Posts tagged Triumf

Југославија уште живее, ама во риалити шоуа

Со новото риалити шоу „Триумф“, кое се најавува подолго време, навидум гледачите нема да добијат ништо повеќе од еден хибриден клон на Big Brother и American Idol.

Е тука продуцентите се досетиле на уште едно дополнително трикче, па сега овој медиумски коктел го продаваат како „обединување на југословенските простори“. Со ова концептот Југославија, се комерцијализира и се продава како Индијана Џонс 4, овој пат на публиката од плус 20 милионски пазар.

Najveće muzičke zvezde bivše Jugoslavije biće specijalni gosti serijala „Operacija trijumf“ koji poslednje nedelje septembra kreće na B92 (локално А1). Bajaga, „Let 3“, Severina, Karolina Gočeva, Jelena Rozga, Željko Joksimović, Nina Badrić, Saša Lošić i „Prljavo kazalište“ i mnogi drugi družiće se sa 16 učesnika serijala koji dolaze iz svih zemalja eks-YU, i stog dana će se pred budnim okom kamere boriti za pobedu i svetsku karijeru.

Кажано со К-15 речник „ова или ќе биде добро или не, најверојатно“ 🙂

Но, ако се зема предвид природата на самиот медиум и тв-жанр, можно е пак да видиме симулиран распад на системот збогатен со нискости, хормони, суети, забеганости, провокативности, и слично. О да ќе има и „пријателства“, само на „југословенски начин“.

Медиумски војни: епизода Осетија

По наглата ескалација на вооружените судири во јужна Осетија (или по нашки ј. Почувствуваја 🙂 се интензивираше медиумската војна. Распоредот на силите е прилично лесен за антиципација, западните медиуми на страна на Грузија, руските медиуми на страна на отцепената непризнаена област. На глобална сцена овој пат Русите имаат свој адут, па сега медиумската (прикриена) војна ја водат CNN, FoxNews, BBC, Sky News, наспроти Russia Today, и делумно CCTV9 од Кина. Овој конфликт е интересен за анализа од медиумска гледна точка затоа што е релативно дистанциран од нашите локални околности и послесно е неутрално да ги следиме нештата.Како по некоја матрица се повторуваат оние феномени кои за жал ни се така добро познати, а кои можат да се сублимираат во неколку стратешки медиумски маневри и стратегии во водењето на медиумската и пропагандна војна:

  • манипулација со бројки – различните цифри, од бројот на убиени, ранети, раселени, ангажирани трупи, употребени авиони, урнати авиони и сл. е секако алфа и омега во азбуката на војувањето. Додека прогрузиските медиуми јавуваат за 7 ранети цивили, руските медиуми јавуваат за над 1000 убиени цивили од Осетија. Каде е тука вистината? Веројатно некаде помеѓу.
  • интензификација и аугментација на реториката– во вакви ситуации вообичаено веднаш се употребува тешката реторичка артилерија: осетиско-руките претставници обвинуваат за геноцид, етничко чистење, додека грузијците обвинуваат за агресија, непредизвикан напад и сл.
  • дехуманизација на противникот: противникот се обесчовечува, наспроти емпатијата кон својата страна-слики на жени и деца во скривници (=емпатија), наспроти слики на тенкови, авиони и блесоци од гранати и ракетни проектили.
  • еуфемизација на сопствените воени постапки – она што е за едната страна „агресија“ за другата е „засилување на мировните сили“, она што е напад врз цивили за другиот е „преземање контрола“, и.т.н.

capture.JPG

  • таксонимија или селекција на податоците: тоа што влегува во прилог на уредувачката перцепција се приоретизира, повторува и нагласува, она што не влегува во таа дешифрирачка рамка се игнорира.
  • сеење на страв и паника: ова оди рака под рака со точка 2 и е во тесна врска со точка 3. Се наведуваат гласини, се навестува нешто што веројатно нема да се случи, и слично.
  • денационализација на денешните војни: интересно во овој најсвеж конфликт е како е самиот феномен на војување денационализиран или убер-национализиран, односно е сосема надминат: кога ќе ги видите водителите Британци на Russia Today како со жар ја претставуваат руско-осетиската страна, или пак Ралица Василева за американскиот поглед на нештата, ви станува јасно колку е националниот момент надминат во денешните војни.

svgoegria-200x0.jpg

Во време на војна медиумите се вклучени во мобилизацијата