Posts tagged twitter

Кога selfie-то ќе добие поинаква вредност

Ellen DeGeneres направи selfie кое ќе влезе во историјата. Го твитна, и направи историја за Твитер, за Оскари и секако за целата филозoфија на selfie-то како такво.

Овој твит веќе секаде прочитавте дека е најретвитаниот. За само пар минути освои 100000 ретвити, го сруши рекордот на Обама и Твитер падна (нормално, како и при секоја ваква гооооолема активност).

Ако анализираме, немаше што да се изгуби тука:

1. Имаш трендинг настан
2. Имаш топ селебритис на сликата
3. Имаш супер паметен хумор во самиот твит

Твитот е предодреден да биде вирален. И стана највиралниот во историјата.

Е сега има и една друга страна која мора да се спомене тука. Не толку скриената порака зад оваа планирана активност е дека сликата е направена со Samsung Galaxy Note 3. Oва би требало да е историски момент и за Samsung ако не излезеше веста дека Ellen на сцена користи Samsung, а зад сцена iPhone.

Ellen.Oscars.2014.iPhone

Тука се прашувам до каде оди лојалноста кон одреден бренд. Присуството на Samsung на оскарите беше over the top, и повторно не успеа да ја земе сета слава за себе. Дури станува „предмет на исмевање“ од страна на Apple Insider кој се врати наназад да ги анализира и другите настани каде Samsung e спонзор и каде им се случила токму истата идентична работа со Franz Beckenbauer, или и кога John Legere го направи истото, или кога David Ferrer твитна колку многу го сака Samsung Galaxy S4, погодувате нели, од неговиот iPhone. Или најсвежо пред Оскари, кога Samsung побара од олимпијците да го покријат логото на своите iPhone телефони.

Колку се овие моменти планирани, намерни, наместени или едноставно спонтани? Колку ваквите моменти имаат врзани последици, позитивни или негативни, за брендот, за актерите во самиот настан, за учеството на еден бренд во вакви настани во иднина? Колку ваквите моменти ги менуваат стратегиите, одлуките, и пред се претпазливоста и свесноста на брендовите за ваквите моменти? Баш сакам да видам една добра издржана дискусија на темава.

На крајот да останам во духот со Оскарите нели, и она што мене професионално (а и лично) ме интересира повеќе од тоа кој бил номиниран и добил Оскар, Твитер извади статистика и најдобри моменти од тоа како поминаа #Oscars на Twitter и како помина Twitter со #Oscars, секако со фокус на Ellen. Сите детали на https://blog.twitter.com/2014/looking-back-at-the-2014-oscars-on-twitter

 

„Мрачно споделување“ – Невидливи извори на посети

Колку параметри пропуштаме при мерење, аналитика, извлекување статистики за изворите на посети? Лесно е да се прегледа како се споделува информација на јавните форми на интернет медиумите, но што е со овие поприватните, како четовите, маиловите, пораките?

Continue reading

Google со ширум отворени уши за критики

Оние кои навистина си ја знаат работата и кои навистина се грижат за своите корисници ќе знаат да ги ценат критиките и да ги искористат на прав начин. Поука од оваа ситуација е дека треба да се осмелиме да комуницираме со луѓето од големите брендови и да ги кажеме нашите интереси, мислења и критики.

Continue reading

Основна употреба на Twitter

Да рециклирам малку, зошто го запоставивме блогов во последно време.

Пред неколку недели направив една основна (кратка) презентација за користење на Twitter.com. Ја ставив на Slideshare.net и ја споделив на Twitter, нормално. После неколку дена истата беше објавена на уредничиот дел со How-to презентации, дел од овој сервис (Slideshare.net)(сега веќе не е таму).

Еве ја и тука, ако си ја пропуштил/а. И пак да повторам, не е баш испеглана како што треба. Ветувам и мк верзија која ќе биде подобра од оваа.

Слајдот 12 укажува на search.twitter.com 😉

Twitter breaking news: Паднал авион во Денвер

Паднал авион во Денвер на полетување. На CNN до пред некој час немало официјални детали, но затоа имало на Twitter. Некој извесен Mike Wilson бил патник во авионот и пишувал на својот Twitter акаунт за несереќата, која всушност е втор пад со авион за него 😉

Continue reading

Click Magazine .mk

Пред повеќе од една година, пишав за ребрендирањето на ClubFootball во eSport и бев возбуден бидејќи бев дел од тимот кој ја правеше промената.

Овој пат, повторно бев дел од еден тим, и повторно станува збор за истата издавачка куќа, Global Media, но сега новиот магазин е на тема која природно ми е поблиску.

И повторно со возбуда најавувам нов магазин во Македонија. CLICK нов магазин за компјутери, т.е. се што е врзано со нив или е во нивна близина, се што е гаџет, или интернет иуште еден куп други работи. Мислам дека е јасно, нели 😉

Подготовката на пилот бројот, разглобувањето на многуте детали и дилеми беше предизвикувачки процес, но на крај мислам дека резултираше со сосема задоволителен приоизвод. Од една страна јасно е дека не може се да биде перфектно во првиот број, но од друга страна заради факторот љубопитност бројот на купувачи на првиот број е голем и првиот впечаток е доста важен. Да се има сето тоа предвид не е лесно. Исходот од публиакта го чекаме во теков на седниве недели.
Покрај развојот на магазинот во првиов број помогнав и со неколку текстови. Се разбира, не ги напуштив темите поврзани со онлајн светот.

Патем, официјална најава е планирана за утре, но некои (Goodbytes, It.com.mk) веќе „продреа” предвреме и го најавија магазинов (што излезе уште подобро) откако улетале на неговата официјална веб страна: clickmag.mk, за која се подготвува друго сценарио. Во меѓувреме таму може да се погледне во дел од содржината на првиот број.