Posts tagged ???????

ADLog назад меѓу живите

Некаде на почетокот на оваа година се појави првата фракција на блогов, ја нарековме ADLog и и поставивме цел да собира локална и регионална креатива, рекламна се разбира, со цел промоција и подигнување на нивото.

Некаде кон крајот на август, некој куршлуш од непознати видови го умртви блгот, т.е. го направи недостапен. Вчера успеав да го лоцирам и елиминирам, и сега блогот е назад во живот.

Но, ADLog од вчера има уште една новина. Има уште еден автор. Марјан Забрчанец. Тој е автор на блогот Големата Слика и дел од креативната индустрија. На мој предлог, вчера, за неколку секунди реши да стане дел од овој блог.

Епа доста е читање, ајде трк да на блогот и не заборавај да го ставиш и него во твојот омилен фид ридер. Ние ветуваме нема да го полниме вашето сандаче многу често 🙂

Реклама во три корки

Како може да се толкува една реклама? Како може да се анализира една реклама? Како треба да се толкува и анализира една реклама?

Засега нема консензуален одовор на овие прашања, иако дебатите и анализите на темава се повеќе од бројни, особено во англо-саксонските академски кружоци и во сферата на влијанието на американскиот прагматизам.

Нејсе, или ти хауевер, постојат некои основни препорачани пристапи како треба да се толкува, а потем и анализира, една простодушна реклама.

Кетрин Фрит (Catherine Frith, Massachusetts Univ., US) ја наведува оваа методика: рекламата се анализира на три нивоа: (а) директно или површно ниво, (б) интенциско или реторичко ниво, и конечно (в) длабинско или културно-идеолошко ниво. Првото ниво подразбира прост опис на елементите на рекламата, наративот од истата (ако има) односите помеѓу елементите и сл. Второто ниво ја дешифрира намерата или стратегијата на оној кој се рекламира, која е неговата скриена порака и вистинска намера, и трето ниво (в), подлабинско значење на самата реклама и нејзиниот наратив, од културолошки аспект и низ призма на покрупни категории како што се идеологија, родови односи, политички вредности, митологија и сл.

roaming_bruno-4_mkd-copy.jpg

Ниво А: Рекламата се состои од момче тинејџер(че), кое се наоѓа на плажа (индекс=реквизити) некаде во странство (индекс=текст) како зборува на мобилен, додека го гледаат две девојки во бикини (кои патем кажано, случајно или не, се многу згодни и привлечни).

Ниво Б: Огласувачот сака да ја истакне (1) комфорноста (индекс=цена=ефтино) на своите корисници додека зборуваат во роаминг (за разлика од корисниците на конкурентските компании), (2) услугите кои нивниот корисник ги користи ќе му донесат различни бенефити (меѓу другото и „згодни жемцки“).

Ниво В: Рекламата ја презентира (1) доминантноста на мажите во модерното општество (индекс=самоувереност, централно место во рекламата, присуство на љубопитни и заинтересирани девојки околу него, (2) потрошувачката култура и престижноста која одредени производи и услуги ни ја овозможуваат (ти си она што купуваш), (3) сексуалната подреденост на жената, т.е. жените се „природно“ упатени своите телесно-сексуални благодети да им ги даруваат на истакнатите успешни самоуверени мажјаци.

Ова е само еден базичен начин на читање, а има многу, има дури и некои откачени кои рекламава ја читаа како ептен кул 🙂 Мерси на Горде за поттикот за овој текст..