Posts tagged Science Commons

Science Commons

Една од најпотценетите стории која се провлекува во периодот на подем на новите медиуми е предизвиците кои новите медиуми ги предизвикуваат во однос на науката.

Сигурно сите се сеќаваме како раниот интернет беше претежно научнички ориентиран, текстови, статии, книги, школарски линкчиња и слично. Со рапидниот раст на широкопојасниот интернет, тежиштето на интернет се префрли кон забавните содржини кои доминираат денес.

Згора на оваа масовна маргинализација на научничките содржини (кои растат гледано изолирано но се поттурнати од другите содржини на интернет), се појавија голем број на псевдонаучни извори и содржини, од типот на Википедија и да речеме приличен блогови кои мешаат наука и научнички Онегињизам.

Science Commons е проект кој секако нема да направи некаква револуција на овој план, но барем се обидува да ја зајакне свеста на интернет корисниците токму на оваа тема:

Making the Web Work for Science

Science Commons designs strategies and tools for faster, more efficient web-enabled scientific research. We identify unnecessary barriers to research, craft policy guidelines and legal agreements to lower those barriers, and develop technology to make research, data and materials easier to find and use. Our goal is to speed the translation of data into discovery — unlocking the value of research so more people can benefit from the work scientists are doing.

Од извори блиски до Фејсбук

Ми беше дојавено за следната вест, (фала Дарјан), откако низ самиот Фејсбук неколкуратно се издекларирав како ироничен „зенофил“:

 Популарниот рапер и миленик на жените, Тони Зен најверојатно пред некое време тајно се венчал со својата долгогодишна девојка, скопјанката Ирина. Негови блиски велат дека сега станал по сериозен од порано и дека сега размислувал само како оженет човек. Доказ за тајната венчавка на Тони и Ирина е личниот сајт на наводната невеста на страницата Facebook, каде во полето кај моментален емоционален статус пишува ОМАЖЕНА. Отидовме да провериме и на сајтот на младоженецот Тони. Но, таму освен датумот на неговиот роденден не наидовме на друга информација. Со ова познатиот рапер само ги подргева шпекулациите за евентуалната тајна венчавка со неговата голем љубов.

Сега не знам на што попрво да се изнасмеам…(а) „личниот сајт на страницата Фејсбук“ (белким е обратно :), (б) моменталниот емоционален статус :), (в) Фејсбук како доказ за брак комбиниран со тоа дека споменатиот бил „посериозен“ и.т.н.

Колку и да е сево ова хумористично, шеговито и симпатично, доколку самиот Тони Зен не се лути на сево ова , сепак е во подиректна форма доказ и показ како новинарите лесно се навлекуваат на сензационалистички работи, или се обидуваат нас да не навлечат на тривијалности, како во естрадата, така и во политиката. Просто да не веруваш дека некој од промена на статус на Фејсбук направил „новинарска“ вест или пак прилог. Нема д аверувате колку вакви трачариски „докази“се извори вредни за цитирање и во „серизоните“ вести.