Posts tagged ????????

Позитивен пристап кон Интернет. Свежи локални примери

Последниов месец и повеќе, решивме, јас и другите луѓе од Центарот за нови медиуми да бидеме малку поагресивни во напорите да поттикенеме позитивна дискусија за Интернет и социјалните медиуми. Не дека нешто значително сме направиле, но сепак, ете некои работи се придвижуваат. Дали е до нас или не, нема да носам заклучоци сега. Не е ни важно тоа.

Имено, кога се дискутира за Интернет секогаш мора да се имаат на ум неговите импликации и да се има крајно конструктивен пристап. Мотивацијата за овој пост ми е текстот кој денес Бисерка Велковска го објави во Нова Македонија: „Фејсбук“ не е за десетгодишници.

– Родителите често се во дилема дали на своето дете да му дозволат или да му го ограничат користењето на „Фејсбук“ и на другите социјални мрежи. Сметам дека не е препорачливо децата уште од многу мала возраст да имаат профили, но тоа не значи строго да му забранувате на вашето дете да користи „Фејсбук“. Добро е отворено да разговарате со него и да бидете информирани за тоа колку време посветува на ваквите активности и што работи за да можете навремено да го советувате и да интервенирате ако има потреба – вели психологот Јана Величковска од општата болница „Ре-медика“.

фото: crisp.org.mk
фото: crisp.org.mk

Навистина ми се допадна аголот на пренесување на темата, нормално не дека има изјава од мене 🙂 туку дека Бисерка не се обидува да дига паника или да брка сензационалност. Пред да го пише текстот препорачав да фати позитивен агол и ја замолив да ги види постовите кои се линкани на погоре. Не знам дали и тоа имало влијание, ќе си каже самата 🙂 ама текстов покажува дека не паднала во стандардната замка во која новинарите, особено после емисијата Пулс на ТВ Алфа од пред некој ден, докажано „паѓаат”.

А свеж доказ за оваа замка, ако воопшто може и така да ја наречеме, е текстот кој исто така беше објавен во Нова Македонија пред некој ден со наслов: Уништен имиџ од видео на Јутјуб. Покрај позитивниот крај на локалниот пример, авторот (во овој случај проектот на Метаморфозис) не успеал во главен фокус (најочигледно е во самиот наслов) да го истакне позитивниот исход и соодветната постапка за спречување на злоупотребата.

Во секој случај и двата текста се крајно за поздравување и се надевам дека секој од нас во иднина ќе се обиде да ја извлече и што е најважно да ја истакне позитивната страна на интернетот. Свесен сум дека сите ги знаеме и мислиме дека нема потреба да ги истакнуваме позитивниве страни, ама ако оставиме традиционланите медиуми да ја поставуваат агендата и понатаму ќе продолжиме да воздивнуваме секогаш кога на некој настан или тв емисија ќе се поставуваат, искрено речено, досадните прашања за безбедност, опасност од измама и слично.

РЕЗУЛТАТИ: Анкета – Употреби на мобилен телефон

Пред некое време промовиравме една анкета која испадна сосем случајно. Анкетата беше превод и минимална адаптација на следната анкета, благодарение на Аница, што ја сподели и дозволи да ја користиме.

Анкетата доби 41 одговор. Подолу еве ги комплетно резултатите од сите прашања. Како и да е, мора да напоменам дека анкетава не е резултат на некоја посериозна подготвка и сл. Има методолошки недостатоци, не баш репрезентативен примерок и сл.

Прво погледнете кој ја пополнил анкетата па потоа и како одговарале на прашањата. Заклучоци може да си изведува секој сам. Јас мислам дека некои за одредени прашања ја криеле вистината :), ама тоа е моја лична перцепција, нормално не мора да биде точна 🙂

* кликни ја сликата ќе биде малку поголема

Continue reading

Таг револуција

Веќе е извесно, западниот свет ја даде својата поддршка и ја именуваше револуцијата во Молдавија како Twitter Револуција.

Младите таму, како скоро сите малди ширум светот, ги користат новите комуникациски канали за да се органзираат т.е. да пренесат пораки на што е можно повеќе луѓе за пократко време. Секако тука е Facebook, но до израз доаѓа најмногу Twitter.

Зошто?

Па иако Молдавија не технолошки толку развиена овој сервис за микроблогирање не бара многу. Прво, овозможува да се движите и да го користите, т.е. не мора да се врзете за компјутер туку доволно ви е мобилен телефон, второ не треба којзнае колку напор за да се користи. Има тука и три и четири итн ама не мора сега….

Тагот кој ја означува револуциајта е: #pmot

#pmot = Piata Marii Adunari Nationale
#pmot = Piata Marii Adunari Nationale

Револуционерни тагови имаше и во Македонија. Добро, не успеаа да излезат во локалните мејснтрим медиуми, како што беше ова со МВР, нити пак надвор од локалниве, но сепак чинам поставија некоја подлога за нешто понатаму. Да наведам некој таков таг: #плоштад09, #саат итн.

Што е пак сега тагот важен?

Тагот овозможува централизирање на дискусијата. Тагот овозможува соеднување на сите пораки на едно место. Тагот за засилува пораката. Тагот овозможува поголема достапност на содржината. Тагот овозможува лесна ре-дистибуција и пребарување на содржината.

Кога содржината која претходи на тагот е проактивна и повикува, јасно е дека со сета оваа моќ, тагот не е за потценување. Ако на ова се додаде и моќта на мобилната комуникација, резултатите се видливи низ улиците на Кишинау и доправа ќе бидат видливи низ светот.

Секако, обиди за спречување на ваков развој на настаните се можни. Веќе се користат техники за блокирање на сигналот на мобилните телефони, се дискутира за укинување на интернет конекции, но дали е ова демократски?

Дали новите медиуми и новите екстремно динамични и моќни канали на комуникација ја прошируваат или ќе предизвикаат стеснување на дефиницијата на слобода и демократија? Дали воопшто се подобни за ширење на револиции? Или поточно за кој дел од револуциите и општествените активности се подобни?

Локално, пред нас е уште еден настан за кој добив покана на Facebook. И? Се променува нешто? На подобро иде или на полошо?

Одговори на дел од прашањата има на следниве линкови, задолжително за читање (да не линкам на поише места низ постов еве ги на крај)

Moldova’s Twitter Revolution, More analysis of Twitter’s role in Moldova, Inside Moldova’s Twitter Revolution

Photo by Aurelian Săndulescu