Posts tagged ???????

Внимавај!!! реклами светкаат

Поголемиот дел од луѓето реагираат инстинктивно кога ќе им плесне блоц во лице. Нормално, реакцијата е замижување. Како би реагирал поголемиот дел од луѓето кога кон нив би биле насочени поголем број помали блицчиња?

Сакаш да дознаеш? Појди на сајтот на Нетпрес. Не го посетувам редовно овој сајт, освен кога некој ќе ми препорача линк, но ете денес слетав на нивната насловна страна, и морав брзо да рагирам бидејќи зениците ми се збунија. Да бев дел од некое истражување за јузабилите (или како и да се вика на макеоднски) ќе ја збунев машината што го прати погледот, гарант.

Колку за споредба, вака изгледаше (денес) првиот екран на сајтот.

На следнава слика пожолтени се деловите кои не се статични, што значи нивната содржина се движи во различни насоки: хоризонтално, вертикално и некои дрги слободни акробации.

Побарав поткрема на моево мрчење во истражувањата кои се спроведувани на овие теми. Прво, се разбира, кај гуруто Јакоб Нилсен. Таму има една цеа секција (како дел од поголемо истражување) посветена на рекламите каде ги споредува резултатите од две истражувања направени во разлика од десетина години. Секако покрај општо познатиот факт дека најчесто рекалмите се невидливи, еве што друго тие забележале, прво за позитивните работи:

Most of our eyetracking findings on Web advertising present no ethical dilemmas. For example, we know that there are 3 design elements that are most effective at attracting eyeballs:

  • Plain text
  • Faces
  • Cleavage and other “private” body parts

In addition to the three main design elements that occasionally attract fixations in online ads, we discovered a fourth approach that breaks one of publishing’s main ethical principles by making the ad look like content:

  • The more an ad looks like a native site component, the more users will look at it.
  • Not only should the ad look like the site’s other design elements, it should appear to be part of the specific page section in which it’s displayed.

Значи по оваа логика (The more an ad looks like a native site component, the more users will look at it) може да се претпостави дека сите реклами на Нетпрес се динамични, т.е. главниот топ банер (сопствена реклама) и неколки од главните содржини се движечки, па затоа и рекламите се исто така движечки.

Според истите овие истражувања еве ги најомразените техники кои се појавуваат кај рекламите:

  • Pops-up in front of your window
  • Loads slowly
  • Tries to trick you into clicking on it
  • Does not have a “Close” button
  • Covers what you are trying to see
  • Doesn’t say what it is for
  • Moves content around
  • Occupies most of the page
  • Blinks on and off
  • Floats across the screen
  • Automatically plays sound

За да не биде се гледано само низ призма на едно истражување, ги разгледав и резултатите и од последното Eyetracking III истражување на Poynter кои се малку понеутрални и го заклучуваат следново:

Static ads vs. animated ads revealed mix results.
…best performance of static vs. animated ads varied by ad type. Static ads got a higher number of average fixations for most ad types, but not for “skyscraper” ads. Static ads were seen by more test subjects for most ad types, but animated ads inset in article text reversed that trend; animated in-text ads were seen by four times as many people as static ads in that position. Observations on Advertising

Еве како за утеха, ги преброив и само рекламите на целата почетна страна на Нетпрес, значи без содржината и заклучив дека од сите (17) реклами (пофалба за нетпрес) само две (2) се комплетно статични.

И сега треба некаков заклучок да пишам а? Епа… не знам, шо знам…. и онака не идев и не го сакав сајтот на Нетпрес заради тоа што нема RSS feed и автоматски прави освежување на краток временски период, сега дополнително ме одбиваат и трепкачките реклами.

Прозорец кон…дворот

Работејќи на анализа на домашните ТВ дневници еден момент ми беше прилично упадлив: колку малку вести од светот (во смисла на квантитет) ни нудат домашните тв медиуми. Во пресек земено, вестите од светот временски, во просек, опфаќаат околу 5 минути, во добрите денови, што е некои 15 проценти од термините за вести (ретко се случува веста од светот да е ударна, освен, како денес, вести за големи трагедии и инциденти). Колку и да има аргументи за ваквата состојба, од типот дека нив можеме да ги најдема на милион други места, сепак ваквиот тесен поглед на реалноста околу нас е за критика.

ewrewrew-7.jpg

Кога ќе се земе дека во ваквите „вести од светот“ се една кошничка од теми како вести од регионот (кои сепласираат како вести од светот), разни бизарни вести за грозоморни случки и слично, останува голема дупка од вистински квалитетни и релевантни вести од светот, кои во овој поврзан глобален свет, секако се важни и за нас.

Забелешкиве се однесуваат само на ТВ изданијата, на сајтовите на телевизиите таквите вести се разграничени по рубрики, но и таму останува забелешката за малиот број вистински вести.