Posts tagged rss

Интервју: Игор Трајковски, TIME.mk наполни една година

Помина една година, Тиме.мк се менуваше често, секогаш на подобро. Направивме интервју со креаторот на овој сервис Игор Трајковски и откриваме како тој ја виде првата година од неговото постоење

Continue reading

Mkd-rss – нов мк арегатор

Mkd-rss.com претставува нов сервис – агрегатор на вести и огласи од разни извори, поточно RSS канали, и сервис каде што тие вести можат да се коментираат. Го искористам текстот на ИТ.ком.мк како подлога за да си го пишам мојот коментарот.

Continue reading

19 минути – бесплатен дневен весник во Бугарија

Од почетокот на овој месец и бугарите, т.е. жителите на нивниот главен град Софија си го добија својот прв бесплатен дневен весник: 19 Минути (деветнадесет минути).

Continue reading

RSS аgnostica

Пробувајќи да најдам одговор зошто некои наши веб-сајтови, портали, онлајн сервиси за информации и сличито не нудат РСС канали за следење на нивните содржини, наидов на некои повеќе изненадувачки отколку интересни одговори. Покрај обичајно-традиционалната инерција и мрза во однос на подобрување на квалитетот на услугите, еден од почестите одговори е „РСС-от им штети на рекламите“.

Ако се гледа стриктно формално и традиционалистички (низ искуството на ТВ и радио рекламата), оној кој ги следи содржините преку некој „агрегатор“ тоа и го прави, го чита текстот на „фидот“ и може да продолжи понатаму, но оној кој навистина има интерес за таа вест или информација сепак ќе кликне на линкот и ќе го посети сајтот каде е објавена самата информација/содржина во целина. На тој начин РСС-от ги селектира посетителите на сајтот, така што на самиот сајт доаѓаат само rss.jpgнајзаинтересираните или најупатените. Токму тука се крие рекламно најголемиот потенцијал (кој поупатените истражувачи секако го разбираат), контекстуалното рекламирање. Со други зборови, РСС-от во комбинација со контекстуалното рекламирање е прилично моќна комерцијална алатка и троа игнорантски е да се каже дека РСС-от им штети на рекламите. Тој ги менува принципите на традиционалното рекламирање, но во услови кога за класичното кампањско и ангро рекламирање (ТВ спот, радио реклама, печатена реклама, билборд) водени од квантитативна логика (што повеќе време во етер, страници во весник, билборди на одредена теориј) сите ние имаме автоматизирани одбранбени механизми (далечинско, менување станица, пренасочување на вниманието, фрлање на летокот, игнорирање на билбордот), потребно е што поитно разбирање дека доаѓа ера на квалитативно рекламирање, кон кое заинтересираните (и медиуми и огласувачи) мораат што побргу да се престројат. Што побргу тоа повеќе заштедени и поефектно искористени средства.

Згора на тоа секогаш постои опција и за РСС рекламирање:

RSS feeds hunger for more ads

Новини во изгледот на вестите онлајн

Сајтот En.nl испробува нова структура и динамика на претставувањето на ветите. Главните две новини се горниот елемент каде најчесто има реклами или лого, кој сега е заменет со динамична содржина која ја прикажува динамиката на објава на вести по часови, и вториот елемент е оној од десно каде се појавуваат најновите, или вестите разделени по час.

Continue reading