Posts tagged ???????? ? ???????????

Бесплатни семинари на програмата на Webit 2011

Oвогодинешниот Webit ќе понуди и бесплатна програма со семинари на тема е-трговија и социјални медиуми. Помеѓу презентерите се Artur Banach од Netsprint, Odysseas Ntotsikas од Thinkdigital, Andri Viiand од Altex Marketing, итн.

Значајно место оваа година ќе заземе Стартап селото каде што ќе присуствуваат многу инвеститорски компании и бизнис ангели за да ги видат најдобрите стартапи од Централна и Источна Европа. Конференцијата ќе биде фокусирана на инвестиции во дигиталната технологија и стартап компаниите од регионот. Инвеститорите ќе споделат кој проект би сакале да го поддржат и ќе направат анализа на сегашните и идни трендови во дигиталната индустрија. Претприемачите и иноваторите ќе бидат во можност да се приклучат кон панел дискусиите на теми како да најдете инвеститор, како да подготвите бизнис план, како да направите презентација итн. Учесниците на Стартап селото ќе имаат можност да се сретнат со Ilja Laurs, чија компанија GetJar беше прогласена за една од 10-те стартапи кои ќе ви го променат живото од страна на Time Magazine.

Програмата на Creative Lounge ќе понуди презентација на многу успешни практики и трендови и сето тоа споделено од експертите на лидерските индустрии. Теми на кои ќе се разговара: како да користите различни адвертајзинг формати, како да изградите идентитет, успешна употреба на апликации, видео содржина итн. Конференциската програма на Creative Lounge е корисна за адвертајзери и дизајнери од регинот. Помеѓу останатите презентери се и иконите на адвертајзинг и креативната индустрија како Jason Little, креативен директор на Landor Associates Paris, Edward Opara од Pentagram, Tom Adams од FutureBrand Worldwide итн.

Webit 2011: Поголем и пофукусиран со 7 паралелни теми и саем

Webit 2011Од  26-27 октомври, Webit Congress 2011 кој се оддржува во Софија ќе биде домаќин на стотина истакнати професионалци и влијателни лидери кои ќе го споделат своето искуство во повеќе области како е-трговија, онлајн маркетинг и рекламирање, стартапи и инвестирање, менаџмент, телекомуникации.

Со 7 паралелни конференциски теми, овој настан им овозможува на посетителите да одберат да слушнат презентации од многу интересни говорници и да бидат во тек со последните трендови во бизнис и маркетинг индустријата. Бизнис лидери од различни области од дигиталната и информатичката индустрија ќе бидат главни говорници на оваа конференција.

Webit Panel Discussion На главната сцена ќе има панел дискусии со многу визионери и лидери во е-трговијата и социјалните медиуми. Тука многу светски експерти во дигиталната индустрија ќе ги споделат своите знаења од полето на комуникацијата со клиенти, дигитален маркетинг, стратегија за присуство на брендовите на социјалните медиуми, маркетинг преку мобилни телефони. На конференцијата како говорници ќе се појават основачи и извршни директори на најпознати, најголеми или најиновативни компании во светот како Microsoft, eBay, PayPal, Google, Facebook, Saatchi & Saatchi, итн.  На главната сцена ќе се појави и еден од неколкуте дигитални магионичари во светот Marco Tempest.

За прв пат оваа година Webit ви ја претставува DevCamp работилцата, место каде што веб и дивелопери на апликации ќе можат да ги разменат своите искуства, своите контакти и ќе имаат можност за вмрежување. Секоја работилница е полудневна или целодневна каде што многу експерти ќе ги споделат своите знаења со публиката. Еден од говорниците кои ќе се појави на работилницата е John Lunn од PayPal X, кој ќе ja демонстира најновата иновација во онлајн плаќањето и исплатите.

Во наредните неколку недели ќе споделиме уште повеќе информации за Webit 2011.

[Webit] Иднината на огласувањето е онлајн видеото?

После вториот панел на Webit 2010 каде што беа претставени потенцијалите на маркетингот преку мобилни телефони следуваа две чисто комерцијално презентации, за кои презентерите не се потрудиле ниту да бидат забавни. Меѓутоа наредните две презентации „The new video eco-system “ на Andy Chen од MTV Networks International и „The evolution of web TV – trends, challenges and possibilities“ на Marcus Harwall, директор на Nova TV беа доста интересни и корисни.

Тоа што може да се извлече како заклучок од двете презентации е согласувањето на двајцата презентери дека поради сложениот еко-систем на видеото се уште никој не знае како да прави пари иако сите вложуваат и се натпреверуваат во тоа поле. Andy беше премногу директен и рече дека ако некој ви каже како знае да заработува со видео ве лаже. На Marcus предвидувањето е дека никој нема ни да знае во наредниве две години. Меѓутоа и двајцата ги детектираа предизвиците и можностите на олајн видео огласувањето.

Што се случува?

Луѓето сакаат содржина, особено видео содржина која за нив е поинтересна отколку читање на текст. Развојот на дигиталната технологија го направи видеото се популарно и достапно. Скоро секој произведува некоја форма на видео, а поради онлајн видеото интернет сообраќајот ќе се зголеми за 4 пати до 2014. Сето ова придонесе до појава на нов модел на пренесување и конзумирање на видео содржината. Тоа е „microcast“ моделот кој е спротивен на „broadcast“ моделот и кој фундаментално го менува начинот и дополнително го усложнува еко-системот на видеото.

Уште неколку брзи факти за онлајн видеото:

  • 1/3 од севкупниот интернет сообраќај отпаѓа на онлајн видео
  • Наспроти верувањето дека луѓето на интернет не гледаат долги видеа податоците покажуваат дека од просечни 4.8 миниту во 2008, луѓето сега во просек гледаат по 9.5 минути видео на веб платформите и се предвидува дека до 2013 ќе се дуплира и ќе изнедува 18.5 миниту во просек. Ова значи дека полека може да почнеме да зборуваме за веб ТВ, а не за онлјан видео.
  • Моменталниот голем сообраќај на веб платформите за онлајн видео не значи дека се конвертира во заработка

Експлозија на онлајн видеото

Огласувачите потрошиле повеќе од 12.1 милјарди долари на интернет во првата половина на 2010 и тоа претставува 11.3% повеќе од ланската година. Видео огласувањето пораснало за 48% оваа година и се очекува да достигне 16.1 милјарди долари до 2012.

Предности на онлајн видео огласувањето

Според Marcus Harwall од сите форми на онлајн огласување најефективен медиум е онлајн видеото затоа што е за разлика од банер кампањите има:

  • 10-50 пати поголем CTR.
  • 19 пати поголема стапка на конверзии

Исто како и во другите онлајн кампањи за ефективноста пресудни се следниве фактори:

  • Позиционирањето на огласот
  • Оптимизација на целната страница (landing page). Најдобро е да се има повеќе верзии за да се измери која од нив ќе даде најголем резултат односно најголема стапка на конверзии
  • Храброст да се биде креативен

Погледнета ја целата презентација на Marcus Harwall. Иако дел од податоците ви ги пренесов, внатре има уште доста интересни факти за моќта на огласувањето преку онлајн видео.