно бев дел од еден тим, и повторно станува збор за истата издавачка куќа, Global Media, но сега новиот магазин е на тема која природно ми е поблиску.

И повторно со возбуда најавувам нов магазин во Македонија. CLICK нов магазин за компјутери, т.е. се што е врзано со нив или е во нивна близина, се што е гаџет, или интернет иуште еден куп други работи. Мислам дека е јасно, нели 😉

Подготовката на пилот бројот, разглобувањето на многуте детали и дилеми беше предизвикувачки процес, но на крај мислам дека резултираше со сосема задоволителен приоизвод. Од една страна јасно е дека не може се да биде перфектно во првиот број, но од друга страна заради факторот љубопитност бројот на купувачи на првиот број е голем и првиот впечаток е доста важен. Да се има сето тоа предвид не е лесно. Исходот од публиакта го чекаме во теков на седниве недели.
Покрај развојот на магазинот во првиов број помогнав и со неколку текстови. Се разбира, не ги напуштив темите поврзани со онлајн светот.

Патем, официјална најава е планирана за утре, но некои (Goodbytes, It.com.mk) веќе „продреа” предвреме и го најавија магазинов (што излезе уште подобро) откако улетале на неговата официјална веб страна: clickmag.mk, за која се подготвува друго сценарио. Во меѓувреме таму може да се погледне во дел од содржината на првиот број.

Новите медиуми во политичката комуникација, епизода Избори

Ризикувајќи да станеме дел од т.н. предизборна еуфорија (иако во текстов нема да има баш ништо еуфорично :), сепак решивме да направиме кус осврт на тоа како политичките партии ги импрегнираат новите медиуми во политичката кампања, и како самиот медиум се користи и како еволуира за овој специфичен тип на комуницирање. Како никогаш порано во историјата (цитат од еден портпарол 🙂 интернетот и новите медиуми најдоа место (конечно 🙂 во политичките кампањи, како еден од подобрите инструменти да се пренесат политичките пораки. Во оваа новонастаната ситуација кибер-просторот е најползуван од двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, т.е. нивните коалиции:

untitled2.JPG

koalicija sonce blog

Резимирано за двете коалиции одеднаш:

Добро: Блогови, YouТube канали, MySpace, Facebook, Hi5 итн.

Навистина добро се потрудиле да ги персонализираат, т.е. обојат (ајде еве и нека биде, да ги брендираат) своите различни домови низ интернетот. Некои од нив нови, направени, веројатно, за кампањава, некои од нив веројатно постари. Тука се вбројуваат личните акаунти на Рада и некој од личните блогови, за кои знаеме/претпоставуваме дека се од поодамна.

Добро: Видео, аудио, документи, коментари итн.

Многу, ако не и цел материјал кој го создаваат за кампањава може да се најде и онлајн. Редовно надополнувани (претпоставуваме, така ни изгледа, не дека ги проверуваме секој ден 🙂 и евидентно, многу штедење на пари. Скоро сите материјали се поставени на некој бесплатен онлајн сервис, што секако до одредена мера е паметен потег.

Лошо: Ич, ама баш ич нема “social” во овие нивниве употреби на social media. Содржината на блоговите оригинално е наменета за на говорници, за документарци кои се пуштаат на ТВ со лого ППП, за традиционални медиуми, за аналитичари, новинари и за еден куп други места, само не се за на блог, per se. Долги постови, обраќање кон различна публика во секој пост, постови без ни малку лично искуство или личен коментар барем за тоа како си поминале на митинг, без она што блогот го пави блог: индвидуалното, личното. Видео клипови кои се направена за на ТВ а не за влогови, кампањи кои се оригинално за принт а не за вирално пренесување низ интернетот и фотографии како декор, а не како некоја транспарента/задкулисна информација која ќе фрли ново светло на своите кандидати.

Photobucket е добар сервис, кој нуди навистина многу опции, ама и тука важи истата забелешка како горе. Не е “social” воопшто. Можеле да потрошат 20 долари за FlickerPro на пример. Ова само за ВМРО, бидејќи СДСМ и нема акаунт на фото-сајт.

Веројатно, како последица на тоа блоговите не се многу посетувани, нема многу коментари, и едноставно (се уште) не се дел од дискусијата.

koalicija sonce blog

untitled2.JPG

Заклучок: (за да изглeда постов како тие на Трибун 🙂 Одлично е што брзо се прифатија голем број нови сервиси и канали преку коишто може да се искомуницира предизборната пропаганда, но сепак ефектот од нив веројaтно ќе биде премал, а како една од можните причини е нивната единствена употреба како веб скалдишта или магацини за купиштата материјали кои и онака (како и во сите други кампањи досега) неуморно ги правеа.

Сликичките со линкови ги има два пати за да нема коментари на тема пристрасност 😉

ps: Постов го пишувавме двајцата, колку да се знае 🙂