Колкав процент од информациите во дневните весници доаѓа од државни извори? Преземи го истражувањето како пдф.
Continue readingPosts tagged ??????
Шпиц во грбот на Геро
Секогаш пет пати ќе се премислам дал да напишам нешто на дневно-политичко-медиумски теми. Не од други причини, ама некако ми е ептен „безвеза“, оти ми доаѓа како да пишуваш нешто за 127-та епизода на „Касандра“, но поинт, се е тоа дел од големата претстава, пак на крај Политикињо и Медиумита ќе се земат и ние ќе рониме солзи на нивната свадба.
Но, вака, Шпиц е малку специфичен случај (прв бесплатен дневен весник), Геро беше малку од оние новинари кои едно време ширеа блогохулие, а темата на егзекуцијата на неговата новинарска персона, малку ги надминува катадневните топици.
Излегувањето на Шпиц секако ќе биде еден од оние моменти кои ќе бидат дел од МК-медиумските хронологии, па макар таа хронологија била на една страница. Прв бесплатен весник во една социјално скромна (еуфем.) земја е голем настан. Еуфоријата која ја навести, ревитализацијата на пазарот која ја предизвика, се секако позитивните аспекти на феноменот Шпиц. Сега во моментот, поочигледно се откриваат и другите страни на медиумскиот циркус, а тоа е класичната сцена кога „таткото се враќа од службен пат“, и почнува да игра каишот, овој пат тоа беше камшико’ на чорбаџи Величе.
Оваа „лекција“ за новинарите и јавноста е многу едноставна, прилично дидактична, и се учи во градинката на плурализмот: новинарот има слобода и интегритет се додека не го р’чне интересот на својот чорбаџија. Интересот може да биде разновиден, а за тоа како, кога и колку е р’чнат решава чорбаџијата. Ако работите се такви, а така е, тогаш што се новинарите и уредниците? Тие едноставно се инструменти за реализација на интересите на сопствениците, фирст-енд-формост. Тие се еден вид „егзотични танчерки“во нивното кабаре, кои веднаш се тргнати од шоуто ако почнат да излегуваат од сцената или пак не се бричат под мишки (Геро очигледно не се бричеше).
Во пост кај Волан, се реминисценцира еден поим од минатото, „протоѓер“, које интересен за паралела со нашето информациско доба. Замислете доаѓа протоѓерот во селото две три години, и си врши работа, разгласува, вика, и повикува, и еден ден упс, доаѓа друг протоѓер. Таквата јавност, макар и селска, е свесна дека протоѓерот работи за некого и некој го плаќа за тоа што го работи, и никој нема да се чуди кога еден ден ќе дојде некое друго протугерче, младо и независно. Ние, обременети со илузиите на своето доба (независност, слобода, либерализам, плурализам, права, демократија) живееме во „надеж“ дека кога ќе го отворите весникот, пуштите радиото, ТВ-то, ви се обраќа некој кој мисли на ваше добро (Ние постоиме заради вас!). О но, но, но,…Самата споредба само ни кажува како свеста за реалноста на нештата кај нашите претци е десеткратно поцврста и поздрава. Медимиуте не не прават поинформирани, туку понавлезени во нивниот филм, кој иако се базира на вистински настани, е една романтизирана фикција, со елементи на политички трилер.
Кажано нешто поакадемски, Геро го попи првиот филтер на Чомски и Херман (стр 15-23, „сопственоста и ориентираноста кон профитот“). Штета, искрено за легенда како Геро, требаше да стигне барем до третиот филтер 🙁 ама ете, тоа е. Инаку кога сме веќе кај третиот филтер (потпирањето на медиумите на информациите од власта) само да навестам дека Дарко за некој ден, здравје, ќе напише нешто на таа тема (информацијава е се разбира директно од „лажиците“ на пророчица Џезира 🙂
Дополнување: Истава тема во Утрински, не заради текстот на Утрински (ноу офенс) туку заради коментарите. Убаини демократски