Во претходниот псот спомнав за фотографијата со Marissa Mayer, ева ја приказната. Првиот ден од официјалната програма на LeWeb @kuzevski ме испровоцира (на чет) да сликам повеќе. И токму тоа и го направив. Сликав по малку од сесиите и личностите кои ми се допаѓаа и гледав веднаш да ги објавам фотографиите на официјалната Flickr сметка на NewMediaMK.
Во текот на денот, додека се шетав низ различните сцени, добив sms од @kuzevski дека сме добиле маил во кој некој пријаувава интерес да купи некоја фотографија од нашите. Нормално побрзав да се вратам назад на масата на која ми стоење (закачен на жица) компјутерот, за да видам за што станува збор.
И кога таму, еден крајно културен меил во кој уредник на фотографија на германското издание на Financial Times сака да објави во утрешното (9.12) издание на својот весник фотографија од нашата Flickr сметка, фотографија со Marissa Mayer. Човекот и си беше однапред отворен и си кажа дека е спремен да си ја плати фотографијата. По неколку пораки во кои се договоривме околу детали, постигнавме договор и следниот ден добивме PDF со објанвена фотографија до која стои моето име :).
Освен што сега можам да се фалам наоколу, можам и да потврдам дека многу е важно да се внесуваат метаподатоци за содржината која ја објавувате на интернет. Да не беше брзо и јавно објавена оваа фотографија, да не беше обележана со соодветните тагови, немаше да може да се појави прд очите на овој уредник. Затоа прифати совет и во иднина, не ги исклучувај опциите за кои не си ни свесен дека може да се појават.
Е сега галеријата која е најавена во насловот. 🙂 Морав да се пофалм прво де тееее