Posts tagged skopje newmediamk

Новите медиуми во политичката комуникација, епизода Избори

Ризикувајќи да станеме дел од т.н. предизборна еуфорија (иако во текстов нема да има баш ништо еуфорично :), сепак решивме да направиме кус осврт на тоа како политичките партии ги импрегнираат новите медиуми во политичката кампања, и како самиот медиум се користи и како еволуира за овој специфичен тип на комуницирање. Како никогаш порано во историјата (цитат од еден портпарол 🙂 интернетот и новите медиуми најдоа место (конечно 🙂 во политичките кампањи, како еден од подобрите инструменти да се пренесат политичките пораки. Во оваа новонастаната ситуација кибер-просторот е најползуван од двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, т.е. нивните коалиции:

untitled2.JPG

koalicija sonce blog

Резимирано за двете коалиции одеднаш:

Добро: Блогови, YouТube канали, MySpace, Facebook, Hi5 итн.

Навистина добро се потрудиле да ги персонализираат, т.е. обојат (ајде еве и нека биде, да ги брендираат) своите различни домови низ интернетот. Некои од нив нови, направени, веројатно, за кампањава, некои од нив веројатно постари. Тука се вбројуваат личните акаунти на Рада и некој од личните блогови, за кои знаеме/претпоставуваме дека се од поодамна.

Добро: Видео, аудио, документи, коментари итн.

Многу, ако не и цел материјал кој го создаваат за кампањава може да се најде и онлајн. Редовно надополнувани (претпоставуваме, така ни изгледа, не дека ги проверуваме секој ден 🙂 и евидентно, многу штедење на пари. Скоро сите материјали се поставени на некој бесплатен онлајн сервис, што секако до одредена мера е паметен потег.

Лошо: Ич, ама баш ич нема “social” во овие нивниве употреби на social media. Содржината на блоговите оригинално е наменета за на говорници, за документарци кои се пуштаат на ТВ со лого ППП, за традиционални медиуми, за аналитичари, новинари и за еден куп други места, само не се за на блог, per se. Долги постови, обраќање кон различна публика во секој пост, постови без ни малку лично искуство или личен коментар барем за тоа како си поминале на митинг, без она што блогот го пави блог: индвидуалното, личното. Видео клипови кои се направена за на ТВ а не за влогови, кампањи кои се оригинално за принт а не за вирално пренесување низ интернетот и фотографии како декор, а не како некоја транспарента/задкулисна информација која ќе фрли ново светло на своите кандидати.

Photobucket е добар сервис, кој нуди навистина многу опции, ама и тука важи истата забелешка како горе. Не е “social” воопшто. Можеле да потрошат 20 долари за FlickerPro на пример. Ова само за ВМРО, бидејќи СДСМ и нема акаунт на фото-сајт.

Веројатно, како последица на тоа блоговите не се многу посетувани, нема многу коментари, и едноставно (се уште) не се дел од дискусијата.

koalicija sonce blog

untitled2.JPG

Заклучок: (за да изглeда постов како тие на Трибун 🙂 Одлично е што брзо се прифатија голем број нови сервиси и канали преку коишто може да се искомуницира предизборната пропаганда, но сепак ефектот од нив веројaтно ќе биде премал, а како една од можните причини е нивната единствена употреба како веб скалдишта или магацини за купиштата материјали кои и онака (како и во сите други кампањи досега) неуморно ги правеа.

Сликичките со линкови ги има два пати за да нема коментари на тема пристрасност 😉

ps: Постов го пишувавме двајцата, колку да се знае 🙂

Glocal 2.0 Програма

Конечно, ја затвориме програмата за претстојната конференција посветена на блоговите, блогирањето, блог заедниците и останатите social media теми.
Преземете ја финалната програма како пдф и испланирајте го вашето учество.

Continue reading

Што може да се очекува од А1.com.mk

Листа на предлог идеи, не забелешки со кои може дас е дополни во иднина содржината и структурата на, веројатно, најнапредниот македонски сајт за вести. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат.

Continue reading

Kirilica.com.mk епизода 2

Неверојатно, изминатава недела и кусур Кирлица.ком.мк, новиот македонски news сајт се рекалмира на тв и на билборди (може има уште некаде а да не сум видел) а како резултат на тие реклами бројот на посети на овој блог се зголемува. Навидум нелогично, но и не е баш така сложено.

Пред да се појави официјално овој сајт јас пишав еден краток пост, своевидна најва и критика за нивното лого. Е, сега тој пост на пребарувачите се јавува секогаш некаде при врвот и луѓето често го кликаат. Нема тука ништо лошо, но во резултатите самиот сајт на Кирлица се појавува доста подолу.Еве нека биде тоа забелешка број 1. Сајтот се рекламира на тв и на билборди а онаму каде се добива војната не вложиле ништо: пребарувачите т.е. SEO – search engine optimization

Чекав да застане солидно на нозе па да се одврзам да пишам уште некој коментар за сајтот. Па еве ова нека е забелешка бр. 2: Типографијата на сајтот е благо речена лоша. Нема соодветна пропорција и дистинкција меѓу наслови, теми, наднаслови и сл.

Забелешка бр. 3: Многу празен простор, белина (добро некаде белината е црвена, жолта или плава 🙂 Едноставно не може да се дозволи да има толку мал наслов а онаму каде често се движи окото при читање да стои толкав празен простор.

Забелешка бр.4: Има рубрики кои (би требало да) комуницираат со публиката, а притоа никаде нама упатство, совет или директен контакт, што се очекува од нив. Мислам на одделот видео одговор и ти репортер.

Забелешка бр. 5: А може и да е најголема, нема RSS. News сајт без RSS – тешка работа во денешно време.

Има уште ситни, но не и неважни работи на кои им треба промена. Но основната причината за да ги пишам постов беше за да овозможам на оние кои пребаруваат „kirilica” „kirilica.com.mk” и сл. а слетуваат тука да прочитаат нешто што е во тек со настаните, бидејќи претходниот пост не нуди многу информации, а и башка стар е.