Posts tagged rheingold

На другата страна од интернетот

Во комуниколоагијата обично се вели дека старите медиуми не изумираат, туку остануваат да опстојуваат на различен начин. Овој пост разгледува неколку импресии од секојдневието на оние кои денес не сурфаат на интернет.

Continue reading

Words Matter – и те како!

Многу ми е мерак кога ќе наидам на некоја добра реклама за медиуми. Секако, за медиум кој е дораснат на времето и реклама која отсликува длабоко и не ја презентира само површината.

Станува збор за Канадскиот весник The Gazette и нивнат кампања Words Matter:

Words Matter, a multi-platform advertising campaign that has given The Gazette a signature slogan and increased its profile as an innovative medium, has won international acclaim in the marketing world



Кога само ќе ми текне на билбордите на А2 и Телма. Ах… некои работи од далеку се препознаваат 🙂

По утрински годината се познава

Утрински весник за празничнава сезона нѐ почестија со два интересни потега, првиот беше можноста да се комуницира со уредникот на интернет-изданието на Утрински Зоран Ричлиев (за евентуално прашање имате време уште некој ден, до 12-ти јануари), кого пред некое време го имавме како соговорник и на овој блог, а вториот беше изборот на најчитаните написи на сајтот на Утрински долж 2008.

Идејата на постов беше само да се посочат двава интересни „настани“, но сепак кус коментар: листата на најчитани статии на Утрински покажува каков тип вести и информации привлекуваат најголемо внимание; тоа се теми од национално-политички карактер, па иако публиката на онлајн изданијата е поинаква од „офлајн“, тие доминираат и тука. Сепак интересот за лајфстајл и социјални теми исто така е изразен, па дава увид како интересот на читателите дивергира и се развива и во овој правец. Драго ми е што нема некои скандалистички псевдо-новинарски теми на оваа листа, која кај други локални весници секако би покажала со какви „мамки“ се користат тие за да ја напумпаат посетеноста на своите сајтови.

Сега да не испадне постов некаква си апологија морам да ја искритикувам редакцијата на Утрински и да го замолам уредникот на онлајн изданието да поттикне „follow up“ сторија за една од најчитаните вести за данокот на ергенлок. Треба да се истражи работава до крај 🙂

IPI World Congress and 57th General Assembly

Уште еден интересен настан од “големиот” свет на медиумите, најавен на блогов пред помалку од една година. Но овој далеку поблиску до нас. IPI World Congress. Ме интересира дали некој од МК отишол да следни некоја од сесиите. Јас лично би сакал денес да сум таму. Вака изгледа најавата на денешната сесија:

New Media: New Opportunities, New Threats

Moderator:
Roy Greenslade, Media Commentator and Columnist; Professor of Journalism, City University, London

Panelists:
David Kurtz , Managing Editor, Talking Points Memo, New York, NY
Dejan Restak, Website Director, B92, Belgrade
Christoph Schultheis, BILDblog, Berlin

Останатиот дел од програмата која веќе е при крај може да послужи само за гледање може да се најде тука: ipibelgrade/program

3Д вести во боја

Апликацијата Spectra претставува обид да се направат вестите пошарении и попровлечни за следење. Не би рекол поинтерактивни бидејќи освен читање и прелистување не гледам некоја јака интеракција внатре. Секоја тема си има своја боја, секоја подтема, нијанса на истата боја, и сите се вртат во круг пред вашите очи и чекаат да бидат кликнати за да ги прочитате.

Continue reading

Kurir.com.mk уште една локална дестинација за вести

Уште едена нова онлајн дестинацја за вести. Во последно време навистина се размрда локалната интернет понуда на т.н. news сајтови. Изработен во Jommla вака навидум ок, нов е, ќе видиме како ќе им оди.

Continue reading

Кирилица.ком.мк

Update: Кирилица.ком.мк 2

Се шушка веќе некое време на темата Кирилица.ком.мк Се очекува наскоро да биде и официјално објавен а дотогаш дизајнерите на нивното лого имаат едена поучна лекција за вас и нашата кирилица

kirilica logo

Вака се пушува Ц

Знам дека цепидлачам, ама сами си го бараат :)башка ова може да се протолкува како чиста рекалама, т.е. подгревање 🙂