Posts tagged Uggly Betty

Сите лица на Нина

Кога се работи за глобализацијата, таа главно се пропагира како овозможување на „сé за сите насекаде“, но во реалноста тоа најчесто се реализира како „исто за сите насекаде“. Униформизација на формите и содржините на културите, губењето на разновидноста и природната креативност на различните култури, е една од најконтроверзните последици на глобализацијата. Корпорациите кои се движечката сила и доминантна логистика на глобализацијата постојано изнаоѓаат рецепти како да ја замачкаат оваа работа, а една од потрендовските тактики е „локализација“ на глобалните производи. Масовното механизирано производство на лесни производи од поодамна излезе од фабриките и влезе во сферата на медиумите. Кога се работи за глобални медиумски производи за пример на темава/тезава, може да послужи Нина, иако она баш не се дава 🙂 Сé започна со латино-американската сапуница „Yo soy Betty, la fea“, продуцирана во Колумбија. Откако серијата стана хит, нејзини локално-прилагодени клонови се појавија во:

betty_colombia_090506.jpg ugly-betty-america-ferrera-300-0327071.jpg osklivka-katka-11.jpg

 sara_image2.jpg post-46-11969397682.jpg

Пронајди ја вистинска и и „најружната“ Бети

Јасно е дека медиумско-корпорацискиот пристап насочен кон максимизација на профитите инвестира најчесто во проверени рецепти, а директното копирање го затскрива со локализирање на самите сценарија на овие серијали, за да полесно го омасови продавањето/конзумирањето. Се разбира на гледачките кои се емотивно приврзани кон ликовите на серијата која ја следат, оваа компаративна фактографија не им значи нешто многу, што ни открива и друг аспект на овој процес, емотивно-афективната манипулација, односно играње со чувствата на гледачите, кои секако свесно влегуваат во тој процес, но несвесни за интензитетот на манипулацијата во таа игра.

По оваа епизода со „Бети“ , Нина итн, можеби и мажите можат да кажат дека сите жени се исти 🙂 но исто така важно е да се додаде дека ова е секако еден вид напримена на брендирањето во сферата на медиумите.

Fox News експерти

По нашите медиуми се прошетаа голем број, „експерти“, стручњаци, и слични ѕверки од сомнителен карактер и побуди, и колку и да сме критички настроени како нашите медиуми конструираат експертски сесии и готват невкусни квази-стручњачки манџи, сепак треба да признаеме дека има и полошо. Fox News, say no more...Апсолутен лидер во областа на медиумски симулации, пристрасност, пропагандистички кампањи и сличито. Последната креатива од овој докажан медиум е кампањата против критичарите на Барак Обама (оти про-конзервативниот Fox News проценил дека тој е подобар противник за нивниот пулен републиканецот Мек-Кејн) а за експертски прилози не се бираат ни средства ни ликови:

dsc00003.JPG

Кинки Фридмен е последната ѕвезда во оваа Fox News гранд парада. Две работи: кога ги праќаат нашите новинари во разни Америки на обука сметајте дека ги обучуваат и за вакви методи на конструирање на медиумски ликови со цел влијание на обичниот гласач, второ што би бил нашиот локален пандан на ова? Сточар мислител? Овчар поет? О, не, па ние веќе имавме една таква фигура (Иснифари Џемаил), треба само да ја испромовираме во експерт.