Пет видеа од LeWeb 2013 кои не смеете да ги пропуштите. Gary Vaynerchuk, Travis Kalanick, Hugo Barra, Tony Fadell, Carmine Gallo.
Continue readingPosts tagged starup
LeWeb 2013 – видео осврт на третиот ден
Додека јас да се сетам дека не го објавив последното видео од Париз помина скоро цела недела. Еве го завршниот збор за конференцијата. На кратко: одлично искуство, но било и подобро.
Ако не го гледаше интервјуто со Brian Solis, сега му е мајката. А еве тука и листа на видеа (презентации) од LeWeb кои мора да се гледаат.

Видео интервју со Brian Solis на #LeWeb
Ексклузивно интервју со Brian Solis, светски познат дигитален аналитичар, говорник и автор на The End of Business as Usual, Engage! и What’s the Future of Business
Continue readingLeWeb 2013 – видео осврт на првиот ден
Краток преглед на најинтересните дискусии и презентации од првиот ден на LeWeb 2013 Париз, Франција
Continue readingLeWeb 2013 – што не очекува следните 10 години
Оваа година LeWeb слави 10 години и по тој повод темата на настанот е: следните 10 години.
Continue reading#комкаст 32 – Комплетно посветен на LeWeb11
На гости ни беше Александар (@a_georgiev) кој заедно со мене (Дарко) зборувапе скоро еден час за она што се случуваше во Париз на LeWeb оваа година. Коментиравме за атмосферата, за содржината, за организацијата за вмрежувањето. Преслушајте го подкастот.
Continue readingLeWeb11 преглед на третиот ден
Последното од видеата снимени некаде низ улиците на Париз. Зборувам за третиот, и последен ден на овогодинешниот Le Web. Погледнете го краткиот осврт на настаните и презентациите од последните панели. На крајот, навистина вреди да се биде дел од овој настан.
Continue readingLeWeb’11 прва најава и стартап натпревар
И оваа година од права рака ќе пишувам за најголемиот интернет настан во Европа LeWeb’11. Како лани и сега ќе бидам единствен официјален блогер од Македонија.
Continue reading#комкаст 21 – Комуникации.нет подкаст
Во оваа епизода Дарко и гостинот Киро Велковкси зборуваат за почетоците на дигиталната комуниакција во Македонија но и се надоврзуваат со дискусија за актуелни сосјтојби на нашиот ИТ пазар.
Continue readingLeWeb10 низ фотографии
Во претходниот псот спомнав за фотографијата со Marissa Mayer, ева ја приказната. Првиот ден од официјалната програма на LeWeb @kuzevski ме испровоцира (на чет) да сликам повеќе. И токму тоа и го направив. Сликав по малку од сесиите и личностите кои ми се допаѓаа и гледав веднаш да ги објавам фотографиите на официјалната Flickr сметка на NewMediaMK.
Во текот на денот, додека се шетав низ различните сцени, добив sms од @kuzevski дека сме добиле маил во кој некој пријаувава интерес да купи некоја фотографија од нашите. Нормално побрзав да се вратам назад на масата на која ми стоење (закачен на жица) компјутерот, за да видам за што станува збор.
И кога таму, еден крајно културен меил во кој уредник на фотографија на германското издание на Financial Times сака да објави во утрешното (9.12) издание на својот весник фотографија од нашата Flickr сметка, фотографија со Marissa Mayer. Човекот и си беше однапред отворен и си кажа дека е спремен да си ја плати фотографијата. По неколку пораки во кои се договоривме околу детали, постигнавме договор и следниот ден добивме PDF со објанвена фотографија до која стои моето име :).
Освен што сега можам да се фалам наоколу, можам и да потврдам дека многу е важно да се внесуваат метаподатоци за содржината која ја објавувате на интернет. Да не беше брзо и јавно објавена оваа фотографија, да не беше обележана со соодветните тагови, немаше да може да се појави прд очите на овој уредник. Затоа прифати совет и во иднина, не ги исклучувај опциите за кои не си ни свесен дека може да се појават.
Е сега галеријата која е најавена во насловот. 🙂 Морав да се пофалм прво де тееее
Facebook Workshop – LeWeb
Еден од настаните кои предизвикаа голем интерес беа работилниците на Facebook, би рекол очекувано. Само не знам зошто Facebook не се решиле да дадат повеќе пари за поголем простор за своите работилници на LeWeb, но не е тоа и толку важно. Бев таму на првиот од три дела. Немаше официјална камера, па решив да направам снимка од рака.
- Understanding the People Powered Web with Facebook
- Building your Brand on Facebook
- Building your Social Presence Across the Web: Social Plugins and APIs
Еве го првиот, воведен дел поделен во две видеа од по 20 мин.
Би рекол, професионална презентација, која не носи многу новини но сепак е вредна за гледање. Небојша остана и на следните две и успеал малку да ги налути предавачите кога инсистирал да добие одговор на прашањето зошто нема никаква поддршка за корисниците, дури ни за оние кои трошат пристојна сума на пари на самиот сервис за бизнис потреби. Повеќе за втората и третата сесија може да прочитате во белешките на @Eniac