Posts tagged ?????? ?????????

На другата страна од интернетот

Во комуниколоагијата обично се вели дека старите медиуми не изумираат, туку остануваат да опстојуваат на различен начин. Овој пост разгледува неколку импресии од секојдневието на оние кои денес не сурфаат на интернет.

Continue reading

[анализа] Медиумите го погазија сопственото достоинство

Сумарно земено, кршејќи го човечкото и професионалното достоинство на овие и бројни други актери во случувањата, медиумите, всушност, најмногу го погазија сопственото достоинство и сериозно ја загрозија довербата на јавноста во нив.

Continue reading

Новинарска драма

Еве ќе се навршат речиси две недели од пробликот на еден интересен феномен, па откако стручната, академската и пошироката интелектуална јавност не се огласија, низ разговор со Дарко одлучивме овде на овој блог да го прибележиме настанов. Навистина, штета да остане неспомнат.

На ден втори, месец јануари, лето 2009, осамна на сајтот на А1 мошне интересен прилог под наслов „Во март одговор дали Македонија заслужува безвизен режим“. Во него покрај техничките информации од седницата на македонската Влада беше прибележен и еден дел од самиот прилог кој од корен ги видоизмени нашите сфаќања за новинарските жанрови. Станува збор за вметнувањето од ТВ прилогот на дијалогот помеѓу два члена на Владата (види линк до веста).

Ако малку повнимателно се изанализира самиот текст лесно ќе се воочи дека станува збор за микс од прилог и новинарска драмска едночинка со два лика и антички хор во ликот на министрите од Владата. Многу, многу интересно, и останува само да жалиме што самиот автор на прилогот не ги употребил и останатите драмски средства и методи за постигнување на уште посилен ефект во автентичното пренесување на овој настан. Еве некои сугестии во тој правец:

Драма, едночинка, ликови Ивица Боцевски, Груевски, хор.

Боцвски: (се закашлува и погледнува самоуверено кон Груевски): „Од наша страна останува да ја завршиме работата, рековме не завршуваме со визна либерализација, одиме да се интегрираме целосно на Шенген системот. Ќе го презентираме тој план“,

Груевски: Кога ќе станеме членки на ЕУ, па одма да влеземе во Шенген, тоа ли сакаш да кажеш?

Боцевски: Апсолутно (климнува потврдно и значајно со главата).

Груевски: Ивица, многу напред си отишол. Што ќе правиме вака? (прашува со насмевка на лицето).

Е тоа ќе беше оваа новинарска иновација во своја потполна и целосно ефектна форма. Добро, сега некој скептик ќе рече дека ќе треба Deus Ex Machina ефекти за довршување на оваа ендочинка, но не ни беше тоа муабетот.

По утрински годината се познава

Утрински весник за празничнава сезона нѐ почестија со два интересни потега, првиот беше можноста да се комуницира со уредникот на интернет-изданието на Утрински Зоран Ричлиев (за евентуално прашање имате време уште некој ден, до 12-ти јануари), кого пред некое време го имавме како соговорник и на овој блог, а вториот беше изборот на најчитаните написи на сајтот на Утрински долж 2008.

Идејата на постов беше само да се посочат двава интересни „настани“, но сепак кус коментар: листата на најчитани статии на Утрински покажува каков тип вести и информации привлекуваат најголемо внимание; тоа се теми од национално-политички карактер, па иако публиката на онлајн изданијата е поинаква од „офлајн“, тие доминираат и тука. Сепак интересот за лајфстајл и социјални теми исто така е изразен, па дава увид како интересот на читателите дивергира и се развива и во овој правец. Драго ми е што нема некои скандалистички псевдо-новинарски теми на оваа листа, која кај други локални весници секако би покажала со какви „мамки“ се користат тие за да ја напумпаат посетеноста на своите сајтови.

Сега да не испадне постов некаква си апологија морам да ја искритикувам редакцијата на Утрински и да го замолам уредникот на онлајн изданието да поттикне „follow up“ сторија за една од најчитаните вести за данокот на ергенлок. Треба да се истражи работава до крај 🙂

Два нови ПР блогови

Се крчкаа подолго време, се мислеа, туфкаа пробуваа и на крај ете конечно се решија. Баш ми е ќеф што можам да пишам дека во последниов месец се појавија два нови локални блога пишувани од луѓе кои печалат леб работејќи на тема Односи со јавност.

Едниот блог е дел од новата блог мрежа ЦрнаОвца.мк и е во сопственост на БранкаВоглавно јавно.

Вториот е блогот Life is PR и повеќе фокус мава (барем на почеток) на корпоративните комуникации и одностите со јавноста од аспект на голема фирма. Авторот (немам официјална дозвола да го откријам идентитетот) веќе некое време работи како лице за контакт со надворешниот свет во неколку различни големи фирми кои и те како мораат да внимаваат и да планираат во какво светло ќе се покажат надвор од дома.

Теми и дискусии има отворено на двата, топла препорака за оние кои ги интересираат реклами, техники, и најважно од сѐ локални лични искуства.

Значи еве уште едаш ако стигна до тука а не кликна на ниту еден: Life is PR и Воглавно јавно

Уф, колку сме далеку

Без некој посебен концепт, еве само неколку линкови кои убаво посочуваат колку нашите онлајн медиуми (или општо медиуми) се далеку од нешто што се вика онлајн (мултимедијално) новинатство.

Continue reading

Blogopen 2008 its on!!

Тукушто започна Blogopen2008 во Бор, Србија. Во живо конференцијата можете да ја следите на blogopen.eu/blogopen-uzivo/.

Јас ќе пишувам на Twitter доколку сака некој да следи.  Twitter.com/darko156

МАТ добил конкуренција?!?

Има надеж за нашиот претприемнички дух и бизнис иницијатива, но… штом видов дека никој од естаблишментиве наши не се исликал на вакво нешто ми стана сомнително 🙂
Не стварно, па кој здрав би наседнал на ваква „вест“? Се разбира новинарите кои бараат сензации!!!

Continue reading

Реклама во три корки

Како може да се толкува една реклама? Како може да се анализира една реклама? Како треба да се толкува и анализира една реклама?

Засега нема консензуален одовор на овие прашања, иако дебатите и анализите на темава се повеќе од бројни, особено во англо-саксонските академски кружоци и во сферата на влијанието на американскиот прагматизам.

Нејсе, или ти хауевер, постојат некои основни препорачани пристапи како треба да се толкува, а потем и анализира, една простодушна реклама.

Кетрин Фрит (Catherine Frith, Massachusetts Univ., US) ја наведува оваа методика: рекламата се анализира на три нивоа: (а) директно или површно ниво, (б) интенциско или реторичко ниво, и конечно (в) длабинско или културно-идеолошко ниво. Првото ниво подразбира прост опис на елементите на рекламата, наративот од истата (ако има) односите помеѓу елементите и сл. Второто ниво ја дешифрира намерата или стратегијата на оној кој се рекламира, која е неговата скриена порака и вистинска намера, и трето ниво (в), подлабинско значење на самата реклама и нејзиниот наратив, од културолошки аспект и низ призма на покрупни категории како што се идеологија, родови односи, политички вредности, митологија и сл.

roaming_bruno-4_mkd-copy.jpg

Ниво А: Рекламата се состои од момче тинејџер(че), кое се наоѓа на плажа (индекс=реквизити) некаде во странство (индекс=текст) како зборува на мобилен, додека го гледаат две девојки во бикини (кои патем кажано, случајно или не, се многу згодни и привлечни).

Ниво Б: Огласувачот сака да ја истакне (1) комфорноста (индекс=цена=ефтино) на своите корисници додека зборуваат во роаминг (за разлика од корисниците на конкурентските компании), (2) услугите кои нивниот корисник ги користи ќе му донесат различни бенефити (меѓу другото и „згодни жемцки“).

Ниво В: Рекламата ја презентира (1) доминантноста на мажите во модерното општество (индекс=самоувереност, централно место во рекламата, присуство на љубопитни и заинтересирани девојки околу него, (2) потрошувачката култура и престижноста која одредени производи и услуги ни ја овозможуваат (ти си она што купуваш), (3) сексуалната подреденост на жената, т.е. жените се „природно“ упатени своите телесно-сексуални благодети да им ги даруваат на истакнатите успешни самоуверени мажјаци.

Ова е само еден базичен начин на читање, а има многу, има дури и некои откачени кои рекламава ја читаа како ептен кул 🙂 Мерси на Горде за поттикот за овој текст..

Новите медиуми во политичката комуникација, епизода Избори

Ризикувајќи да станеме дел од т.н. предизборна еуфорија (иако во текстов нема да има баш ништо еуфорично :), сепак решивме да направиме кус осврт на тоа како политичките партии ги импрегнираат новите медиуми во политичката кампања, и како самиот медиум се користи и како еволуира за овој специфичен тип на комуницирање. Како никогаш порано во историјата (цитат од еден портпарол 🙂 интернетот и новите медиуми најдоа место (конечно 🙂 во политичките кампањи, како еден од подобрите инструменти да се пренесат политичките пораки. Во оваа новонастаната ситуација кибер-просторот е најползуван од двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, т.е. нивните коалиции:

untitled2.JPG

koalicija sonce blog

Резимирано за двете коалиции одеднаш:

Добро: Блогови, YouТube канали, MySpace, Facebook, Hi5 итн.

Навистина добро се потрудиле да ги персонализираат, т.е. обојат (ајде еве и нека биде, да ги брендираат) своите различни домови низ интернетот. Некои од нив нови, направени, веројатно, за кампањава, некои од нив веројатно постари. Тука се вбројуваат личните акаунти на Рада и некој од личните блогови, за кои знаеме/претпоставуваме дека се од поодамна.

Добро: Видео, аудио, документи, коментари итн.

Многу, ако не и цел материјал кој го создаваат за кампањава може да се најде и онлајн. Редовно надополнувани (претпоставуваме, така ни изгледа, не дека ги проверуваме секој ден 🙂 и евидентно, многу штедење на пари. Скоро сите материјали се поставени на некој бесплатен онлајн сервис, што секако до одредена мера е паметен потег.

Лошо: Ич, ама баш ич нема “social” во овие нивниве употреби на social media. Содржината на блоговите оригинално е наменета за на говорници, за документарци кои се пуштаат на ТВ со лого ППП, за традиционални медиуми, за аналитичари, новинари и за еден куп други места, само не се за на блог, per se. Долги постови, обраќање кон различна публика во секој пост, постови без ни малку лично искуство или личен коментар барем за тоа како си поминале на митинг, без она што блогот го пави блог: индвидуалното, личното. Видео клипови кои се направена за на ТВ а не за влогови, кампањи кои се оригинално за принт а не за вирално пренесување низ интернетот и фотографии како декор, а не како некоја транспарента/задкулисна информација која ќе фрли ново светло на своите кандидати.

Photobucket е добар сервис, кој нуди навистина многу опции, ама и тука важи истата забелешка како горе. Не е “social” воопшто. Можеле да потрошат 20 долари за FlickerPro на пример. Ова само за ВМРО, бидејќи СДСМ и нема акаунт на фото-сајт.

Веројатно, како последица на тоа блоговите не се многу посетувани, нема многу коментари, и едноставно (се уште) не се дел од дискусијата.

koalicija sonce blog

untitled2.JPG

Заклучок: (за да изглeда постов како тие на Трибун 🙂 Одлично е што брзо се прифатија голем број нови сервиси и канали преку коишто може да се искомуницира предизборната пропаганда, но сепак ефектот од нив веројaтно ќе биде премал, а како една од можните причини е нивната единствена употреба како веб скалдишта или магацини за купиштата материјали кои и онака (како и во сите други кампањи досега) неуморно ги правеа.

Сликичките со линкови ги има два пати за да нема коментари на тема пристрасност 😉

ps: Постов го пишувавме двајцата, колку да се знае 🙂

Glocal 2.0 Програма

Конечно, ја затвориме програмата за претстојната конференција посветена на блоговите, блогирањето, блог заедниците и останатите social media теми.
Преземете ја финалната програма како пдф и испланирајте го вашето учество.

Continue reading

Што може да се очекува од А1.com.mk

Листа на предлог идеи, не забелешки со кои може дас е дополни во иднина содржината и структурата на, веројатно, најнапредниот македонски сајт за вести. Не знам колку од нив се рално лесни или тешки за имплементација на нивниот сајт. Едноставно, следејќи го развојот таму, ми се чини дека некои од овие работи и самите веќе ги планираат или ќе ги планираат.

Continue reading

Неадекватно распределување на рекламниот колач

Неколку пати сум почнувал да пишувам постови на теми блиски до оваа, и се некако ми недостасуваа информации или концепирањето ми одело тешко бидејќи сум немал конкретни примери а и темата ми била прекомплексна. Еве за што се работи, накратко:

Situacija sa preraspodelom reklamnih budžeta u korist online oglašavanja biće bolja, ali to će se dešavati veoma polako. Razlog za to su odgovorni u marketinškim službama, kojima je lakše da potroše više para za manje vremena (TV i štampano oglašavanje), nego da sami troše vreme tražeći adekvatne varijante mnogo jeftinijeg online oglašavanja. Sa druge strane, marketinškim agencijama mnogo se manje isplate provizije za online oglašavanje u odnosu na prihode od TV i štampanog oglašavanja (produkcija reklame i provizije na veće sume oglašavanja u apsolutnom obliku). Na žalost, ovakva je situacija u celom svetu, ne samo kod nas…

Драган, како заклучок на неговата мини-анализа за распределбата на буџетот за рекалами на банките во Србија го истакнува ова, но како што напоменува и тој самиот ова важи са сите поголеми огласувачи, и не само во Србија и јас би додал и Македонија, туку насекаде.

Барем во Србија, а богами и во светов, се случуваат позитивни работи на оваа тема, се отвараат сервисни компании за онлајн реклами и други маркетинг услуги. Кај нас httpool некако не се потруди да го помрдне пазарот. Зафатија некое мало место, не сторија многу за унапредување на онлајн рекламирањето и ми се чини го дозатворија и онака затворениот пазар.

Од друга страна најголемите обезбедувачи на содржини (весниците) воопшто и не се трудат да постават некоја вредност на рекалмите на нивните сајтови бидејќи на нив гледаат како нужно зло, а и влогот што го имаат е релативно мал, па не претставува голем трошок кој треба да се покрие. Со тоа директно влијаат во дискредитирање на онлај рекламниот простор бидејќи ако најпосетуваните сајтови воопшто не се трудат да создадат вредност замислете колкав напор им е потребен на оние, условно речено, помалите да продадат рекламен простор на своите портали, сервиси или не дај боже блогови.

Останува да бидеме оптимисти :), немам друг совет 🙂