Posts tagged ?????

Гост блогер: New tools, new schools

кога ќе дојде време да им се понудат на новите генерации на ученици поадекватни, поинакви и сеприсутни алатки за учење и работа т.е осовременување на наставата и образованието, онакви какви што соодветствуваат на нивната пред сé секојдневна интернет активност и желба.

Continue reading

Македонските весници најотпорни на кризата

Насловот на постов е преземен од сторијата на Нова Македонија: Македонските весници најотпорни на кризата. Да побрзам со мојот став во врска со него ќе треба да го цитирам твитот на Сеад од вчера:

У ствари македонската економија не е во рецесија затоа што нема македонска економија, она што не постои не може да е у рецесија.

По некаква груба аналогија може да се рече нешто слично и за насловов. Но ајде со ред со мрчењево. Веќе вчера на твитер најавив дека ќе пишам пост со многу прашања поттикнати од изјавите на претставницте на фелата во текстот на НМ.Прашањата не се директно насочени кон тој што ја дал изјавата, туку генерално кон сите нас.

Фотографија: Роберт Атанасовски
Фотографија: Роберт Атанасовски

Да пресечам на кратко, текстот е генерално добар, има доста аспекти но од авион се гледа дека секој соговорник си збори за она што го мачи.

Падот на тиражите на дневните весници кај нас не е поголем од 10 отсто…

Сепак, се смета дека падот на тиражот на сите дневни весници во просек е од 5 до 10 отсто… – Стратеџик Маркетинг

Прашање: Во споредба со кој период? Кризата на весниците не е нова работа, и не се случува преку ноќ? Дали 10% е намалена продажбата, да речеме во последниве две години?

Тиражите опаѓаат последниве години кај нас. Сите весници веќе имаат и свои интернет-изданија, но проблемот е во тоа што тие изданија се бесплатни. -Роберто Беличанец

Прашање: А зошто не се обидат да ги направат со платно? Па да видат тек тогаш што ќе ги снајде.

Падот на тиражот е очигледен кај сите весници, но јас сметам дека тоа е пред сè поради сиромаштијата, а не поради онлајн-изданијата – Жане Ванкова

Случајно да не има малку врска ова со сиромаштиајта на информации кои се понудени? Не приметив дека луѓето штедат на информаци, нели стануваме информациско (не информатичко) општество. Насекаде околу гледам дека сите се повеќе зависат од информации, ама види мајката тука не влегуваат информациите кои се поместени во весниците.

Што се однесува до онлајн-изданијата, проблемот е што самите огласувачи сè уште не се расположени за таму да огласуваат. Сите весници имаат онлајн-издание, но го нудат бесплатно. – Ерол Ризаов

Види комнтар погоре. Прашање: А дали вие како издавачи сте спремни и расположени да понудете огласување онлајн? Каде ви се понудите? Колку се подготвени вашите изданија за рекалми и колку се подготвени вашите маркетинг сектори за истото?

Нашите интернет-изданија се исти како печатените, за разлика од западните весници, каде што содржината во двете изданија се разликува. Главните уредници не можат да наплатуваат за интернет-изданијата, затоа што нема механизми за наплата, а и ќе губат читатели. Ерол Ризаов

Прашање: Зошто се исти? Што сака да каже Ерол со вторава реченица??? Како се разликуват механизмите за наплата принт – онлајн? Како тоа уредниците наплаќаат?

Ај доста е мрчење, се надевам ќе се отворат прашањава далеку повеќе во иднина, иако не сум нешто голем оптимист пред се заради некои комплексни локални ситуации кои фино ги дефинира Ерол:

Сите весници работат со загуба и на нерегуларен пазар. Тие нема да згаснат бидејќи сопствениците не ги формирале за профит, туку за други цели.

Јас би сакал да видам некој настан организран на оваа тема, локално со локални актери, ама со актери кои се спремни да слушаат и да споделат и да си отидат дома (или на работа) спремни да променат некои работи. Толку од мене, ако имаш некое прашање плус, пиши, ако имаш одговор обавезно пиши 🙂

Таг револуција

Веќе е извесно, западниот свет ја даде својата поддршка и ја именуваше револуцијата во Молдавија како Twitter Револуција.

Младите таму, како скоро сите малди ширум светот, ги користат новите комуникациски канали за да се органзираат т.е. да пренесат пораки на што е можно повеќе луѓе за пократко време. Секако тука е Facebook, но до израз доаѓа најмногу Twitter.

Зошто?

Па иако Молдавија не технолошки толку развиена овој сервис за микроблогирање не бара многу. Прво, овозможува да се движите и да го користите, т.е. не мора да се врзете за компјутер туку доволно ви е мобилен телефон, второ не треба којзнае колку напор за да се користи. Има тука и три и четири итн ама не мора сега….

Тагот кој ја означува револуциајта е: #pmot

#pmot = Piata Marii Adunari Nationale
#pmot = Piata Marii Adunari Nationale

Револуционерни тагови имаше и во Македонија. Добро, не успеаа да излезат во локалните мејснтрим медиуми, како што беше ова со МВР, нити пак надвор од локалниве, но сепак чинам поставија некоја подлога за нешто понатаму. Да наведам некој таков таг: #плоштад09, #саат итн.

Што е пак сега тагот важен?

Тагот овозможува централизирање на дискусијата. Тагот овозможува соеднување на сите пораки на едно место. Тагот за засилува пораката. Тагот овозможува поголема достапност на содржината. Тагот овозможува лесна ре-дистибуција и пребарување на содржината.

Кога содржината која претходи на тагот е проактивна и повикува, јасно е дека со сета оваа моќ, тагот не е за потценување. Ако на ова се додаде и моќта на мобилната комуникација, резултатите се видливи низ улиците на Кишинау и доправа ќе бидат видливи низ светот.

Секако, обиди за спречување на ваков развој на настаните се можни. Веќе се користат техники за блокирање на сигналот на мобилните телефони, се дискутира за укинување на интернет конекции, но дали е ова демократски?

Дали новите медиуми и новите екстремно динамични и моќни канали на комуникација ја прошируваат или ќе предизвикаат стеснување на дефиницијата на слобода и демократија? Дали воопшто се подобни за ширење на револиции? Или поточно за кој дел од револуциите и општествените активности се подобни?

Локално, пред нас е уште еден настан за кој добив покана на Facebook. И? Се променува нешто? На подобро иде или на полошо?

Одговори на дел од прашањата има на следниве линкови, задолжително за читање (да не линкам на поише места низ постов еве ги на крај)

Moldova’s Twitter Revolution, More analysis of Twitter’s role in Moldova, Inside Moldova’s Twitter Revolution

Photo by Aurelian Săndulescu